Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.295
- Поени од реакции
- 36.675
Сеедно е дали е продукт или консултантски услуги, и во двете е негативно за самата компанија.Па Мк горе доле е социјална држава, не може и не треба цела држава да се прилагоди на барањата на консултантската заедница. Пошо ова е проблем само во тој контекст, кога требаат консултанти за работа.
И зависи како ќе продолжи да се ориентира индустријата. Ако продолжи со консултантски услови и вечно да е зависна од газди од други земји, ондак може МК не е право место за инвестирање и не мора по секоја цена да се фура дека е.
Ако се насочи на производство на продукти кај што идеално голем дел би работеле во продукт компании, тогаш работите што ги наброја не се проблем туку бенефит за самите вработени.
Државата не треба да се прилагоди на оваа индустрија туку на новиот систем кој е одбран и цел.
Таму сите сакаат капитализам, ама и да останат џаболебарски практики од социјализмот и комунизмот. Тешко одат заедно овие работи, можеби би функционирале до одредена мера во држави со поинаков мајндсет и природни богатства, ама на Балканот се има покажано и докажано дека не функционира.
Автоматски споено мислење:
Зависи од човекот, имам соработувано доста со Кинези, и таму се интересен менталитет. Имаш страшно добар кадар, можеби се малку потешки на комуникација, но се многу брзи и упорни. Виетнамците се исти, вреден народ упм. Сингапур и Хонк Конг се Сан Франциско за Азијатите, од таму доаѓаат иновациите во тој дел од светот, плус поради пониски даноци скоро сите Кинески фирми имаат преставништво таму. Филипини се така-така, ме потсеќаат на Балкан, од таму имам ангажирано SDR, и не ја користат многу главата ама беа упорни.@Lester Freamon
Види ова со одморите/боледувањата е стандард за цела Европа. Дури би рекол дека во Западна Европа е многу полошо (за работодавачите) бидејќи таму работникот има многу повеќе права.
Реално можеш да најдеш поефтин кадар секогаш, ама прашањето е што добиваш за тие пари. Еве јас работам генерално со Европјани (највише источна европа) Кинези и Индјици. Тоа што сум го приметил е дека Кинезите и Индијците работат повеќе од Eвропјаните, особено кога станува збор за прекувремено работење. Воопшто не им е проблем тоа, дури и имаме проблем што некои одбиваат да не работат прекувремено (буквално самите се носат до burnout).
Е сеа проблемот со Кинезите и Индијците е што генерално сакаат да им ја изџвакаш работата. Нема тој да седне и да истражува како може да го направи продуктот подобар. Секогаш кога имаш проект/feature кој не е доволно дефиниран, за кој тие треба да донесат одредени одлуки, заглавуваат.
Едноставно не се флексибилни. Таква им е културата.
А да не збориме за тоа дека не знаат да дадат реален feedback. Особено ако треба да оценат некој кој им е претпоставен. Дефинираме 10 нивоа на анонимност за да можеме да добиеме реален фидбек. Не знаат добро да се соочат со други луѓе, не знаат да кренат глас, туку трпат и пукаат после Х месеци/години.
Јас кога можам да бирам, секогаш си бирам да работам со "наши" луѓе. Eastern Europe FTW. Генерално ние сме директни и знаеме да си кажеме што е добро а што лошо. Овие западњаците се целите насмеани, thank you им е секој втор збор, а во првата шанса ко ќе пукне нешто ќе ти го спопикаат тебе.
Според мене концептот на локализирани фирми ќе исчезне за некое време. Барем во ИТ светот. Пополека се движиме кон глобални фирми, кои ќе можат да запослат луѓе било каде во светот. Така да ако некој сака да порасне, мора да се глобализира.
Индија и Пакистан, овие се комар, прва прилика ќе фати кривина, и имаш квалитет и тотално дрва, зависи на што ќе нагазиш, и лажат сушат.
Последно уредено:
