ИТ фирми и пракси во Скопје

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.141
Поени од реакции
1.085
@Amaterasu супер објаснето, само некои фирми во очаен обид да вработат и задржат кадар, се расфрлаат со титуливе. Сите сакаат да бидат сениори, кога ќе дојде време за носење одлуки прц, ги нема. Ама битно на прв состанок ќе ти се претстави Здраво, јас сум Петко и сум сениор девелопер.
Да, најголем проблем е што фирмите не поставуваат јасни стандарди за левелите што ги имаат. Реално поставувањето на стандарди не е лесна работа, па многи си се одлучуваат за стандарадното - 1-2 год junior, 2-5 mid, 5+ senior.
На крај на ден, не секоја фирма има потреба од квалитетни инженери, некогаш ти се доволни луѓе кои "тераат".
Затоа интервјуата за сениор девелопер се со најголем распон. Од една страна имаш "senior" developer кој 5 години 2 пати во месецот пуштал едно query во банка, а од друга имаш некој кој потршил 5 години работејќи на хардкор ствари, набил страшен domain knowledge и може да ти каже што сонуваат корисниците навечер.
Уште потешко е да најдеш senior со добро развиение програмерски + менаџерски вештини. Имено, тоа е причината поради која има компании кои што не интервјуираат за senior позиции туку вложуваат во својот "подмладок" и сениорите си ги вадат од таму.

Сениор е човек што кога работите не одат ко што треба, станува и вика ова е моја вина, требаше тоа и тоа да го направам подобро, и навремено да приметам дека нешто не се направило како што треба. И притоа комплетно ги штити појуниор колегите од било каков притисок. Се друго е само сениор на хартија.
Баш така и ова е мислам најголемиот проблем на wannabe senior девелоперите. Кога ќе спомнеш senior, мислат на голема плата, "престиж" и курчење. Ама кога ќе го осетат притисокот и одговорноста што ја имаат, знаат да испукаат, па после криви им се CEO, CTO, менаџерите, тимот, QA, практикантите па дури и чистачите.
 
kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.823
Поени од реакции
10.551
Ајде додека сум на пауза, да пишам една тазе ситуација од пред некоја недела. Тука има многу луѓе со поголемо искуство, ама сакам да ви дадам еден поглед на тоа како изгледа мала македонска аутсорсинг ИТ фирма од џуниорска перспектива. Јас сум џуниор со искуство од година и пол (со пракса два месеци) и моментално сум во отказен рок во една таква.

Почнав со 300 евра плата, ама не ми ни беше важно, сакав само да започнам кариера. Како и во секоја ваква фирма, бев фрлен во оган, со нула денови искуство да работам сам на огромен проект кој е за минимум intermediate (моментално правам knowledge transfer на двајца intermediate инженери кои ќе го преземат). Нормално бев пријавен како човек со повеќе искуство кај клиентите, кои рака на срце, имаат одличен тим и проект менаџер и тоа ми помогна многу. После работа останував саат време плус многу често за да учам нови технологии кои ќе ми користат.

После 4 месеци, бев додаден на уште еден помал проект и не знаев главата кај ми е, ама продолжив без проблем да работам и да учам нови работи. Првото покачување на плата ми беше после седум месеци и тоа плус 100 евра, па така стигнав до некој ИТ минималец од други посолидни фирми. Знаев дека со моменталното искуство наоѓање нова работа ќе биде многу тешко, па подобра опција ми беше да пробам да напредувам тука. Надеж ми даде тоа што откако се вработив никој си немаше заминато од фирма, а имаше и такви со повеќегодишно искуство и очекувањето беше дека со искуството соодветно ќе расте и платата.

Во меѓувреме, напредував многу и веќе бев солиден џуниор. Исто така и дипломирав, што знам дека не е никаков фактор за работа, ама е одреден успех. Е сега доаѓа интересниот момент. Пред неколку недели, фирмата одлучи дека моменталната плата ми е доволна и нема потреба да ми покачуваа воопшто. Јас реално бев изненаден од ова и реков дека покачување мора да има. Истиот ден после работа, пратив CV на три места. Две од нив ме контактираа уште наредниот ден и ги имав инициалните интервјуа таа недела. Стигнав до технички интервјуа на двете места, а исто и последната фирма ме контактираше за интервју. После првото техничко интервју, ми кажаа дека ќе ме известат за седум до десет дена за тоа што понатаму, ама ми се јавија уште истиот ден и ми ја понудија платата што ја барав. Бидејќи оваа фирма ми беше прва опција, другите интервјуа ги откажав.

Поентата на постов не е ниту да се жалам, ниту да се фалам. Сакам само да кажам дека доколку доволно се трудите да напредувате опции има. Доколку имате знаење, ценете си го истото и не се плашете да побарате покачување доколку стварно го заслужувате, дека има фирми каде мора да се заканиш со отказ за да размислат за покачување. ИТ секторот е доволно динамичен за да можете да го искористите тоа во ваша полза, бидејќи ваквите мали македонски фирми ќе гледаат само да им работите за колку што може поевтино. Реално бевме доста компактен тим, ама не ми е јасно како седат другите тука за такви плати. Како и да е, според мене, напредокот и амбицијата секогаш треба да се на прво место, останатите работи се само финеси.
 
LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
752
Поени од реакции
1.007

"Know your worth"
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.918
Поени од реакции
12.408
Како ќе ги одбираат кандидативе? По профилна на фб? На страната немаат отворени позиции за аплицирање, а знам дека се океј фирма. Screenshot at Feb 17 15-10-48.png
 
LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
752
Поени од реакции
1.007
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Па нека пише каде да испратат CV. Некои и сами се препорачуваат. :ROFLMAO:
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.651
Поени од реакции
34.932
Ајде додека сум на пауза, да пишам една тазе ситуација од пред некоја недела. Тука има многу луѓе со поголемо искуство, ама сакам да ви дадам еден поглед на тоа како изгледа мала македонска аутсорсинг ИТ фирма од џуниорска перспектива. Јас сум џуниор со искуство од година и пол (со пракса два месеци) и моментално сум во отказен рок во една таква.

Почнав со 300 евра плата, ама не ми ни беше важно, сакав само да започнам кариера. Како и во секоја ваква фирма, бев фрлен во оган, со нула денови искуство да работам сам на огромен проект кој е за минимум intermediate (моментално правам knowledge transfer на двајца intermediate инженери кои ќе го преземат). Нормално бев пријавен како човек со повеќе искуство кај клиентите, кои рака на срце, имаат одличен тим и проект менаџер и тоа ми помогна многу. После работа останував саат време плус многу често за да учам нови технологии кои ќе ми користат.

После 4 месеци, бев додаден на уште еден помал проект и не знаев главата кај ми е, ама продолжив без проблем да работам и да учам нови работи. Првото покачување на плата ми беше после седум месеци и тоа плус 100 евра, па така стигнав до некој ИТ минималец од други посолидни фирми. Знаев дека со моменталното искуство наоѓање нова работа ќе биде многу тешко, па подобра опција ми беше да пробам да напредувам тука. Надеж ми даде тоа што откако се вработив никој си немаше заминато од фирма, а имаше и такви со повеќегодишно искуство и очекувањето беше дека со искуството соодветно ќе расте и платата.

Во меѓувреме, напредував многу и веќе бев солиден џуниор. Исто така и дипломирав, што знам дека не е никаков фактор за работа, ама е одреден успех. Е сега доаѓа интересниот момент. Пред неколку недели, фирмата одлучи дека моменталната плата ми е доволна и нема потреба да ми покачуваа воопшто. Јас реално бев изненаден од ова и реков дека покачување мора да има. Истиот ден после работа, пратив CV на три места. Две од нив ме контактираа уште наредниот ден и ги имав инициалните интервјуа таа недела. Стигнав до технички интервјуа на двете места, а исто и последната фирма ме контактираше за интервју. После првото техничко интервју, ми кажаа дека ќе ме известат за седум до десет дена за тоа што понатаму, ама ми се јавија уште истиот ден и ми ја понудија платата што ја барав. Бидејќи оваа фирма ми беше прва опција, другите интервјуа ги откажав.

Поентата на постов не е ниту да се жалам, ниту да се фалам. Сакам само да кажам дека доколку доволно се трудите да напредувате опции има. Доколку имате знаење, ценете си го истото и не се плашете да побарате покачување доколку стварно го заслужувате, дека има фирми каде мора да се заканиш со отказ за да размислат за покачување. ИТ секторот е доволно динамичен за да можете да го искористите тоа во ваша полза, бидејќи ваквите мали македонски фирми ќе гледаат само да им работите за колку што може поевтино. Реално бевме доста компактен тим, ама не ми е јасно како седат другите тука за такви плати. Како и да е, според мене, напредокот и амбицијата секогаш треба да се на прво место, останатите работи се само финеси.
Ќе си земам за слобода да ти дадам само еден совет од мое искуство: додека си почетник фирмите не ги избирај примарно ради парите туку на прво место секогаш да ти биде можноста за учење и надградба како кадар.

Имаш фирми каде платите се високи, ама пак немаш ни можност за да учиш (немаат време поискусните да се замараат со тебе, корпорациско работење (секој за себе и за свој личен напредок, да те гледа да умираш од работа нема со прст да мрдне за помош), сериозни проекти кон клиентите каде немаш време со денови да читаш за да најдеш решение и сл).
 
kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.823
Поени од реакции
10.551
Ќе си земам за слобода да ти дадам само еден совет од мое искуство: додека си почетник фирмите не ги избирај примарно ради парите туку на прво место секогаш да ти биде можноста за учење и надградба како кадар.

Имаш фирми каде платите се високи, ама пак немаш ни можност за да учиш (немаат време поискусните да се замараат со тебе, корпорациско работење (секој за себе и за свој личен напредок, да те гледа да умираш од работа нема со прст да мрдне за помош), сериозни проекти кон клиентите каде немаш време со денови да читаш за да најдеш решение и сл).
Во право си за секој збор и јас размислувам исто вака, секој почетник треба да се придржува до ова што си го пишал. Секако и платата имаше улога, ама примарно заради надградбата и дадов отказ, бидејќи сѐ што научив, научив сам. Тука имаше реално недостаток на доволно квалификуван кадар, со само двајца intermediate инженери и шефот кој што е senior, ама во главно отсутен и дејствува примарно како менаџер, не ги знае доволно добро проектите. Кога имав одреден проблем кој senior може да го реши за 10 минути, јас како џуниор нормално губев многу повеќе време. Генерално сѐ што научив, научив сам од туторијали или од конкретни проблеми со кои сум се соочил. Чувствував дека не говор користам доволно мојт потенцијални и не напредувам. Сега кога барав ново работно место, најважно ми беше да имам добри опции за надградба, на интервјуата детално прашував за такви работи. Како што кажав, платата беше само една финеса, искрено ќе прифатев и помалку бидејќи она што го дознав при интервјуата изгледаше одлично за мене.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.083
Чекај кога ќе почнеш да бараш плата во рамки на сениор. Постојат два типа на фирми: Фирми кои ќе ти ја дадат платата, па и ќе ти платат нешто повеќе, али затоа ќе имаш постојано некој над тебе да ти мрчи, пререкува и да ти дава дополнителна работа и све нешто да не му биде потаман, и фирми кои ќе ти кажат ќе те контактираме и нема да ги чуеш повеќе. Е има и трет избор тотално да одјебеш фирми веќе основани во Македонија без разлика дали со наши газди или странци и да си бараш сам фирми кои бараат девелопери на некои од платформиве.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.765
Поени од реакции
17.477
Не е лично за мене, се работи за брат на пријатели и ајде да прашам тука.
Фала во секој случај.
Најверојатно за авотматизација или нешто слично аплицирал.
Македонски газда, а и областа не е платена. Замисли ја темава како Премиер лига, а ти прашуваш како игра Брегалница :icon_lol:

Шала на страна, зависи кој му се очекувањата и што сака да постигне. Фирмата ко фирма не е добра, меѓутоа се учи занает. Јас почнав во слична фирма, како свежо дипломиран ми беше големо разочарување и напуштив по неколку месеци. Меѓутоа има луѓе што си работат со години таму.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.431
Поени од реакции
9.153

Фала на одговорот, ќе пренесам. Во секој случај треба да започне, да проба и сам човек ќе биди што му одговара, а што не.
Лично не сум упатен со случувањата во овој вид на фирми па добро е што се информирав тука, барем ќе пренесам инфо.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.141
Поени од реакции
1.085
Чекај кога ќе почнеш да бараш плата во рамки на сениор. Постојат два типа на фирми: Фирми кои ќе ти ја дадат платата, па и ќе ти платат нешто повеќе, али затоа ќе имаш постојано некој над тебе да ти мрчи, пререкува и да ти дава дополнителна работа и све нешто да не му биде потаман, и фирми кои ќе ти кажат ќе те контактираме и нема да ги чуеш повеќе. Е има и трет избор тотално да одјебеш фирми веќе основани во Македонија без разлика дали со наши газди или странци и да си бараш сам фирми кои бараат девелопери на некои од платформиве.
Си имал лошо искуство брат ама не се сите фирми такви во МК.
Кога викаш сениор, дали повеќе се движиш кон team lead и management или кон експертиза (software architect, domain expert, technology expert, итн)?

Многу е битно да се сфати дека кога се оди на интверју, не те интервјуира само тебе фирмата, туку и ти неа.
Прашувајте, информирајте се, барајте да ви кажат кои се точно одговорностите на позицијата што ќе ја добиете.
Прашајте каков е процесот на работа.
Како реагира фирмата во кризни периоди (дали ќе те тераат да работиш прекувремено, дали прв страда квалитетот итн).
Барајте да го запознаете тимот со кој што ќе работите. Ако тие ви изгледаат позитивно и мотивирано, супер, такви ќе бидете и вие после неколку месеци. Зборувајте со менаџерот/тим лидерот/менторот за проектот на кој ќе работите. Прашајте го за добрите и лошите страни. Ако ви кажат и лоши страни, тоа е обично добар знак :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom