Ми звучи ко синдром на македонска фирма. Кога тие девелопери би работеле директно за клиентите, не би можеле да го прават тоа што сега го прават. Мислам познато ми е се ова. Во една од фирмите од Македонија за која што работев имаа и таква работна позиција како event manager/planner или така нешто. И девојката имаше за задача да ги "анимира" вработените у смисол секоја недела се собираме у кафана, глеаме театарска претстава, глеаме некој филм на кино, праиме rooftop beer party или идеме неколку дена некаде (без разлика дали земјава или странство). И странците кои отвараат фирми тука, доста вложуваат во такви активности, се додека вработените прифаќаат да работат за плати за какви што работат. И заради тоа и не ме чуди што грото од вработените во такви фирми се на возраст од 22 до 25 - 26.