Неблагодарно е да се зема генерално решение дали е едното или другото подобро.
Мене лично ми е подобро римоут, со колегата со кој сме во тим имаме завршено околу 25% повеќе работа во последните 7 месеци откако работиме римоут, во однос на тоа што имавме кога сме биле во канцеларија. Не дека таму не се работело, но вака заглавувавме почесто без проблем (го нема тој притисок и нервоза кога доаѓа 4-5 часот како кога си таму), нема да ти се обеси некој на биро и да ти бара нешто набрзина, нема џамче муабет да помине некој и да ти одземе внимание и тн.
Од друга страна во други сектори и тимови имаше голем пад на ефективноста особено луѓе кои имаат деца, кога имавме со нив заеднички состаноци/таскови дури и да ти се одмили работата, назад пискаат деца, овие не можат да се сконцентрираат, па со препрашување на пола збор, па не можел да одговори или да се уклучи во толку саат оти требало да му покаже на детето или да направи ручек и тн.
Исто лошо беше за почетниците, реално многу повеќе ќе научат ако се заедно со искусните членови, вака ако имам време ќе се уклучам да му покажам, ако не ќе си чека да се ослободам, секако не ми е примарна задача да го обучувам, а ако сме на работа практиката беше да седнат на соседното биро и да ме следи што правам и ако заглави да ме праша веднаш.
Не е паметно да се откажат целосно канцелариите, можеби е паметно да се има динамично место на седење, т.е ако има 20 вработени да се има 7-8 места на работа фул опремени со докинг стејшн и монитори и кога ќе дојдеш кое е слободно на тоа седнуваш и обавезно да се има сали за состаноци.