ИТ фирми и пракси во Скопје

Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Мислам дека не постои сериозна ит фирма кај што нема техничко интервју.
За entry-level позиции повеќе познаници без работно искуство поминаа со нормален теоретски тест што бараше познавање на OOP, основи од податочни структури (значи да не програмираат, туку само тематиката да ја разбираат), прости (да не речам смешно лесни) алгоритми и слично. Не знам каква е ситуацијата за веќе 'малку искусните'.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.334
Поени од реакции
27.892
Може да ја искористам темава за оглас вон Скопје? Ако не, нека го префрли модератор мислењето во некоја соодветна тема.

Ова е одлична прилика за џуниор ако сака да излезе од Македонија. Работата е во Прага во банка. Се бара џуниор на позиција Application Support. Пожелно е, но не и потребно претходно работно искуство. Она што е потребно е основни познавања на Oracle SQL и Bash Scripting. Ако се има и познавање од Пајтон е предност, но и немора.
Две смени, од 8:00 до 16:30 и втора од 10:00 до 18:30 али оваа е еднаш месечно. Викенди слободни, годишно 30 дена слободни + 6 sick days. Платата од 1400+ евра, а после 3 месеци има можност за дежурства т.е. on-call едана недела во месецот. 2 пати дежурен во 2 месеца му доаѓа како 3та плата. До 4к евра годишно за курсеви, и редовни бонуси и покачувања. Службен лаптоп, службен телефон, платен годишен превоз низ Прага, банката ангажира фирма што ќе ви помогне да средите за виза (трошковите се на вас).
Онлајн интервју, генерално запознавања и кратки технички прашања чисто да се види нивото, ако го поминете доаѓате тука на техничко интервју. Целиот процес од првично интервју до вработување не треба да е повеќе од 4 месеци (овде спаѓа аплицирање и чекање за виза). Мене процесот ми беше околу 3 месеци. Од јазици Англиски е обавезен, Германски е +.

Пишете ми приватна порака кој е заинтересиран.
 
kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.823
Поени од реакции
10.551
Наредниот период ќе сум во потрага по ново работно место (front-end, back-end или full stack), па ме интересира мислење од поискусните. Работно искуство имам нешто помалку од една година како web developer (пола од времето го поминав front-end, пола back-end). Дали е поважно портфолиото со изработени проекти на github + презентација на сработеното во моменталната фирма, или пак да се враќам на студентските денови кога немав работно искуство и да почнам да ги вежбам алгоритмите за да се спремам за техничко интервју?

Бидејќи повеќе преферирам да го надоградувам знаењето на проект отколку времето да го трошам за решавање 'leetcode' проблеми. Дали техничкото интервју го бараат во повеќето фирми, за entry level/junior позиции?
Како ќе се покажеш на техничко е поважно. Ама играат улога и други фактори, многу луѓе ги филтрираат уште на HR интервју на пример. Од тие што ќе одат на техничко се одбира кандидатот според тоа колку знаење покажал и колкава плата бара. Не секогаш се вработува кандидатот со најмногу знаење, има случаи кога фирмата ќе процени дека повеќе ѝ се исплаќа да му даде простор за надградба на некој со помалку знаење кој бара помала плата.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.141
Поени од реакции
1.085
Дечки, ако планирате озбилно да се занимавате со software engineering, избегнувајте ги позициите како оваа што ја наведе @Комита Ултрас погоре. Application Support / Tech Support позиции се далеку од работата што треба да ја врши еден софтверски инженер.

Тие работи на почеток изгледаат топ, но искуството што ќе го соберете таму е минимално во споредба со работа во development.
Според наведените requirements, работата обично се сведува на следново:
1. Добиваш повик дека клиент X има проблем
2. Имаш некој прирачник на "common issues", гледаш низ него.
3. Врз основа на тоа што си го нашол во step 2, или пушташ некој селект на база (SQL) или се најавуваш на серверот (Bash scripting) за да го пробаш да го најдеш изворот на проблемот.
4. Правиш тријажа на проблемот, ако можеш да го средиш можеби ќе пуштиш некој update на база или пак ќе го ресетираш серверот.
Ако не можеш да го средиш, ќе го ескалираш проблемот до некој левел над тебе.
5. Чекаш на следниот проблем што ќе се појави.

Како што можевте да видите, во ниту еден од чекорите нема развој на софтвер. Нема да го видите code base-от на огромен проект, да видите како изгледа архитектурата, како е да се работи на реален софтвер, како е да се програмира во тим, што е version management итн.

@Комита Ултрас не го мислам ова погоре како навреда или нешто слично. Сите фирми имаат потреба од support тимови и тоа што си го споделил огласот тука е супер за некој на кој што би му одговарало ваков тип на работа.
Она што сакав да го кажам е дека ако вашата цел во животот е да направите кариера како software engineer, тогаш започнувањето на кариерата како support не е правилен избор.
 
Позицијава не ја понудив за некој што сака да се занимава со software engineering, туку за некој што сака да му ја дувне од Македонија, а да има солиден старт. Џуниор позиција со вакви услови ретко кој ти вработува ако не си од ЕУ, веќе има неколку македонци тука затоа и огласот. Инаку да, се согласувам дека работната позиција не ти нуди многу можност за надградување освен ако сам во слободно време не учиш па да аплицираш на друга позиција во истата фирма или да отидеш во друга компанија.

Работата е поинаква од тоа што го опиша. Клиенти се Audit, Compliance и Business Analysts. Се работи на апликација т.е. база одговорна за трејдинг. Најчесто се бара некој проблем и се креира репорт, па после се прави апдејт за фикс. Се креираат и репорти за различни тимови на дневна, неделна и месечна база и се автоматизираат со UC4 најчесто. Прирачници нема затоа што не е таков тип на апликација. Со останатото се сложувам. Кога ќе има позиција за девелопмент ќе пишам.
 
LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
753
Поени од реакции
1.007
Дечки, ако планирате озбилно да се занимавате со software engineering, избегнувајте ги позициите како оваа што ја наведе @Комита Ултрас погоре. Application Support / Tech Support позиции се далеку од работата што треба да ја врши еден софтверски инженер.

Тие работи на почеток изгледаат топ, но искуството што ќе го соберете таму е минимално во споредба со работа во development.
Според наведените requirements, работата обично се сведува на следново:
1. Добиваш повик дека клиент X има проблем
2. Имаш некој прирачник на "common issues", гледаш низ него.
3. Врз основа на тоа што си го нашол во step 2, или пушташ некој селект на база (SQL) или се најавуваш на серверот (Bash scripting) за да го пробаш да го најдеш изворот на проблемот.
4. Правиш тријажа на проблемот, ако можеш да го средиш можеби ќе пуштиш некој update на база или пак ќе го ресетираш серверот.
Ако не можеш да го средиш, ќе го ескалираш проблемот до некој левел над тебе.
5. Чекаш на следниот проблем што ќе се појави.

Како што можевте да видите, во ниту еден од чекорите нема развој на софтвер. Нема да го видите code base-от на огромен проект, да видите како изгледа архитектурата, како е да се работи на реален софтвер, како е да се програмира во тим, што е version management итн.

@Комита Ултрас не го мислам ова погоре како навреда или нешто слично. Сите фирми имаат потреба од support тимови и тоа што си го споделил огласот тука е супер за некој на кој што би му одговарало ваков тип на работа.
Она што сакав да го кажам е дека ако вашата цел во животот е да направите кариера како software engineer, тогаш започнувањето на кариерата како support не е правилен избор.
Дали MERN-stack от е добра опција за fullstack на денешницава?

Учам React моментално и се мислам на оваа насока..
 
Член од
12 мај 2020
Мислења
91
Поени од реакции
55
Дали MERN-stack от е добра опција за fullstack на денешницава?

Учам React моментално и се мислам на оваа насока..
Нема огласи многу за тоа. Више година дена барам за тоа или за Реакт ама тешко се наоѓа. За МЕРН не сум видел оглас кај нас
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.141
Поени од реакции
1.085
Дали MERN-stack от е добра опција за fullstack на денешницава?

Учам React моментално и се мислам на оваа насока..
Не се врзувај многу за јазикот/stack-от. Според мене, почетник треба да го разбира следново:
- Структурно програмирање - циклуси, if-else, функции
- ОО програмирање - класи, наследување, композиција, генерици
- Често користени податочни структури и нивна употреба - низи, листи, мапи
- Ептен основно знаење за релациони бази на податоци. Basically CRUD
- Што е бекенд, а што фронтенд. Како работи http протоколот?

Всушност, ако можеш сам да искуцаш simple веб апликација (бекенд + фронтенд + база), без да правиш copy paste на код кој не знаеш што прави, тогаш не би требало да ти е проблем да си осигураш пракса во повеќето МК компании.

Притоа можеш да приметиш дека никаде не спомнав конкретна технологија. Финтата е дека сите фирми користат различни технологии и повеќето не очекуваат дека ти како почетник ќе го разбираш нивниот стак. Тоа што тие очекуваат од тебе е да ги разбираш концептите.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.425
Поени од реакции
7.789
Инаку да, се согласувам дека работната позиција не ти нуди многу можност за надградување освен ако сам во слободно време не учиш па да аплицираш на друга позиција во истата фирма или да отидеш во друга компанија.
Супер што си постирал за отворена позиција надвор од МКД. Малце ќе се фатам за едно деталче каде што ќе истакнам свое искуство.

Но, и ова е контроверзно во најмала рака.

Не дека вакви трансфери не постојат, ама прилично се ретки, особено во Македонија. Дури и кога постојат, they come too fucking late, односно треба корења да фатиш во фирмата, да стекнат - не голема, туку ОГРОМНА доверба во тебе, дури и факторот среќа треба да те послужи и да си тешко екстровертно мувалце и газолижач.

Во тој случај, фирмата во која што работиш, ќе треба да губи прилично време за да те ухода во девелопмент делот, и плус време и ресурси за да те смени на ете, пример Application Support позицијата.

Сеа може во Немачка, Чешка и тн е малку полесно да се напраи ваков шифт, во Македонија ова е доста хардкор и не треба да се ослонува на тоа.

Во поголема фирма веројатно е малку полесно да се направи ваков шифт отколку во мала или средна, каде што е доста challenging ваков потег.

Јас доста време изгубив спиејќи на тоа уво (иако работев девелопмент), живци, нерви, 500 митинзи, 1to1's и тн и тн... за на крај само да ми замачкаат очи и да покажат тотален и ЕНОРМЕН дисреспект. А онака, им се нудев натртен. Џабе ми отиде тоа време, си најдов адекватен фриленс и напуштив... и да, имаа отворена позиција.

При напуштање им текна дека им зборам 5 пати дека сакам шифт да направам и ветуваа се и сешто, ама fool me once муабетот... Нејсе, lesson learned.

Затоа, очи ширум отворени при вакви калкулации, да не биде после нисам знајала. :D :D

Ова и во претходни фирми било случај, дали директно или индиректно преку колеги.
Ги боли цев за твојата желба за прогрес и напредок во знаење. 90% (крајно оптимистички процент) од фирмите во МКД се вакви.
 
Последно уредено:
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
За Некстсенс имам чуено дека се плаќаат пенали
Не ми текнува точно како му пишуваше во договорот на еден другар ама мислам беше дека ако напушти во рок од две години треба да врати одредена сума.
Така некако беше сега не ми текнува точно дали беше платите што ги добил или одредена сума беше. Али ете го уште таму работи на тендерите што ги земаат од влада. :D
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Не ми текнува точно како му пишуваше во договорот на еден другар ама мислам беше дека ако напушти во рок од две години треба да ги врати парите што ги добил како плата :pos:
Така некако беше сега не ми текнува точно дали беше платите што ги добил или одредена сума беше. Али ете го уште таму работи на тендерите што ги земаат од влада. :D
Бре и откупна клаузула да не има.
Од секогаш сум се прашувал дали се законски вакви договори. Вајда има граница до која може да идат пред да стане лихварски договор.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.659
Поени од реакции
34.951
Не ми текнува точно како му пишуваше во договорот на еден другар ама мислам беше дека ако напушти во рок од две години треба да ги врати парите што ги добил како плата :pos:
Така некако беше сега не ми текнува точно дали беше платите што ги добил или одредена сума беше. Али ете го уште таму работи на тендерите што ги земаат од влада. :D
Да не било парите добиени за обуки?
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
@Menethil / @Lester Freamon
Не сум точно сигурен, само знам дека 2 години беше обврзан да биде таму инаку ќе требаше некоја сума да плати. Дали беа платите , дали беше фиксна сума неможам да кажам. Не ми текнува точно ова беше пред 5-6 години. Така да подобро и да изменам да не ширам дезинформации :D
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.659
Поени од реакции
34.951
@Menethil / @Lester Freamon
Не сум точно сигурен, само знам дека 2 години беше обврзан да биде таму инаку ќе требаше некоја сума да плати. Дали беа платите , дали беше фиксна сума неможам да кажам. Не ми текнува точно ова беше пред 5-6 години. Така да подобро и да изменам да не ширам дезинформации :D
Имам слушано дека договорот им бил шашав, ама не знам што конкретно.
За пенали во врска со обуки сум имал и јас и колеги во различни фирми. Кај мене беше 2 години од ден на старт на обуката не плаќаш ништо, а со проценти ако излезеш порано.
Отказни рокови од 3 месеци исто.
Сум имал и други луди ставки како: не смееш да прифатиш за директна конкуренција без согласност од тековниот работодавец, НДА за сите проекти и тн.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom