Ова важеше пред 40-тина години, сега веќе не и фала Богу што е така.
Кога сме веќе кај тоа, многу сум благодарна што живеам во ова време, кога можам и да завршам факс, и да работам и да прошетам, а не како пред 50-тина и повеќе години, ги мажеле на 16-17 девојчињава, ги зацрнувале дома, па си колнеле судбина цел живот.
Да .
Денес завршуваат факултет околу една деценија , излегуваат до касно стануваат во 12.00 или поручек и на крај одкако девојчињата (па и некои момци) ќе го завршат факсот и ќе прошетаат по светот и најчесто од премногу слободниот живот ќе земат некоја погрешна личност за маж и пак ќе си го зацрнат животот .(само на стари години)

Не дека сум носталгичар но денес не постои ред дисциплина , систематичност и систем на вредности (барем не општо прифатен).Тогаш барем откако ќе отиделе во војска( мажите нормално) добивале основна и здрава доза на дисциплина .
Денешнава младина е како пивтија , мобилни поскапи од кола во џеб а во главата слабо со концепт за животот.
--- надополнето: 8 ноември 2012 во 16:00 ---
23-25 за девојки
25-28 за момци.
генерално си во право, иако нема правила.
Понатаму односно покасно со годините и мудроста си оди и желбата за врзување .
Па после зошто не чека бела смрт .
Зошто сме немале деца (не се раѓале) .
Зошто имало многу разводи.