- Член од
- 30 јануари 2005
- Мислења
- 7.397
- Поени од реакции
- 1.308
Морам да признаам дека прилично лошо сум го поставил прашањето (темата), претпоставувам бидејќи сум тргнал од емоциите а не од дарбата или професионалноста на еден писател (форумџија во темите каде се пишува).Точно тоа. Основното прашање на Виктор ако го сфатив добро беше: Зошто бе ти Ада кога ќе добијаш 10-ка на факс не седнеш да напишеш песна за тоа, или зошо бе ти Серпико не си пишал еден текст на тема: Денес рокнав хет-трик на фудбал!
Но тоа не е моето прашање комплетно. Моето комплетно прашање веројатно не можам да го дефинирам, па се вадам на примери и гњавам од околу. Сепак, не ми е јасно зошто нема текстови каде ќе се насмеам? А и верувам дека 95% од форумџиите на 95% од текстовите и поемите се со тажен или рамнодушен лик кога ги читаат, но нема никаде текст кој ќе измами насмевка.
Па нели давав примери, Трендо, Ефраим Кишон мислам го спомнав (у ист кош ги стаив замисли) итн итн... кои дури и бизарни слики знаат да ги направат духовити.
Ме сфаќате? (Мислам, до мене е, очигледно многу погрешно се изразив од старт, па дојде до недоразбирања, ама ќе ја изгладиме работата, го нема Јован да ни реплицира овде, а и да го има, ќе го избришам)