Nymphadora
Емоцинално незрело џубре
- Член од
- 2 февруари 2009
- Мислења
- 986
- Поени од реакции
- 1.672
Со тебе имам дискутирано веќе на оваа тема и не знам зошто упорно ја тупиш.. али ајде.. еве ќе ти направам ќеиф, чисто да се израдуваш вака понеделнички.Не трескај глупости, секојдневно се убиваат животни : телиња,прасиња,пилиња да не набројувам не може животно да поистоветуваш со човек и тоа е крај.
Ти можеш само да си лечиш фрустрации и да имаш изливи на бес и насилство али нишо повеќе од тоа твоето мислење се множи со 0.
Ете јас те поканувам на ловечка хајка на почетокот од ловната сезона, дојди и на сите ловџии објасни им дека тоа што го прават е убиство одземи им ги пушките и стрелај ги на лице место.
Прво.. не тресам глупости него тоа што го зборувам е вистина... тебе ако ти е нормално некој да се изживува врз животно и ако твојот мозок тоа го прифаќа, мојот не може да го прифати и крај. Ако ти мислиш дека тоа моето е лечење на фрустрации а она на оној идиотон не е... тогаш навистина имаш проблем кој не може да се реши.
Не сакам лов нити го оправдувам (бар не овие денешниве ловџии). Ловот во дамнешни времиња бил многу поинаков. Луѓето ловеле за да се прехранат, никогаш не ловеле од забава и ловеле само онолку колку што можеле да изедат (зборам за времето кога не постоеле фрижидери и сл. ), животните биле одма убивани, НЕ БИЛЕ МАЧЕНИ... значи има голема разлика од тоа да убиеш животно што е можно побрзо и да го мачиш до смрт.
Денешниве ловџии ловат од забава, тоа е спорт за некои.. али колку што знам (не сум доволно информирана нити пак сакам) убиваат а не мачат.
Ова што го прават одредени суштества, палењето, сечењето на делови, тепањето до смрт, фрлањето од тераса, труењето и што уште не.. прво не е хумано.. второ НЕ Е НОРМАЛНО. Таквите лица се за на психијатрија, и ниеден твој коментар не држи вода дека тоа што тој го направил не заслужува толку внимание или дека е нормална работа, само затоа што секојдневно имаме убиства односно малтретирање на луѓе.
Точно е дека имаме проблем во државава и со такви психопати, али друже, таквите психопати, почнале прво со мачење на живинки па продолжиле на луѓе..
Затоа ако сакаме да го спречиме злото мораме да сечеме од корен. Не можеме овие да ги пуштаме неказнети и да шеткаат на слобода, а овие другиве да ги казнуваме. Затоа што така не сме го решиле проблемот, него сме го усложниле.
Што се однесува до моето мислење дека треба да постои смртна казна, ќе ти го образложам и тоа накратко.
Јас верувам дека ниеден психопат не може да се излечи или казни соодветно за тоа што го направил, некој кој без никаква причина се изживува врз други луѓе или животни, не заслужува да живее.
Не заслужува ни да јаде и да спие во некоја келија, нити да биде затворен во болница и да ги јаде моите пари и парите на жртвата, не заслужува ни простување ни милост... ништо..