Зошто никој не твори во позитивен правец?

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Точно тоа. Основното прашање на Виктор ако го сфатив добро беше: Зошто бе ти Ада кога ќе добијаш 10-ка на факс не седнеш да напишеш песна за тоа, или зошо бе ти Серпико не си пишал еден текст на тема: Денес рокнав хет-трик на фудбал!
Морам да признаам дека прилично лошо сум го поставил прашањето (темата), претпоставувам бидејќи сум тргнал од емоциите а не од дарбата или професионалноста на еден писател (форумџија во темите каде се пишува).

Но тоа не е моето прашање комплетно. Моето комплетно прашање веројатно не можам да го дефинирам, па се вадам на примери и гњавам од околу. Сепак, не ми е јасно зошто нема текстови каде ќе се насмеам? А и верувам дека 95% од форумџиите на 95% од текстовите и поемите се со тажен или рамнодушен лик кога ги читаат, но нема никаде текст кој ќе измами насмевка.
Па нели давав примери, Трендо, Ефраим Кишон мислам го спомнав (у ист кош ги стаив замисли) итн итн... кои дури и бизарни слики знаат да ги направат духовити.

Ме сфаќате? (Мислам, до мене е, очигледно многу погрешно се изразив од старт, па дојде до недоразбирања, ама ќе ја изгладиме работата, го нема Јован да ни реплицира овде, а и да го има, ќе го избришам) :pos:
 

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Се согласувам дека најчесто се пишува на мрачни теми,ама тоа е сосем во склад со егоистичната природа на луѓето. Кога ни е убаво, главата во облаци, на крај памет не ни паѓа (чест на исклучоците) да арчиме време, т.е да зијаниме од раатот. Освен тоа човек треба, во таква ситуација, да е вистина надарен за да не прозвучи како оглас од типот: "...не бара ништо, само се фали".
Е, друго е прашањето на хуморот во литературата, на форумов и воопшто во животот. Ние имаме традиција за здрав хумор (читај ги приказните на Цепенков), но на некој начин "сериозната" литература се оградува(ше), што е разбирливо со оглед на тоа дека (в)лечиме комплекси поради доцнењето зад европските литератури ситни неколку века:toe:
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Многу добра тема пред се!
како да почнам.....ај да пробам од почеток! Пред се ,тргнувајќи од себе мислам дека во секој напишан збор има дел од самиот писател. А повеќето текстови се негативни,мрачни и тажни зашто оној којшто пишува го користи пишаниот збор како канал преку кој се изразуваат и комуницираат со надворешниот свет, за работи,чувства или емоции кои ни е тешко да ги искажеме на било кој начин , да ги споделиме или пак ни е тешко да си ги признаеме самите на себе. А чувствуваме потреба на некој начин да се изразиме. Никој нејќе работите да ги држи за себе. А сите убави , позитивни работи нас ни е многу лесно да ги кажеме,признаеме,споделиме со некој. Тие се изнесени во надворешноста па оттаму и недостатокот од инспирација и мотив да се пишува за нив.
Тоа не значи секако дека трендо ако пишува смешни текстови дека е човек без проблеми, но тој тие негативни увства едноставно ги исразува надругначин.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom