Идеална возраст за брак

Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Да .
Денес завршуваат факултет околу една деценија , излегуваат до касно стануваат во 12.00 или поручек и на крај одкако девојчињата (па и некои момци) ќе го завршат факсот и ќе прошетаат по светот и најчесто од премногу слободниот живот ќе земат некоја погрешна личност за маж и пак ќе си го зацрнат животот .(само на стари години):icon_mrgr:
Не дека сум носталгичар но денес не постои ред дисциплина , систематичност и систем на вредности (барем не општо прифатен).Тогаш барем откако ќе отиделе во војска( мажите нормално) добивале основна и здрава доза на дисциплина .
Денешнава младина е како пивтија , мобилни поскапи од кола во џеб а во главата слабо со концепт за животот.
Во врска со болдираново, клучната разлика е: порано жените немале никакво право на избор, денес имаат слобода сите и поарно што е така. Односно, ако јас се заебам, изборот е МОЈ и само мој, немам алиби да ја обвинувам потесната фамилија што ме присилиле да се мажам за едикојси.

Ред, дисциплина и систематичност се бара во војска, не во љубовна врска. Систем на вредности постои, обратнопропорционален од поранешниот. Не го оправдувам, но тоа е цената на слободата. Според тоа, секој може да избере каков живот, односно брак ќе има.

П.С. Не секој од денешнава младина е разгалено мамино и татино галениче. Сето тоа е релативно.
 
Член од
23 август 2012
Мислења
40
Поени од реакции
13

Извини ама порано сите бракови не биле склучувани по избор на родителите .
И тоа е Релативно.

Извини ама брак и љубовна врска се две различни работи .
Во бракот се бара пред се Почитување , Ред мора да има, се бара флексибилност од двата партнери и се разбира се бара жртва на идивидуалните желби кои се подредуват на желбите на двајцата .
Очигледно не си во брак и неможе да ти се објасни .
И те молам немој да ме разубедуваш дека љубовната врска и бракот се едно исто.

Да не се сите но повеќето дефинитивно се.
Моите искуства во Образование го покажуваат баш тоа .
 
S

Sagan

Гостин
Ова важеше пред 40-тина години, сега веќе не и фала Богу што е така.
Кога сме веќе кај тоа, многу сум благодарна што живеам во ова време, кога можам и да завршам факс, и да работам и да прошетам, а не како пред 50-тина и повеќе години, ги мажеле на 16-17 девојчињава, ги зацрнувале дома, па си колнеле судбина цел живот.
Ја дипломирав на 23, така да факс не е оправдување.
Да не зборам дека после 25та кај девојките, со секоја наредна година се удвостручува опасноста од компликации при бременост или последици врз детето.
 
Член од
23 август 2012
Мислења
40
Поени од реакции
13
Ја дипломирав на 23, така да факс не е оправдување.
Да не зборам дека после 25та кај девојките, со секоја наредна година се удвостручува опасноста од компликации при бременост или последици врз детето.
На некои оправдание име само да шетаат и да бидат слободни но не им одговара да прифатат сериозни одговорности како брак и деца.
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
На некои оправдание име само да шетаат и да бидат слободни но не им одговара да прифатат сериозни одговорности како брак и деца.
Кој сака одговорности со одење на работа, перење, пеглање, готвење и деца а мал семеен буџет? И ти би размислил 10 пати пред да влезеш во брак со такви обврски ;).

Од друга страна пак ги чека истото, ама после 30-тата година кога е уште потешко.

Таму каде финансиите не се проблем многу девојки се одлучуваат за брак и на доста помлада возраст.
 
F

FARANG

Гостин
На некои оправдание име само да шетаат и да бидат слободни но не им одговара да прифатат сериозни одговорности како брак и деца.
А зошто па мора да се прифатат тие одговорности на млади години? Кога ќе решам тогаш ќе се женам и пак ќе направам барем 3 деца, не е проблем тоа. Тоа што порано се знаело ред е само резултат на отракана генерција која немала свое јас која била научена некој друг на мисли за нив, да им кажува што да прават, да ги вработува, дури и у војска да ги праќа и да им пере мозок....
 
Член од
23 август 2012
Мислења
40
Поени од реакции
13
Кој сака одговорности со одење на работа, перење, пеглање, готвење и деца а мал семеен буџет? И ти би размислил 10 пати пред да влезеш во брак со такви обврски ;).

Од друга страна пак ги чека истото ама после 30-тата година кога е уште потешко.

Таму каде финансиите не се проблем многу девојки се одлучуваат за брак и на доста помлада возраст.[/quote
Точно така целата работа е избегнување на одговорност и зачмајување во сигурна зона на ергенлук и препуштање на вистинско соочување со проблеми на останатите.
Нема што да се размислува 12 години во врска и веќе 5 години во брак и не се каам ни секунда .

Втората реченица ти е вистинита, повеќето го избегнуваат моментот да стапат во брак на помлади години а оправданието им е твојата трета реченица .
Разбирам дека финансиите можат да бидат проблем но не се оправдание , можеби е поважно да се најде вистински партнер
--- надополнето: 8 ноември 2012 во 18:43 ---
А зошто па мора да се прифатат тие одговорности на млади години? Кога ќе решам тогаш ќе се женам и пак ќе направам барем 3 деца, не е проблем тоа. Тоа што порано се знаело ред е само резултат на отракана генерција која немала свое јас која била научена некој друг на мисли за нив, да им кажува што да прават, да ги вработува, дури и у војска да ги праќа и да им пере мозок....
Зависи колку мислиш (млади години) ќе правиме муабет со тебе кога ќе добиеш 3 деца на 45 години на пример и кога ќе ти плачат од сабајле до вечер со сите потреби кои ќе треба да им ги задоволиш, а тебе веќе почнала да ти паѓа и белее косата од проблеми.
Или недај боже сопругата неможе да ти забремени затоа што наполнила 38 год и и одчукува биолошкиот часовник.
Ама тој муабет ќе го правиме после прво наполни барем 40 години .
А тоа со отраканата генерација која немала свое јас , малку си се под***бал ако мислиш дека сега и ти имаш свое јас само затоа што наводно живееш во демократија.
Секое време си носи своја тежина и свои проблеми само пошто ние живееме денес по дифолт мислиме дека нашето време е најдобро за живеење и за предходните генерации и систем викаме дека не ги бивало.
И денес ти го перат мозокот само во понова машина и со понови хемикалии.
Да те просветлам малку . Утре и нашите деца и внуци (ако воопшто си ги направиме како што тргнал муабетот ) за мене и тебе ќе викаат дека не не бивало за к*р односно сме биле правени од Мо*ка.
Затоа после 27/8 год ајде по сопруги што ќе ве почитуваат (взаемно ) и правете деца .
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
На некои оправдание име само да шетаат и да бидат слободни но не им одговара да прифатат сериозни одговорности како брак и деца.
Зошто мислиш дека некому му треба оправдание зошто е или зошто не е во брак?
 
Член од
23 август 2012
Мислења
40
Поени од реакции
13
Зошто мислиш дека некому му треба оправдание зошто е или зошто не е во брак?
Си го извадила од контекст мислењето повеќе се однесуваше на некого од погорните постови.
Па во суштина не му треба оправдание на никого за ништо но темата е кое е востинското годиште (возраст ) за брак , а тука неко се правдаат дека имаат слобода да одлучуваат кога ќе влезат во брак, а тое пак е детерминирано од природни закони особено доколку очекуваат деца во бракот. Точно е дека границата на раѓање е поместена нагоре со современа медицина се ублажуваат ризиците во подоцнежни години но особено за вас жените треба да се подзамислите . нормално доколку сакате легално потомство во порани години .
Ова сето е премногу генерално поставено како тема и нормално е одговорите да варираат према искуствата на тие што дискутираат .
Меѓутоа од мајка природа нема бегање .
Репродуктивните органи на жената неможат да се носат со тежината на породот во подоцнежни години .
И немој на некого да му текнало да каже дека во бракот не им треба деца и дека може така да сеживее , дебело ќе се лаже себеси а ќе мисли дека ги лаже другите , а во длабока старост ќе открие дека многу се зезнал (крвта не е вода) ќе нема кој супа да му подаде.
Децата и генетското размножувањето (оставање потомство) се нормална природна појава а во општеството се крунисани и легализирани со бракот .
Познавам доста двојки кои неможат да имаат деца (односно имаат проблеми) само затоа што покасно се обидувале.
Од многу шетање со паметот.
Тоа незначи дека треба на 20 години да се врзува човек но после 30 години веќе излегува од нормала барем според мене .

Не се вклучувам во темава повеќе .

Мислам дека си го кажав мојот став и моето мислење . Немам наметра да го менувам Нека мисли и прави кој како сака .
Само се си има цена на овој свет.
 
Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
Убаво кажа,мора да се направи избор,неможеш све да имаш,краток е животот.:)
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Разбирам дека финансиите можат да бидат проблем но не се оправдание , можеби е поважно да се најде вистински партнер

Или недај боже сопругата неможе да ти забремени затоа што наполнила 38 год и и одчукува биолошкиот часовник.
Финансиите се најголема пречка поради која пропаѓаат браковите. Дури ни неверствата не се толку фатални. И т.н. вистински партнер ќе ти се одмили ако немате леб да јадете.
Мене моите родители ме добија на позрели години, бидејки со 20-тина години немаа пари ни за себе, камоли да издржуваат дете. Здрава сум, права, ништо не ми фали, напротив. Благодарение на тоа што мајка ми одлучи да ме роди подоцна, имав многу, многу подобри услови за раст и развој од останатите деца. Ова не е фалење, туку само показател дека финансиите се итекако битен момент.
Децата бараат љубов и посветеност, но и услови за соодветно образование и интелектуален развој. А сето тоа КОШТА. Кога сиромаштијата ќе влезе низ врата, љубовта излегува низ прозор.

Друго, и жените и мажите имаат проблеми со плодност уште од помлади години, не ја префрлувајте одговорноста исклучиво врз нас. Знаеш ли колку има млади мажи кои страдаат од импотенција? Нивниот број не е воопшто занемарлив.
Сето тоа е индивидуално и зависи од животниот стил на личноста. Ако некој води нормален живот, здраво се храни итн може да има дете и во подоцнежни години, без никакви нуспојави и проблеми (без оглед на полот).
--- надополнето: 9 ноември 2012 во 09:36 ---
Извини ама брак и љубовна врска се две различни работи .
Во бракот се бара пред се Почитување , Ред мора да има, се бара флексибилност од двата партнери и се разбира се бара жртва на идивидуалните желби кои се подредуват на желбите на двајцата .
Очигледно не си во брак и неможе да ти се објасни .
И те молам немој да ме разубедуваш дека љубовната врска и бракот се едно исто.
Болдираниве работи се бараат и во врска, не само во брак. Почит, флексибилност од двете страни и компромис. За ред, тоа е веќе индивидуално, кој како ќе си го нареди:)

Никаде не реков дека љубовната врска и бракот се едно те исто, напротив. Во повеќето случаи бракот е убиец на љубовта. Може да се поклопат некое време, но тоа е се. Потребен е голем труд од двете страни за да се избегне брачната монотонија.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
За мене беше незамисливо да се омажам кога бев 20. И навистина мислам дека тоа е рана возраст за брак.
Многу млади девојки (20)се одлучуваат да стапат во брак, затоа што не ни размислуваат што ги чека, некако кога човек е помлад е похрабар, а среќата навистина ги следи храбрите. Не е лесно кога до вчера си била во клупите, а од денес си сопруга, идна мајка, знаа, золва, јатрва... Плус и на факултетот ако имаш положено само 2 од прва, не е лесно.

Кога си над триесет, стануваш попретпазлив, повеќе размислуваш, гледаш без розеви очила.

Секој сам треба да си одреди, како и што одредува де. Јас не знам за нкој да стапил сосила во брак.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Зависи до фамилијата .............. во некои фамилии што лично ги познавам традиционално децата им се мажат/женат на порани години на пр. 20/21/22/23... во некои фамилии границата е на пр. 24/25/26... некаде 28/29/30... и.т.н.
Дедо ми уште во она старо време се оженил пазете на 26 год. а во тоа време било срамно маж да биде ерген, а веќе да отишол преку 20/25 год. ........ татко ми на 30 год. се оженил ............. така да јас ќе терам преку 30ка сигурно, ако одиме по тој нели фамилијарен тренд, инаку моментално сум 26ка и сега за сега ниту имам желба, ниту пак сум среден(економски) и подготвен(психо-физички) за такво нешто, а и некако не сум изживеан, сеуште се осеќам премлад за таква работа и ред ред други работи ........... б.т.в. никој никого неможе насила да натера да се мажи/жени доколку несака, сеуште нема желба, не е подготвен... тоа си е природна и интимна работа на која влијаат низа фактори !
П.С. Со оглед на целокупниве состојби во државава и општествово/системов кои будно ги следам со години, па и да останам неженет да бидам искрен и нема да ми биде воопшто ниту срам, ниту пак жал ........ секако нема да бидам ни прв, ни последен ! поздрав
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
238
Поени од реакции
306
Пишав еднаш поодамна на темава ама ај пак пошто гледам многу глупи мислења има дека раѓање после 30 е висок ризик и со лоши последици за детето па ај мажете се пред 30 за да ви се здрави децата. ВРСКА НЕМА!!!

Протекувањето на бременоста и развивањето на плодот зависи пред се' од општото здравје на жената, а секоја жена е различна, ако е на 20, прост пример, ако има слаб имунитет, или слаба крв многу јасно дека бременоста ќе е поризична, и шо фајде дека има 20, шо помага тоа??? Додека жена, пример на 35, совршено здрава, слободно ќе си износи и роди совршено здраво бебенце.

Пред 60-70 години кога жените немаа појма од здрава храна, ниту па можеа да си ја купат, хранети претежно само со домати, пиперки и каши и притоа во висока бременост работеа по ниви со стомакот до нос И ПАК раѓаа здрави деца и тоа многу деца, раѓаа до 45 и повеќе, и беа здрави, и живееа до 80 и кусур.

Се разбира дека играат улога уште многу фактори, но глупостите дека бременост после 30 е ризична и детето ќе излезе не знам си какво па мора да се мажиме и да раѓаме пред 30 оти ако нешто не е во ред со детето жената е крива оти не е на 22, ај задржете си ги за себе, затоа шо се страшно срање во боја.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom