Зошто никој не твори во позитивен правец?

Член од
29 мај 2008
Мислења
118
Поени од реакции
7
па лично мислам дека сепак тагата е многу поинспиративна,за разлика состојбата кога е среќен човек,а воедно мислам дека кога човек е среќен некаде длабоко во него има некоја себичност и страв дека другите со кој е опкружен можат да му ја украдат или уништат таа среќа,па неска да се расфрла со тие моменти
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
И ја имам мислено на ова прашање, така што, добра тема.:)
Зошто? Прво, тагата се чувствува пореално од среќата, таа е поконстантна, и не само тоа, не се плашиме дека ќе се слизне ако ја прикажеме, спротивно од среќата, која ја доживуваме повеќе како сон, не знаеме дали е тука вистински или сме заблудени, а ако ја запишеме, се плашиме дека ќе изчезне, или дека зборовите ќе ја намалат, односно ќе ја изобличат.
Освен тоа, творецот сака да биде разбран, сака луѓето да го доживуваат она што го опишува, сака да се пронајдат во текстот. Жално е што луѓето полесно се пронаоѓаат во вакви текстови.
Трето, јас на пример, и кога сум навистина среќна во моментот, не можам тоа да го излеам на хартија, додека искусна сум за оние помрачни текстови. Сакам да кажам, не се така инспиративни тие среќни моменти, валда.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112

Едно од мислењата кое се софпаѓа со моето.

Човекот по природа е егоцентрик. И нормално е по таа природа кога тој е среќен да биде и задоволен. Задоволството не го тера да мисли за понатаму, нема инспирација да твори, всушност тој е задоволен од тоа што го постигнал и сега ја троши таа негова среќа за да кога ќе ја потроши (кога ќе дојде моментот кога ќе доживее неуспех, тага,) ќе почне да размислува, да цени. Ќе се појави моментот на инспирација, моментот кога сака да се докаже дека е во небрано или да побегне од реалноста и така го започнува својот творечки дух. А зошто егоцентрик? Тој сака на било каков начин да се покаже на светло дека тој пати. А патењето како што реков предмалку е остварено во некое литературно дело, уметничка творба.
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Вистина Викторче, така си е. А зошто ... па што знам. Ваљда затоа што живееме буквално во такво време кога не ни имаме каде да научиме весели зборови. Тоа го нема ни во книги, ни на интернет, ни на ТВ. Покрај тоа, се сложувам и со Природното девојче ... луѓето поскржаво ја чуваат за себе среќата, отколку тагата, од страв да не им биде одземена кога веќе конечно ја добиле.
А кај мене е сосем трето. Јас иако преретко пишувам тука, го користам тоа да си напишам нешто што ми тежи, а немам сила да го кажам или па незнам како и кому. Полесно ми е да зборувам за весели работи, отколку за тажни. Ама си имам јас и нешто весело чкртнато.:pipi:
И за крај, апсолутно треба да има тема за исклучиво позититивни текстови. Иако ќе има помалку постови, ќе има функција и некогаш да орасположува тажни луѓе. :smir:
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Не е дека никој не твори во позитивен правец, туку никој не твори квалитетно во позитивен правец.

Повеќе теории читнав на темава, и сите тие имаат некаков удел во зошто не постојат позитиви вибрации во литературниот свет. Но имат тука и еден момент што не се запазува, поконкретно баланост помеѓу позитивно и негативно.
Како што не е убаво цело време да сме условно кажано тажни, така не е убаво и цело време да се сме среќни.

Не е благодарно да почнувам од сама себе, уште еден егоцентричен манијак, но јас наоѓам големо задоволство во по тажните тематики. Не е проблемот дека во повеселите го нема тоа "задоволство", туку едноставно квантитетот го надминува квалитетот во тој случај. Условно кажано, депресивна поема ме развеселува повеѓе одколку некоја весела. Чуството дека си конзумирал нешто екстремно квалитетно, и дека авторот успеал неговата состојба на ум да ти ја пренесе тебе е неповторливо чувство.
Можеби и така треба да стојат работите, сепак литературата е поврзана со мистичноста, а мистичноста со темнината и така натака...

Што се однесува до една тема...па би можело да се отвори, но ќе треба голема доза на ентузијазам за да се разработи.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Не е благодарно да почнувам од сама себе, уште еден егоцентричен манијак, но јас наоѓам големо задоволство во по тажните тематики. Не е проблемот дека во повеселите го нема тоа "задоволство", туку едноставно квантитетот го надминува квалитетот во тој случај. Условно кажано, депресивна поема ме развеселува повеѓе одколку некоја весела. Чуството дека си конзумирал нешто екстремно квалитетно, и дека авторот успеал неговата состојба на ум да ти ја пренесе тебе е неповторливо чувство.
Можеби и така треба да стојат работите, сепак литературата е поврзана со мистичноста, а мистичноста со темнината и така натака...
1. Од самА себе? :pos:

2. Ти пишуваш за конзумирање на поемата. Ние, за пишување на таа поема. Да ти се допаѓа нешто што мене не ми се допаѓа е личен вкус, и твој и мој, и тоа е нормално, исто како и пишувањето на различен стил. Но не е можно никој да не ужива во пишување среќни стихови. Мора да има некој. И тоа секако може да биде подеднакво квалитетно како и она другото. Зошто никој не ужива во пишување работи кои на читателот ќе му створат слика на розеви нешта, туку на темни нешта.

3. Од каде тоа дека литературата е поврзана со мистичноста? Не е литература она што Блаже Конески го пишуваше а е толку реално?! Можеби не се најсреќните стихови на светот (не се воопшто, но добро) но во неговите стихови нема никаква мистичност.
Или како што Балашевиќ знаеше да каже... “денеска уметност е све она што не разбираш... ја не знам така, ја сум старомоден, она седнала у воз, мафтала...“
 
-----<-<@

loso kure
Член од
10 ноември 2008
Мислења
494
Поени од реакции
23
самава тема е доста контрадикторна, вика зашто не твори некој во позитивен правец, као да творењето е негативна работа...шознам...:smir:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
самава тема е доста контрадикторна, вика зашто не твори некој во позитивен правец, као да творењето е негативна работа...шознам...:smir:
Љупа, шо не ти е јасно бе? Да ти цртам треба ли? Во позитивен правец и негативна работа е баба и жаба.

Зошто кога пишуваш поезија, пишуваш исклучиво за несреќна љубов, за срањата кои ти се дешаваат па дури и ако пишуваш за нешто убаво ќе употребиш темни сцени, мрачни мисли, и тажни метафори и шо ти ја знам, кои ќе измамат солза кај читателот, но ретко насмевка?
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
1. Од самА себе? :pos:

2. Ти пишуваш за конзумирање на поемата. Ние, за пишување на таа поема. Да ти се допаѓа нешто што мене не ми се допаѓа е личен вкус, и твој и мој, и тоа е нормално, исто како и пишувањето на различен стил. Но не е можно никој да не ужива во пишување среќни стихови. Мора да има некој. И тоа секако може да биде подеднакво квалитетно како и она другото. Зошто никој не ужива во пишување работи кои на читателот ќе му створат слика на розеви нешта, туку на темни нешта.

3. Од каде тоа дека литературата е поврзана со мистичноста? Не е литература она што Блаже Конески го пишуваше а е толку реално?! Можеби не се најсреќните стихови на светот (не се воопшто, но добро) но во неговите стихови нема никаква мистичност.
Или како што Балашевиќ знаеше да каже... “денеска уметност е све она што не разбираш... ја не знам така, ја сум старомоден, она седнала у воз, мафтала...“
И така има еде тон форумџии што мислат дека сум женско, не сум згрешил многу значи.

Да, јас не споменав за пишувањето на поемата (или било каков уметничко дело).
Не е работата дали се допаѓа на сите или не, тука дали воопшто има нешто вредно во тоа. Ако нешто е умeтничко дело не значи дека по инерција е добро (ти тоа добро го знаеш).

Со темава искрено ме замисли за ова прашање. Мислам дека формулиран одговор нема да најдеме од проста причина што секој човек е различен.
Но имам приметено една работа низ овие 10-тина години сериозно слушање музика. Скоро сите започнуваат со депресивни тематики, гнев итн..., но некој од нив со тек на време излегуваат од тој маѓепсан круг и се обидуваат со други работи. Тие други работи обично се попозитивните нешта кој што значаен дел од конзументите не ги сакаат.
Тоа се уметниците што навистина ги почитувам, затоа што покажуваат храброст да се одтргнат од капитализмот и да продложат со истата причина со која што почнале.

А што се однесува да нас обичните смртници (несудените уметници)...можеби ја следиме истата животна шема но без никаков притисок, па со тек на време ќе почнат и тие работи да излегуваат од нас.
Но некои се непоправливи песимисти, и јас ги почитувам поради тоа.

Затоа што другата тема е за наши дела а тоа во моментов не сум подготвен да споделам, на овој пост ќе додам нешто што мене секогаш ме расположува.

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Како што напиша Толстој (парафразирам) „сите среќни семејства се среќни на ист начин, но сите несреќни се несреќни на поинаков начин“. Несреќата е поинспиративна отсекогаш, може да потекне од најразлични ситуации, разновидна е и веројатно поинтересна за читање.
Кога сум среќна не чувствувам потреба да пишувам, во спротивно кога не се чувствувам баш најдобро, а знам дека никој комплетно не би ме сфатил дури и кога и на долго и на широко би му објаснувала како ми е, полесно ми е да го исфрлам тоа преку пишување, завиено и сепак знам дека некој ќе го прочита, можеби ќе се замисли, можеби ќе го импресионира, можеби воопшто нема да обрне внимание но откако ќе го напишам мене ми е поубаво, олеснително.
Среќата ја живеам зашто ја сакам, не се повлекувам во соба со лист и пенкало за да пишувам за неа, ведра сум, исполнета и го користам секој таков момент.
 
girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Еј незнам зш не пишува никој позитивно.. Па ни ја.. Шо знам хепи сум стално али не ми лизга позитивното :)
 
Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
И во среќата има простор за филозофија, анализирање, одделување на сегменти и нијанси, ама кога сакаш да го претставуваш тоа додека сеуште трае таквиот период, кога си заслепен од блескавото чувство на сатисфакција кое додека ти со пот се обидуваш да сковаш реченица, те скокотка и ти ги тегне прстите подалеку од тастатурата велејќи "Заеби тоа, дојди да си играме.."...на крај сепак се озаруваш и тргаш.
Сфаќаш дека целата смисла на дробењето кое си сакал да им го раскажеш на луѓето, всушност се содржи во само една мисла на чиј крај ќе има извичник, не е потребно повеќе. Делото ти пропаѓа, освен ако не си ептен упорен, а и тогаш ќе звучи малку површно и прееуфорично.

Од друга страна, откако возбудливите ситуации поминале, кога седиш со капучиното и смирен тивко тонеш во задоволство, кога си сам во ноќта но имаш мала тајна насмевка...е тогаш има простор за излевање на прекрасни позитив емоции до крај!

Или пак, мене лично ми е многу забавно да пишувам за убавите моменти кои биле, ќе бидат или требало да бидат, додека сум у бед. Можам за момент да се одлепам од нехармоничната моментална состојба, и да погледнам поинаку.
Тогаш излегуваат најчудните, најпосебните нешта.

Сепак, светлина без темнина, тешко...:smir:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Или пак, мене лично ми е многу забавно да пишувам за убавите моменти кои биле, ќе бидат или требало да бидат, додека сум у бед. Можам за момент да се одлепам од нехармоничната моментална состојба, и да погледнам поинаку.
Тогаш излегуваат најчудните, најпосебните нешта.
Е, да си жива и здрава. Тоа ќе ми беше следниот муабет... ако мислат сите дека кога се во лошо расположение можат да творат најубаво, не им доаѓа оној порив за префрлање на тежиштето, мечтата, фантазиите, не одат на некој поубав свет без темнина?
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Не оправдувам поларизација на уметноста,баш поради тоа дека кај секој човек секое дело буди различни емоции.Ако еден прочита тажен текст,можеби ќе му влијае на буквален начин....на друг можеби ќе му даде волја да се бори,може ќе му вдахне волја...

Слушајќи одредена музика,луѓе се самоубивале,други ја користеле како пропратен ефект додека средувале сметки,а трети имале секс со партнерот,па им била афродизијак...

Понатаму,јас лично,ставање слики од типови со вилични шестки на распродажба или песнички за тоа како некој имал пролив, ги сметам за дебилни,а со тоа емпатски и јас добивам пролив.
Нечие дробење за тоа како сонцето е живот,животот е создавање,а нашето создавање е случајност на еден спрема 2 000 000 000 сперматозоиди,па треба да бидеме среќни поради тој факт,уште толку му дава на квантитет на гореспоментатиот пролив.

Секоја креација е позитивна.Секоја интерпретација е различна.
И новосоздадената тема со предзнак "важно" е уметничко-расистичка.

Ш.Лајм.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
:pos:
Твојата иронија драг Разиел, можеш да запишеш дека ја забележавме, мисијата е успешна. Сега...

Тоа дали темата е уметничко расистичка остави да одлучам јас, како надлежен на овој дел, а ако не ја сметаш за таква слооободно прескокни ја. :wink:

Потоа, фала му на Бога што ти не си меродавен да кажеш дали прегратката е убава, слатка и позитивна, бидејќи тогаш на форумот би имало 3-4 теми на кои ќе постираме мрачни текстови и ќе се расправаме дали слободната волја ја контолираме или не. :smir:

Што е позитивно е јасно, она што ги прави луѓето радосни и насмеани, а тоа за мнозинството сепак е љубов, општа среќа, насмевка, прегратка (колку и тоа да ти носи морници) широко срце со гарнир почит, оние нешта за кои се расправаме знаеш... а преточени во уметност. А тука, го почитуваме мнозинството. :back:

:helou:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom