Зошто сексот е грев?

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398


Изгледа не си ме разбрал. Се она што е наведено не води до зачнување - што значи дека треба да биде забрането. Второ бидејќи сексот го поистоветивте со потребата за постоење на потомци тогаш дали е дозволено сексуално возбудување на партнерот?

Конечно според кажаното од верниците - секс исклучиво само во брачна заедница и тоа само во случај кога треба да се зачне. Значи за да се покажете како “квалитетен“ верник треба кога ќе сакате да имате деца со жената да се наместите, да завршите работа и после тоа никому ништо. Или грешам...
Не...
Првична улога од сексот е продолжетокот на чловечкиот род а споредно е задовоството, во точно одредени услови и периоди.

Ок. Зошто сексот заради личен кеиф е грев?

П.С. `секс без точната смисла од неговото постоење` не е објаснување зошто сексот е грев, туку е софизам. За да објасниш зошто сексот од задоволство е грев, а сексот за правење деца не е грев, не можеш да тргнеш од претпоставката/уверувањето дека точната смисла на постоењето на сексот е правењето деца, а другата опција, т.е. секс заради задоволство, не е точна смисла на постоење на сексот, односно е грев.

Еден од основните христијански идеали е служењето на другите. Сексот заради свој кеиф веќе не е служење на сопружникот, туку служење на самиот себе. Од таму, секстот заради самиот себе (за својот кеиф) е грев.
На втортиот дел од постов, веќе одговорив во претходниот текст, погоре.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
132
Поени од реакции
12
Не...
Првична улога од сексот е продолжетокот на чловечкиот род а споредно е задовоството, во точно одредени услови и периоди.
Одлично. Значи ти си подржувач на сексот во кој партнерите не уживаат туку се размножуваат секако исклучиво во брак.
Следствено прашањата:
1. Дали партнери кои уживаат во сексот заради зачнување прават грев?
2. Дали партнери кои ги присилуваат своите партнери на секс, и притоа не уживаат, прават грев?
3. Дали единствено “безгрешно“ е при практикувањето на секс ниту еден од партнерите да не ужива и тоа да го прават само со една цел репродукција?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Одлично. Значи ти си подржувач на сексот во кој партнерите не уживаат туку се размножуваат секако исклучиво во брак.
Следствено прашањата:
1. Дали партнери кои уживаат во сексот заради зачнување прават грев?
2. Дали партнери кои ги присилуваат своите партнери на секс, и притоа не уживаат, прават грев?
3. Дали единствено “безгрешно“ е при практикувањето на секс ниту еден од партнерите да не ужива и тоа да го прават само со една цел репродукција?

Вовоедниот коментар ти е погрешен, а одговорите на поставените прашања се следни:
1. Не,не прават грев.
2. Да, прават и тоа каков грев! Не грев, туку насилие врз туѓата слободна волја нешто да се направи или ненаправи!
3. Може да се каже-да, безгрешно е, иако прашањето ти е премногу условно. А плус тоа, малку е веројатно како настан ( би било чиста „механика„). Зачнувањето деца е брачна немара/одлука и должност, а не насилие.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
132
Поени од реакции
12
ОК. Значи смеат да уживаат. Добро барем не сметаш дека треба тоа механички да се работи.

Е сега ако можат да уживаат дали е дозволена предигра т.е. дали на партнерите им е дозволено сексуално да се возбудуваат пред самиот сексуален чин или смеат да уживаат само во самиот чин без претходни активности?
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
- Во своето создавање, Аам и Ева поседувале одредени енергии/нагони, кои биле предвидени за сосема друга намера а не за правење лични кеифиви и гревови. Во текот од својот престој во Рајот, Адам и Ева веќе имале се што им е потребно и можеле да уживаат во истот без да сторат ниеден грев (оти гревот не го ни познавале).
Ова е само неаргументирана теорија што воопшто нема основа ни да се дискутира.
Сепак ќе те прашам: Какви се тие енергии и нагони? Надчовечки, ги немаме ли денес?
Бог навистина имал одредена намера со првите луѓе-да ги уподобува на Самиот Себе.
Имал одредена намера, која не испаднала како што очекувал. Сакаш да кажеш дека Бог ја зафркнал работата? Дека твојот безгрешен Бог згрешил? :wink:
- Нашето постоење е про извод од Божјата волја-Божји дар да можеме да постоиме ( а не да непостоиме! ) и уште во овој живот да ги предвкусиме убавините од Рајот. Среќата ионака не е дел од овој овој свет.
Само простодушен човек би се задоволил со оваа реченица. Да веруваш дека твојот живот е намислен за страдање и дека нема и не треба да доживееш среќа, дека твојот Бог те ставил на тест и дека животов ти е попуст- тоа не е верба,туку простодушност. Се задоволуваш со најниското.

Не знам што од овие две работи е: дали Светата книга е куп нелогични глупости или вие верници погрешно ја толкувате. :toe:

- Да, токму така! Безмерната острастеност кон сексот ги прави дури и сопружниците склони кој гревовно однесување, па таквото однесување ниту ќе даде стабилен брак, нитуздрав пород, ниту тој пород ќе биде нормален, ниту тој пород ќе биде способен да создаде брачна заедница, и така се по ред...
Те молам, измислувај барем рационални аргументи. И сам знаеш дека изневерувањето на едниот брачен партнер нема врска со тоа колку здрав ќе испадне породот, а уште помалку дали ќе биде способен да основа брачна заедница.

-Самозадоволувањето е погрешно, оти ја промашува целта. А промашувањето на целта се нарекува-грев!
Жити све?! Да го смеша зборот „грев“ со зборот „грешка“?
Одговори ми го ова. Дали секој твој обид во текот на животот за постигнување на било која работа, план, амбиција, сеедно, вродил со успех и бил полн погодок? Ако е така, тогаш си Бог. Или поверојатно-лажеш. Ако не е така, т.е. ако и ти, како и обичните смртници, понекогаш си ја промашувал целта, тогаш според твоите верувања си грешник, исто колку што сум и јас.

Тогаш од каде Рај за тебе? :tv:
- Споредуваш неспоредливи случаи-физиолошка потреба со потребата од продолжување на родот. Народски кажано: споредување баби и жаби.
Па не би рекла баш. Потребата од полово размножување е исто толку физиолошка колку и мочањето; само што неа можеме да ја одложуваме и добиваме нагони на подолги периоди.
- Сигурен сум.
Не се ни обидувам да те разубедам. Ни јас ни ти не сме компетентни да знаеме што е и како е, можеме само да нагаѓаме. :wink:

Само непоставените прашања можат да останат неодговорени.
Е не важи ова баш и за религијата. Во тоа огромно непознато море има милион работи кои не се одговорени и се сведуваат на чиста шпекулација.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
ОК. Значи смеат да уживаат. Добро барем не сметаш дека треба тоа механички да се работи.

Е сега ако можат да уживаат дали е дозволена предигра т.е. дали на партнерите им е дозволено сексуално да се возбудуваат пред самиот сексуален чин или смеат да уживаат само во самиот чин без претходни активности?
Се што е разумно, умерено и добронамерно, како двострана релација, не е грев.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ова е само неаргументирана теорија што воопшто нема основа ни да се дискутира.
Сепак ќе те прашам: Какви се тие енергии и нагони? Надчовечки, ги немаме ли денес?
Имал одредена намера, која не испаднала како што очекувал. Сакаш да кажеш дека Бог ја зафркнал работата? Дека твојот безгрешен Бог згрешил? :wink:
Само простодушен човек би се задоволил со оваа реченица. Да веруваш дека твојот живот е намислен за страдање и дека нема и не треба да доживееш среќа, дека твојот Бог те ставил на тест и дека животов ти е попуст- тоа не е верба,туку простодушност. Се задоволуваш со најниското.

Не знам што од овие две работи е: дали Светата книга е куп нелогични глупости или вие верници погрешно ја толкувате. :toe:

Те молам, измислувај барем рационални аргументи. И сам знаеш дека изневерувањето на едниот брачен партнер нема врска со тоа колку здрав ќе испадне породот, а уште помалку дали ќе биде способен да основа брачна заедница.

Жити све?! Да го смеша зборот „грев“ со зборот „грешка“?
Одговори ми го ова. Дали секој твој обид во текот на животот за постигнување на било која работа, план, амбиција, сеедно, вродил со успех и бил полн погодок? Ако е така, тогаш си Бог. Или поверојатно-лажеш. Ако не е така, т.е. ако и ти, како и обичните смртници, понекогаш си ја промашувал целта, тогаш според твоите верувања си грешник, исто колку што сум и јас.

Тогаш од каде Рај за тебе? :tv:
Па не би рекла баш. Потребата од полово размножување е исто толку физиолошка колку и мочањето; само што неа можеме да ја одложуваме и добиваме нагони на подолги периоди.
Не се ни обидувам да те разубедам. Ни јас ни ти не сме компетентни да знаеме што е и како е, можеме само да нагаѓаме. :wink:

Е не важи ова баш и за религијата. Во тоа огромно непознато море има милион работи кои не се одговорени и се сведуваат на чиста шпекулација.
- тие енергии и нагони, во Рајски услови на живеење, биле енергии, насочени кон неограниченото уподобување на нашите прародители кон својот Творец. Тие почетни нагони, денес се извртени и претворени во похоти и страсти.
- Бог не ја зафркнал работата. Адам и Ева ја зафркнаа...
- Светие Оци токму тоа и го велат: дека нашето живеење треба да биде природно, едноставно и простодушно.
- Светата Книга е куп будалаштини само за оние кои не веруваат во Божјото постоење и Неговата промисла.
- Неможам да измислувам рациоанлни аргументи, оти така би се впуштил во лажење.
- Изневерувањето на едниот сопружник е причина за изневерувањето на другиот и така до бескрај...
- гревот е грев а грешката е грешка. Не се работи за исти категории.
- не лажам.
- да, јас сум грешник.
- Рајот треба да се заработи.
- физиолошките потреби и потребата од оставање пород не се исти категории.
- не ме разубедувај, нема да ти успее.
- твоето непознавање на религијата незначи и нечие туѓо непознавање на истата.


П.С.Во православието, теоријата и пракстата немаат граница, туку се преплетуваат една со друга. Теоријата се практуикува а праксата дава одредена теорија.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
132
Поени од реакции
12
Се што е разумно, умерено и добронамерно, како двострана релација, не е грев.
Добро. Ајде да утврдиме што е разумно, умерено и добронамено. Дали предиграта спаѓа тука (не одговори на тоа прашање). Дали им е дозволено на партнерите да го практикуваат на различни, нетрадиционални, начини т.е. дали можат да го прават во различни пози, места и сл.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Добро. Ајде да утврдиме што е разумно, умерено и добронамено. Дали предиграта спаѓа тука (не одговори на тоа прашање). Дали им е дозволено на партнерите да го практикуваат на различни, нетрадиционални, начини т.е. дали можат да го прават во различни пози, места и сл.

Гоикочеа (како оној фудбалерот, така?) а бе ова сексов нешто мноооогу те копка,а? Сакаш све да знаеш...

Читај ги советите кои Апостолот Павле ги дава до сопружниците. Ќе се обидам малку да прочепкам по павловите посланија и да го цитирам стихот, кој во моментов не го знам целосно на памет, а кој точно укажува што сопрузите НЕ СМЕТАТ да им чинат на своите сопруги. Трпение малку...
 

^ Ghost Rider ^

Biker Boy
Член од
27 октомври 2008
Мислења
372
Поени од реакции
8
normalno deka seksot pred brak e grev toa go znae sekoj hristijanin i potpolno se soglasuvam so stavot na miki
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Znaci za hristijanite seksot e grev a za ostanatite ne e.

Tesko e da bides Hristijanin i da zivees so pomislata deka si gresnik od ragjanje i deka sekojdnevno ke prodolzis da gresis. Tesko breme e toa.

Ili so drugi zborovi dobra manipulacija za cuvstvo na kriciva.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Чувството на кривица го имаат дури и атеистите, оти нив совеста ги опоменува. Секое непријатно расположение после одреден грев е показател за личниот осет за „кривичност„. За да избегне таквиот осет, Бог од секого бара покајание и добри дела.
Погрешно е да се каже дека само христијаните се подложни на гревови или одговорни според Божјите заповеди. Целиот човечки род ќе одговара пред Христа, на овој или оној начин.
 
Член од
3 октомври 2008
Мислења
234
Поени од реакции
9
оти ми го скинате цитато и не ми одговорите на прашањето..
Грев ли е да мааш секс на некој како сеа ја шо праам ?
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
оти ми го скинате цитато и не ми одговорите на прашањето..
Грев ли е да мааш секс на некој како сеа ја шо праам ?
Грев е да си праиш сеир..а казната е бан..само продолжи
 

Kajgana Shop

На врв Bottom