- Член од
- 9 февруари 2016
- Мислења
- 1.511
- Поени од реакции
- 3.755
Јас едно ќе кажам, бегајте од PHP. 

Зашто најзаситен пазар е, послабо платено, а се бара повеќе знаење (посебно за почетник) и има повеќе обврски. Ретки се PHP фирми во Македонија што имаат посебен човек за се, како што е во фирмиве што работат со други јазици. PHP е добар за ако некој сака да почне старт-ап или слично, брзо би извадил готов проект, ама ако целта е вработување, не би го препорачал.Може да прашам зошто?![]()
Ok.Јас едно ќе кажам, бегајте од PHP.![]()
Кога студирав, ги поминав .NET, Node.js и Spring (со проекти). Поради вработување во фирма што работи со таа технологија, започнав со учење на PHP и Laravel. Начинот на кој е дизајниран и документиран Laravel, е многу подобар од претходно наведените. PHP како јазик не ми е најдобар, ама Laravel е друга приказна.Јас едно ќе кажам, бегајте од PHP.![]()
1. Дефинирај наjдобри.Овие што се најкористени не значи дека се најдобри. Пример MYSQL е најкористена база заради Wordpress, ама е далеку од најперформантна база на пазарот. Мислам дека баш Wordpress-от вади погрешна слика за PHP како јазик. Имаш еден куп PHP "девелопери" кои уствари во позадина се Wordpress конфигуратори. Затоа и ако пробаш да направиш просек на плати/знаење помеѓу PHP и било кој друг јазик, ќе испадне дека се помалце платени / знаат помалце.
Реално бирањето на јазикот си зависи од многу фактори. Колку луѓе ќе работат на проектот, каков им е калибарот, кој му е животниот век на софтверот. Можеме да кажеме дека големите фирми користат јазици како Java и C# затоа што се многу повеќе "лимитирачки" за разлика од јазици како python или PHP. Пример со самото тоа што се statically typed, те заштитуваат од милион глупости што можеш да ги направиш во dynamic јазиците. Плус тука иде и предноста на compile time проверки. Ова го намалува времето потребно за нов член да се интегрира во тимот и овозможува луѓе со помалку искуство да можат да вклопат во работата.
Ама реалноста е дека 99% од случаите јазикот се бира според тоа колку е лесно да се најдат девелопери за истиот.
Како најдобар пример тука е Kotlin. Подобар е од Java во сите можни аспекти, ама тешко се прифаќа надвор од android светот.
Јас викам дека е заситено кога ќе земеме програмери спрема слободни работни позиции. Со .Net полу-ретардирани луѓе ги вработија. Врска немаа, едвај сфаќаа основни концепти, рекурзија им беше шанско село, ама пазарот за тој јазик е таков. За плата полесно е да побараш и добиеш поголема, ако имаш помала конкуренција.1. Мене не ми делува дека е заситен
Прегледај го приврзокот 291486
на линкдин има сигурно уште 5 - 6 огласи кои се вртат во моментов за Македонија ко регион
2. Релативно е. Зависи за кој клиент работиш. Оние што работат за некои глобални компании не земаат плата помала од 1200 евра, тука ти вклучувам луѓе со по 2 - 3 години работно искуство. На крај краева до тебе е како ќе се договориш за плата. Но да, има и фирми кои целат на луѓе без работно искуство/мало работно искуство поради причиниве кои ти ги наведе.
3. Да, за ова си во право. Јас на темава читам пракси, graduate програми. Во светот на PHP такво нешто е реткост.Но од друга страна има толку многу ресурси за учење на нет што ако споредам со C#/.NET јасно ми е зошто имале потреба да воведат програми со пракси итн.
4. Јас не гледам на работата исклучиво само од лукративни аспекти и пак ќе ти кажам релативно е. Зависи како ти самиот ќе се продадеш кога преговараш за плата, во случај да компанијата е спремна да ти даде поголема плата за да го добие тоа што и треба.
Јас сум Laravel програмер, нема потреба да ми кажуваш.Кога студирав, ги поминав .NET, Node.js и Spring (со проекти). Поради вработување во фирма што работи со таа технологија, започнав со учење на PHP и Laravel. Начинот на кој е дизајниран и документиран Laravel, е многу подобар од претходно наведените. PHP како јазик не ми е најдобар, ама Laravel е друга приказна.
Може да наброиш неколку аспекти надвор од мобилен девелопмент каде Котлин е подобар од Јава?Како најдобар пример тука е Kotlin. Подобар е од Java во сите можни аспекти, ама тешко се прифаќа надвор од android светот.
Јас не гледам некоја голема разлика помеѓу mobile и било каков друг development. Всушност, како е настант Kotlin?Може да наброиш неколку аспекти надвор од мобилен девелопмент каде Котлин е подобар од Јава?
Нема општо најдобро, туку најдобро за твојот случај....
Ќе побара по ИТ фирмите каде се бараат практиканти и ќе аплицира, потоа ќе биде повикана на интервју.Така одат работите ништо страшно ако има знаење ќе има перспектива.Ако може прашање,пријателка заврши некаков си курс за софтвер тестер,6 месеци и и дадоа диплома.Каде може да се обрати за да волонтира ли,на пракса да оди ли? Како идат тие работи? Има ли перспектива со тој занает,се спрема да замине во Шведска па сака да го усоврши колку може повеќе
Немам воопшто чепнато Котлин затоа те прашав, инаку имам работено Јава. Сакам да почнам Пајтон или нешто Блокчејн и затоа прашав за Котлин дали тоа да терам или претходниве двеЈас не гледам некоја голема разлика помеѓу mobile и било каков друг development. Всушност, како е настант Kotlin?
Нов јазик, кој ќе се базира на Java но нема рестрикции за backwards compatibility, па имаш слобода да имплементираш едно купче корисни features а во меѓувреме да ги испеглаш недостатоците на java.
Еве некој од предностите:
- Nullable types. Во Kotlin треба да кажеш дали една променлива е nullable или не. Со самото тоа нивото на проектот ти се качува 2-3 левели погоре. Ако си имал шанса да работиш на некој поголем Java проект, знаеш дека некогаш ќе изгубиш саати размислувајќи дали тоа што ќе ти го врати одреден метод може да биде null или не, па ако ти врати null како да го "хендлаш" итн. Еквивалентот во јава е Optional, ама и тој самиот никогаш не гарантира дека не може да биде null. И ниту еден друг feature да не користиш од Kotlin, ова е доволно за да се одлучиш да го пробаш.
- Голем дел од работите за кои што се зборува во "Effective Java", во Kotlin се вградени во самиот јазик. Пример, параметрите на метод се секогаш immutable, класите и методите по default се final. Можеш да креираш singleton во еден ред. Полињата по default и се заштитени со getters & setters, имаш опции за автоматско генеирање на стандардните equals,hashCode, toString (data класи). Пример во Java многу луѓе користат Lombok за такви ствари, ама во Kotlin го имаш сето ова по default.
- Функциите се first class citizens, немаш потреба од Functional интерфејси. Притоа можеш да си играш со context-от на функциите, што пак дава можност за програмирање на сосема "нестандарден" начин, па можеш да изградиш јазик во јазикот (DSL).
- Самиот јазик има механизми за делегација, нешто за кое што немаме никаква поддршка во java.
- Имаш одлична поддршка за functional/immutable програмирање. Одлична поддршка за асинхроно програмирање, корутини итн.
- Одлина интероперабилност со java, во двете насоки. Ова е уствари најголемиот проблем на другите JVM јазици и причината поради која слабо се имаат пробиено на пазарот.
Можам до утре да зборам![]()