Зошто постоиме? Која е нашата цел на живеење?

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Па баш Хитлер ми служи како личност која останала запамтена по тоа што си ја исполнила целта. :)
Значи сите со бомби на сред плоштад и ќе останеме запаметени:nenene:
Не ми држи некако
 
D

DartWader

Гостин
Нашата цел е да го направиме светот подобро место за живеење , да останеме запаметени по нашите (добри) дела , и на идните генерации да им ја подариме нашата мудрост и знаење за да си ја исполнат и тие нивната цел. А целта е стремеж кон совршенството :jaj:
 
I

Intex

Гостин
Значи сите со бомби на сред плоштад и ќе останеме запаметени:nenene:
Не ми држи некако
Па ако сме сите со бомби, дефинитивно нема да останеме сите запаметени. Тогаш би требало некој да сјебе цел град, па само тој ќе остане запаметен. Треба да забегуваш од нормален човек, за да станеш бесмртен (читај: запаметен).
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Понекогаш потребно е некои работи да не се знаат за да може времето поминато осознавајќи ги да биде исполнето со напредок и усовршување.
Постоиме затоа што знаеме како да опстанеме, а целта на нашето живеење е да помогнеме во градењето на скалилата кои ќе не одведат до одговорот на ова прашање.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.396
Поени од реакции
25.219
Малку пофилозофски пристап на темава, ама јас некако вечерва се распишав.
Јас живеам за да видам Милан да освои Калчо и Лига Шампиони, а како шо е тргната работава, ќе живеам многу долго, блазеси ми.
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Малку пофилозофски пристап на темава, ама јас некако вечерва се распишав.
Јас живеам за да видам Милан да освои Калчо и Лига Шампиони, а како шо е тргната работава, ќе живеам многу долго.
Мислиш за една сезона двете? За ова ќе живеам некаде уште три години. Не се надевам, ВЕРУВАМ во тоа. А после ќе живеам за да изиграм партија холдем со Даниел Неграну. poker:
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Многу контрадикторна метафора. Машинерија е систем кој работи во целина, доколку еден дел престане да функционира, целиот процес стопира истотака.

Постоиме за натчовекот. Постоиме за евoлуцијата. За состојбата која треба да ја постигнеме. Како прамајмунот од каде потекнуваме. Животно кое како и сите останати се однесува инстинктивно. Додека, еволуцијата ни го донесе човекот и свеста. Па со еволуцијата треба да го достигнеме натчовекот и повисока состојба на умот.

Аlthough, evolution doesnt necessary reward us with inteligence.
Koј го гледал Idiocracy ќе ме сфати. :)
Еволуцијата е последица не е причина.
Не постои состојба која треба да ја постигнеме, само состојба во која сме и која влијае непосредно на состојбата во која ке бидеме(надчовекот).
 
Член од
18 октомври 2009
Мислења
13
Поени од реакции
0
If you don't live for something, you'll die for nothing. Ова е стих од Live for this - Hatebreed. Живеам според ова, иако немам одлучено што ќе правам (мала сум). Иначе не мислам дека Хитлер го исполнил својот "сон". Неговата идеја била дад ги искорени евреите, хомосекцуалците, инвалидите итн. Не успеал. И не мислам дека мораме да живееме за да бидеме запамтени. П.С. Нели, секој на земјава е направен за нешто така да.... :)
 

skywallker77

realen pragmaticar
Член од
1 октомври 2009
Мислења
223
Поени од реакции
28
Nema cel,se ragame ziveeme se reproducirame i umirame.ne se ragjame so cel,celite vo zivotot sami si gi postavuvame sekoj posebno(onaka kako sto saka)a edna unikatna za site edna cel nema.Site luge ziveat za razlicna cel i retki se onie koi ja postignuvaat zatoa sto krajna cel nema,dokolku ja postigneme celta sto sme si ja postavile vo prirodata na covekot e da si postavi nova zatoa sto dokolku ja nema,nema potreba da zivee.
 
Член од
16 октомври 2009
Мислења
593
Поени од реакции
28
Живееме да развиеме некој цели во животот,да го оствариме тоа што го имаме замислено.Сигурно секој од нас има некаква замисла за неговиот живот.
 

Barbara.

Irreparable perfectionist
Член од
23 јули 2009
Мислења
369
Поени од реакции
15
Постои нешто кое никогаш нема да откриеме, тоа е таа причина..
можеби сеуште не сме доволно..паметни..
 

Wolver1nE

Ај лав пуси
Член од
31 јануари 2008
Мислења
528
Поени од реакции
46
Каква е смислата на животот? Како може да имам цел во животот, како да се реализирам и да добијам задоволство од мојот живот? Ќе имам ли потенцијал да постигнам нешто, што ќе биде трајно? Многу се луѓето, кои постојано мислат врз тоа каква е смислата на животот. Години покасно тие погледнуваат наназад и се чудат, зошто односите со некои луѓе им се влошиле и зошто се чувствуваат толку празни, и покрај тоа што, го постигнале тоа што го имале како цел. Еден безболист, кога бил на врвот на својата слава, го запрашале што би сакал некој да му кажеше уште во почетокот на неговата кариера. Тој одговорил: „Би сакал некој да ми кажеше, дека кога ќе стигнам на врвот на мојата кариера ќе откријам дека таму нема ништо.“ Многу цели ја покажуваат својата безсмисленост, дури после години, откако си се трудел да ги постигнеш.

Во нашето хуманистичко општество луѓето имаат најразлични цели, и притоа си мислат дека ќе најдат смисла во нив. Некои од работите кон кои се стремат се: успех во работата, богатсво, добри односи со луѓето, секс, забави, да прават добро на другите и т.н. Луѓето кажуваат дека дури откако ќе ги постигнеш сите тие работи: богатство, добри односи и задоволство, во нив продолжува да се спотајува голема празнина – чувство за празнина, што ништо не може да го заполни.

Авторот на библиската книга Проповедник дава израз имено на ова чувство кога кажува: „Суета! Суета на суетите... Сè е суета!“ Беспорно е дека тој имал големо богатство, мудрост многу поголема од мудроста на луѓето по неговото време, стотици жени, дворци и градини, за кои сите во царството му завидувале, најдобрата храна и вино, како и секакви видови забава. Во еден момент тој кажува, дека постигнал се она што му го посакувало срцето. Но и покрај тоа, на крај тој го сумира тоа со зборовите: „животот живеан под сонцето“ (живот живеан така како ништо друго да нема, свен тоа што го гледаат нашите очи и тоа што го чувствуваме со нашите чувства) нема смисла! Зошто постои таква празнина? Зошто Бог не создал за нешто, кое е надвор од тоа, кое можеме да го преживееме тука и сега. Соломон кажува за Бог: „И ја ставил вечноста во срцето на човекот.“ Во срцето ние разбираме дека животот „тука и сега“ не е сè.

Во Битие, првата книга во Библијата, откриваме дека Бог го создал човекот по Својот лик (Битие 1:26). Тоа знаши, дека ние сме многу повеќе како Бог отколку како некое друго нешто (било каква форма на живот). Исто така откриваме, дека пред човештвото да згреши и пред да дојде проклетството на земјата, тука важеле следните вистини: 1) Бог го создаде човекот како социално (општествено) суштество (Битие 2:18-25); 2) Бог му даде работа на човекот (Битие 2:15); 3) Бог контактираше со човекот (Битие 3:8); и 4) Бог му даде на човекот да ја владее земјата (Битие 1:26). Што означуваат сите овие работи? Верувам дека Бог имал за цел да ги постави секое едно од нив во нас и да го изполнува нашето чувство за задоволство. Но кога човекот згреши и после тоа дојде проклетство на земјата (Битие 3) се создаде една непријатна атмосфера за сите тие работи (особено за постојаното комуницирање меѓу Бог и човекот).

Во откровение, последната книга во Библијата, во крајот на работите што се опишани за последните времиња, Бог ни открива дека ќе ги уништи сегашната земја и небо и дека ќе не воведе во вечността, создавајќи нова земја и ново небо. Тогаш Тој ќе ги обнови наполно разрушените односи со искупеното човештво. Некои од луѓето ќе бидат осудени, прогласени за недостојни и ќе бидат фрлени во огненото езеро (Откровение 20:11-15). По таков еден начин проклетието на гревот ќе престане и нема да има повеќе грев, тага, болести, смрт, болка и т.н. (Откровение 21:7). Верниците ќе наследат се; Бог ќе биде со нив и тие ќе станат Негови синови (Откровение 21:7). И така ќе се затвори тој круг – Бог не создаде за да има односи со нас, човекот согреши и ги наруши тие односи, Бог ги обновува тие односи во вечността, која ќе ја помине со оние, што ги мисли за достојни за тоа. Да го изживееш животот постигајќи апсолутно сè, но сепак да умреш далеку од Бог цела вечност, би било полошо дури од тоа да водиш живот, кој нема никаква смисла! Но Бог измизлил пат, не само кон вечното блаженство (Лука 23:43), но дава смисла на животот тука на земјата како и задоволство од него. И така: Како можеме да достигнеме едновремено до вечно блаженство како и до „рај тука на земјата“?

ОБНОВУВАЊЕ НА СМИСЛАТА НА ЖИВОТОТ ПРЕКУ ИСУС ХРИСТОС

Како што споменавме погоре, вистинската смисла како сега така и во вечността, може да се одкрие единствено во возобновување на взаимоодносите со Бог, кои беа влошени после човечкото падение во гревот. Денеска тие односи можат да бидат обновени само праку Неговиот Син - Исус Христос (Дела 4:12; Јован 14:6; Јован 1:12). Човекот добива вечен живот тогаш кога ќе се покае за своите гревови (т.е. не сака повеќе да живее во грев но сака Христос да го промени и да го направи нов човек), и започне да се надева на Исус Христос како свој Спасител (за повеќе иунформација по оваа важна тема види го прашањето: Каков е планот за спасението?).

Вистинската смисла на животот не се состои во тоа едноставно да го прифатиш Исус Христос за свој Спасител ( колку и прекрасно да е тоа). Вистинската смисла на животот можеш да ја најдеш кога ќе започнеш да Го следиш како Негов ученик; кога ќе започнеш да учиш се повеќе и повеќе работи за Него; кога ќе го читаш постојано Неговото Слово – Библијата, кога ќе комуницираш со Него преку молитвата и кога ќе му се подчинуваш, така што ќе ги изполнуваш Неговите заповеди. Ако сеуште не си поверувал (или ако скоро си поверувал) најверојатно си викаш: „Ова не ми звучи особено интересно или задоволувачко!“ Но те молам да продолжиш уште малку да читаш. Исус ги кажува следните изјави:

„Дојдете при Мене сите, кои се трудите и сте обременети, и Јас ќе ви дадам одмор. Земете го Мојот јарем на себе и научете се од Мене, зашто Јас сум кроток и понизен по срце; и ќе најдете одмор на своите души; зашто Мојот јарем е пријатен и Моето бреме е лесно.“ ” (Матеј 11:28-30). „Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат изобилно.“ (Јован 10:10б) „ Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себеси и нека го подигне својот крст и нека ме следи.Зашто кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја изгуби; но кој ќе ја изгуби својата душа заради Мене ќе ја најде.“ (Матеј 16:24-25) „Сета твоја радост нека биде во Господа: Тој ќе ги исполни желбите на твоето срце“ (Псалм 37:4).

Тоа што го кажуваат сите овие стихови е дека ни е даден избор. Можеме да продолжиме сами да го управуваме нашиот живот (резултатот ќе биде еден празен и без смисла живот), или можеме да избереме да го бараме Бог и Неговата волја за нашиот живот со целото срце (резултатот ќе биде еден исполнет со смисла живот, желбите на нашето срце ќе бидат исполнети и ние ќе добиеме радост од животот, што го живееме). И тоа е така зашто нашиот Создател нè сака и ни го посакува најдоброто (не е задолжително најлесниот но нај среќниот живот).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom