Идеја за сопствен бизнис

Член од
15 мај 2016
Мислења
71
Поени од реакции
42
и сега ? дали некој од вас познава некој што има идеа но му требаат пари па размислува за кредити за да отпочне бизнис ?

Малце глупаво се осеќам да пишувам на форум за ваква работа. Можеби делувам несериозно, но јас сум крајно сериозен. Ставете се на мое место, имам разговарано на оваа тема со сите што ги познавам, и до сега не сум нашол некој што сака (и може, т.е има капацитет) да прави некаков бизнис. И пошто 'више незнам кај да се обратам' :) се обраќам тука со цел да најдам некаков контакт.

Благодарам унапред на сите вие што ќе пробате да ме поврзите со некого, и извинете на останатите што ве трујам со мојот проблем.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
..мислам дека ги збунуваш читателите...понудата ти е некако недефинирана, несекојдневна и ги плаши..., нормално , ако има овде на овој форум некој кој би можел да биде озбилен можен бизнис партнер. Прво затоа што повеќето , ако не и сите овде се фантазери со соништа дека ќе бидат следната ѕвезда на небото на Силиконската Долина, второ не се навикнати на инвеститори кои не се банка... :) :) Башка нејасниот детал на твоите намери т.е. во која мера, како и во што би бил инволвиран во бизнисот кој велиш би го финансирал....
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
@valvoline Јас рабирам дека има ризик и проблеми и така натаму.

но генерално јас би му дал пари на некој тип на човек што планира да земи кредит од банка, и наместо да го прави тоа, јас би бил оној кој би му ја дал инвестицијата.

Ако некој е спремен да земи кредит од банка јас верувам дека верува во себе и во својата идеа.

Јасно е дека тоа што некој верува во себе незначи дека ке успее но еве јас би ризикувал.
Vo makedonija ako nemas tenderski backup u pozadina sansite da napravis nekoj biznis se prakticno 0. Se se sveduva na trgovija i kafici (sto i ne e slaba opcija, samo ako go utnes mestoto otide konjot u dupkata).
Jas bi gi vlozil parite vo garazi, samo ako nacekas eftino i na solidni lokacii. Vo aerodrom i lisice garazite se izdavaat za 2000den, nekoi i za 3000 den, narodot gi najmuva za magacini i rabotilnici. Za 50tina iljadi evra moze da kupis 10 garazi(po 5000 evra edna, a se nacekuva i poeftino) so moze mesecno da ti nosat najmalku 300 evra. Sum videl primeri so kirii i po 100 evra za garaza, na nekoj sto epten mu odgovara lokacija za magacin ili rabotilnica ke si plati.
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.741
Поени од реакции
7.252

I jas edno vreme razmisluvav za garazite vi Gradski zid. Tie bea cenite, tie kiriite. Ama poplavite me pismanea. Nekako, mnogu prljava rabota mi bese za da vlozam tamu pari...

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Член од
15 мај 2016
Мислења
71
Поени од реакции
42
Ова со гаражите интересна опција.

Незнам зошто би ги уплашил, но нормално ако се уплашени од мене нема да ме контактираат и ништо страшно, ке си одат во банка и тоа е тоа.

Тоа е и мојот проблем, што сите со кои до сега имам разговарано не би зеле така пари, но исто така им е сосема океј да земат од банка, што ме збунува.
1. таму каматата е повисока
2. банката не превзема никаков ризик (овде јас го носам ризикот ако нешто се сјебе, огромна разлика...)

Затоа и ми е тешко да стигнам до некого кој сака соработка.
Јас никаде не условувам дека тоа мора да се 50к, нека бидат колку што му се потребни, само 50к ми е максимумот во моментот.
(да имав 1 000 000, ке инвестирав во направев хидроцентрала)

Во врска со тендерите
Јас сум во оваа ситуачија баш од тие причини, од причина што јас не сум способен да истерам бизнис во оваа бизнис клима во Македонија во моментот.
Јас незнам да се снајдам тука, незнам да направам нешто во кое нема да ме уништат инспекции или слични глупости. Несакам да поткупувам (и незнам како да го направам тоа)...

Од таму доаѓа мојата недоверба во себе, и констатацијата дека некој друг може да направи подобро нешто со моите пари одколку самиот јас.

Се надевам ја доловувам мојата идеа.
Јас сакам да воспоставам контакт, сигурно на први гледање со некого не би потпишале договор за бизнис. Сигурно тоа ќе биде процес во кој можеби ќе се договориме за нешто а можеби и не.

Но проблемот мој е што јас до сега не сум ни стигнал до контакт до некој кој има желба за да прави нешто.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.519
За тие дечките кои имаат бизнис идеа повелете тука http://imam-pari-nemam-biznis-idea.blogspot.mk/2017/01/blog-post.html

Јас би инвестирал во добра идеа.
Можиш и ти да купиш разработен бизнис и ти да си го водиш,е сега со колку си задоволен,дали си скромен или не мислам дали ти се доволни од 1000 до 2000 еврејчиња во месецот ?
 
Член од
15 мај 2016
Мислења
71
Поени од реакции
42
јас би бил задоволен со многу помалце, ако го гледаше линкот, таму кажувам дека би бил и задоволен со 100 евра.

Но водењето ми е проблемот, јас барам некој што ќе го види бизнисот. Ако успее да земи 1000, супер нека ми даде мене 100 останатите 900 се за неговата работа.

Јас барам само за инвестицијата.

Во принцип да не ни беше толкаво корумпирано срање берзата ќе купев акции во некоја од фирмите ќе земав дивиденда ќе тргував со тие акции и тоа е тоа. На тој начин функционира некое нормално инвестирање во бизнис секторот. Но тука незнам колку ја следите берзата, но тоа е сопственост на 10тина луѓе кои ја манипулираат сакаат.

Парават биквално што сакаат!!!
Таму не би ги дал парите.
 
Не се разбравме ,пријателот го продава бизнисот од Х причини и ти си преземаш све,и дали ке ти дојдат во просек 1000 или 3000 зависит од тебе,ако влезиш во шема за две год и повеке.....све зависит од тоа колку ке се ангажираш.

Од акции ,кладилници подалеку.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
I jas edno vreme razmisluvav za garazite vi Gradski zid. Tie bea cenite, tie kiriite. Ama poplavite me pismanea. Nekako, mnogu prljava rabota mi bese za da vlozam tamu pari...

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
Najsigurna rabota. Stan od 50.000 evra denes nosi max 120-150e kirija, a moze i prazen da dreme. Baska ceni naduvani doprva ke pagjaat pa i tuka ke gubis. Od 10 garazi vo sekoe vreme garant barem pola ke ti bidat izdadeni, so znaci prihod ima sekoj mesec. Vo garazite nema smetki za plakjanje pa taka nema da te boli glava kiragijata da ne zaglavi. 100 pati podobra investicija nego stan. Da ne brkam stan-dva na licitacija vo slovenija sega odma bi vlozil vo garazi.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.741
Поени од реакции
7.252
Najsigurna rabota. Stan od 50.000 evra denes nosi max 120-150e kirija, a moze i prazen da dreme. Baska ceni naduvani doprva ke pagjaat pa i tuka ke gubis. Od 10 garazi vo sekoe vreme garant barem pola ke ti bidat izdadeni, so znaci prihod ima sekoj mesec. Vo garazite nema smetki za plakjanje pa taka nema da te boli glava kiragijata da ne zaglavi. 100 pati podobra investicija nego stan. Da ne brkam stan-dva na licitacija vo slovenija sega odma bi vlozil vo garazi.
И не само тоа. Колку што знам, за гаража не се плаќа данок на имот. Ама, јеби га, јас сепак не се решив да земам неколку
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.549
Поени од реакции
24.884
и сега ? дали некој од вас познава некој што има идеа но му требаат пари па размислува за кредити за да отпочне бизнис ?

Малце глупаво се осеќам да пишувам на форум за ваква работа. Можеби делувам несериозно, но јас сум крајно сериозен. Ставете се на мое место, имам разговарано на оваа тема со сите што ги познавам, и до сега не сум нашол некој што сака (и може, т.е има капацитет) да прави некаков бизнис. И пошто 'више незнам кај да се обратам' :) се обраќам тука со цел да најдам некаков контакт.

Благодарам унапред на сите вие што ќе пробате да ме поврзите со некого, и извинете на останатите што ве трујам со мојот проблем.

Крсте изивини вака ама ова ти што го правиш делува тотално аматерски. Прво не си јасен. Колку си спремен да инвестираш, што точно сакаш (ваљда не 5% :toe:), какви гаранции сакаш/бараш, дали бизнисот треба да е во МКД, колку контрола сакаш/бараш... Прво дај дефинирај што ти мислиш под партнерство, сакаш да си инволвиран и ако сакаш како/што можеш да понудиш, сакаш акции, нудиш кредит, нешто измеѓу??? Убаво што сакаш да инвестираш, ама мора да знаеш и ти што точно сакаш и бараш вака само во круг ќе идеш...

ПС. мора ли да е во македонија?
 
Член од
15 мај 2016
Мислења
71
Поени од реакции
42
Јас се извинувам доколку сум нејасен.

Затоа сум тука да пробам да одговорам на сите прашања и нејаснотии.

Во врска со аматерствтово, дефинитивно сум аматер.
Така и дојдов до ова, да бев способен да направам нешто со парите немаше де се понудам да ги дадам на друг да ги работи. Јас сум свесен за своите недостатоци. Свесен сум дека сум аматер и неспособен за водење бизнис.

Спремен сум да инвестирам до 50 000 евра.

Бизнисот немора да е во МК.

Под 'партнерство' на некој соработник со кој ќе имаме добра комуникација. Некој што има добра идеа, знае (и може) да ја реализира, тоа што му недостасува се пари.

Непланирам да му кажувам што да прави, доколку знаев што треба да се прави, ќе барав да го вработам. Немислам да изигравам нечиј шеф. Затоа кажувам некој со кој ќе ни тргне муабетот. Мојата замисла е доколку некој е заинтересиран ќе одиме во некое кафанче ќе си седниме како луѓе јас ќе го запознаам него, тој мене и ќе видиме кој се неговите идеи ставови што според него би можело што не би можело и така натаму...

Неможам да ги дефинирам сите работи, тоа би било разговор меѓу нас, колку што зависат работите од мене исто толку зависат и од тој на другата страна...

Не очекувам дека тука на форумот ќе се договориме, но сакам да дадам опција која ќе ја слушат повеќе луѓе па можеби некој знае некого што има супер идеа, но ете го кочат инвестициите и така натаму па ќе одствариме контакт...

Во врска со заработката, ја пишав математиката:
Парите се во банка со камата од 2 %.
Со една проста пресметка доаѓаме до тоа дека јас добивам некаде ~5000 мкд месечно.
((50000*2/100)/12)*61

Во превод за да сум среќен ќе треба тој бизнис што би го правеле мене ми генерира во просек некои ~12 000 мкд месечно. (или 5%).

Во врка со профитот секако дека јас ќе очекувам некаква добивка, не би ги фрлил само парите. Но немам големи очекувања, посебно не на почеток. Јас сум многу флексибилен на таа тема, договорот околку тоа многу зависи и од самиот бизнис. Ако планот е да купиме телиња во некое село и да растат па по 1 год да се продаваат (нели со поголема тежина)... ваљда договорот би бил некаков процент од добивката. Се разбира многу многу помал за мене одколку за тој што би го работел тоа, што би се ценкал на пазар да ги продаде, што ги ранел секој дневно и така натмау. Јас би ја платил таа храна, не некој треба секојдневно да ја дава. Сигурно во таков модел не би добивал ништо на месечно ниво, туку некаков договор на крајот.

Доколку некој е супер добар фризер, но нема пари и храброст да ризикува со купување опрема, кирии за дуќан (или негово купување) и така натаму, а верува во себе дека тој ќе има многу задоволни муштерии и така натаму ваљда во тој случа би добивал некаков процент на месечно ниво од одстварената добивка....

овие неколку примери онака ги споменувам хипотетички, неможам да кажам како би било, зависи од другиот и од типот на бизнисот. Но тука сум да пробам да одговорам на секое прашање.

Најблиску до сега што би можел да направам е да инвестирам во стан и да го издавам, да се бафтам со кираџии и тн. И ако не најдам друго ваљда тоа ќе бидни. Но има нешто во мене што ми кажува дека животот е прекраток за да не се проба нешто поинтересно.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.549
Поени од реакции
24.884
Се гледа дека си аматер и се надевам дека не си баш сериозен за она ќе седнеме у кафана итн...:pos:

Ај вака... Еве ти 2 предлога -

1. Инвестрање во кредити во австралија поточно во second mortgages/caveat loans. Ова би идело преку инвестирање во фонд, воден од фирма со долгогодишно искуство со милјони во фондот... Чиста работа, пополнуваш документи испраќаш и си добиваш дивидента, бараш 5, еве имаш 6%... Парите се затворени најмалку на година дена... Ако те интересира повеќе по ПП.

2. Имам клиент сметководител исто во АУС, порано доста успешен, го продаде бизнисот пред извесен период, сега бара да купи нов (сметководителска фирма). На него му требаат повеќе од 50К ама може ова да му врши работа. Ако си сериозен можам да ве поврзам. Повеќе инфо по ПП. Ова може да биде интересно од аспект ако си заинтересиран да киднеш навака може понатака и да се направи нешто окулу тоа.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.519
Какви фондови какви бакрачи, незнам од која држава ги излажаа да вложат во фондот FALCON FUNDS со седиште во Малта и 250 миљони евра им пропаднаа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom