R
Randy
Гостин
А демек машките со 35+ години се нешто посебно па можат да пребираат. Тие што можат да најдат помлада како што ти велиш прашање е дали се 10%. На останатите 90% цената им е колку што им е на женските во тие години. И затоа реков ќе си се погодат по возраст да се приближно исто стари, а и ќе имаат слични интереси што е сосема во ред.Секако, само што изборот ќе и биде многу тесен а и не се сите 20-годишни спонзоруши.
За женско се еден битен критериум без разлика што никој нема да признае.
Инаку да се разбереме кога велам возраст за брак мислам и на возраст за основање семејство и имање деца. Значи плус некоја година до имање деца и заеднички живот. Бракот како брак односно потписот не значи ништо. Може партнерите да се познаваат од 25 години, па ете на 35 после 10 години да се одлучат за брак, но потписот пред матичар како потпис нема ништо да промени.
Муабетот ми беше дека треба и некои работи човек да ги направи пред бракот како на пример образование, да најде работа, да напредува во кариера, да заработи некој денар, да прошета низ светот малку да се позабавува. И тоа е некаде до 35-40 години.
А не ожени се/омажи се што побрзо направи ги децата и после тоа до крај на живот лупи пиперки за ајвар и нервирај се дали ќе ги платиш сметките и ќе имаш за леб до крај на месецот. И до крај на живот си осуден да не видиш ништо од животот.
Проблемот е во тоа што се некои граници се наметнати и се тотално нереални во денешно време. Недај боже да си помал град веќе одма после дипломирање на 25 единствениот муабет што ќе го слушаш од постарите е кога ќе те жениме / мажиме...