Една кратка анализа од мене:
СДСМ се канцер на македонското општество.Таму членуваат луѓето кои што ја изведоа најголемата кражба во Р.Македонија а имено:
- `законската` приватизација на државниот имот на стартот на 90-тите.
-Тоа се е оние силни политичари кои што ја прифатија и ни ја наметнаа привремената референца од која што уште не може да се отарасиме.
-Тоа се истите тие кои што ги криеја акционерските книги од акционерите па на пиши-бриши после тоа станаа големостопанственици.Или ги принудуваа вработените да им ги продадат на директорите своите акции-неретко и за продукти и по апсолутно дампинг цени.
-тоа се луѓето кој го смислија ТАТ.
-тоа се луѓето кои што во време на кризата во 2001-ва мислеа на власт и ги тужеа своите на судот во Хаг.
-тоа се истите тие кои што денеска се спремни да го `спазарат` името и да не остават такви безлични како пример за прв безличен народ во светот.
Башка од се ова,се и пример за дрски и инфантилно самобендисани `политичари.Неспособни пред се.
Никогаш нема да гласам за нив.
ВМРО
Вмровците се другата криминална група од серијалот Баритонови.
Имаат интересни идеи кои што никогаш и никако не можат да ги завршат. Лажат за вработувања и за позитивна бизнис клима во Македонија,а на дело уствари ама баш (ај да не кажам ништо) него сосем минорни и безполезни се промените.
Реално има сто нови вработувања во Македонија во рамките на овие две години,и тоа во Свидмилк и во Џонсон контрол.
Се друго...е во сферата на имагинацијата.
Или во рамките на државната администрација.
Позитивна бизнис клима ќе има кога реално ќе ги намалат давачките кон државата до максимални 35% од бруто платата,кога ќе го девалвираат денарот до 1еу=85ден и ќе го отворат пазарот.Тогаш...и странскиот капитал (кој што иначе како цело е од минорна важност-ќе објаснам подоле зошто) ќе почне реално да влегува во државава.Сега на сега-за нив е скапо да имаат реални вработувања во државава,баш заради давачките,а не се научени како 70% од луѓето во државава да пријавуваат плата на 10.000 ден и да работат на црно.Прагот на кредитирање на населението во Македонија е исто така мал во споредба со останатите држави во регионов,и посебно жално е што заостануваме во инвестициските програми,т.е зимаме во глобал потрошувачки кредити,а тоа пред се е резултат на пријавувањето на ниски доходи на населението(со цел избегнување на катастрофално високите дажбини кон државата)-а тие пак се такви затоа што со тие пари се рани цел булук непотребна државна администрација и сите партиски штабови кои што ко печурки никнуваат на секој ќош.
Кога во новонастанатите услови на светските берзи ќе се откажат од барем пола од висината на акцизите за деривати на нафтата,пошто цените се скокнати за 4 пати а распределбата на колачот акциза-бензин е останат ист.Сакам да кажам дека државата зима мин. 4 пати повеќе пари од народот на сметка на акцизи од пред 3-4 год.
Се у сему...позитивна нула е `бизнис климата` во Македонија.
Грујо и компанија играат на варијанта сакам правам-незнам како у.п.м.
И јас и другарите да се собереме можеби ќе сакаме да правиме
авион.И ќе си се собереме ние,ќе си го коваме...за година две ќе искочи нешто што личи на авион.Ама тешко дека ќе лета.
Јок...Мохе...дури ни јас самиот не би се качил на пробен лет на нашиот `авион`.
Е така и Грујо и другарчиња со државата.
И они сакаат...ама незнаат како.
За кој да гласаме?
Па јас ќе гласам контра сдсм за ВМРО.
Знам дека е погрешно...
знам дека на наредните ќе треба да гласам контра ВМРО...
али се се надевам дека до тогаш ќе има и некои трети...
реално силни и различни од веќе посочените два табора на Баритонови.
Нека ни е со среќа.