Чек ја да си прашам нешто на темава.
А зошто луѓето толку многу сакаат да ги знаат годините на другите? Што менува тоа? Нешто као имам 25 и сега веќе преку ноќ станувам возрасен ради бројката, а до вчера сум имал 24 и сум бил дете? Или нешто во стилот... имам 50 сега сум веќе стар, иако до вчера со 49 бев во категорија на млади?? Најсериозно, никогаш не можам да ја разберам потребата да се дознаат годините на другите луѓе. Нешто екстра плус ќе се дознае со тоа за човекот? Каква информација годините ќе ми кажат?
Кога некој такво нешто прашува и тоа го интересира, само ме наведува да помислам дека има предрасуди....големи се овие (над 25), не се дружам со мали (под 17), ајде бе, остај ги старциве (над 50).
Јас лично имам пријатели од 7-77 и никогаш не сум ги прашала конкретно колку години имаат. Со самото дружење, на некој момент таква информација и ќе излета од нив самите, ама мене тоа ништо не ми менува, за да знам како да се поставам или дали треба да ги почитувам како луѓе.
Мене, искрено, кога директно ќе ме прашаат за години, а е тотално неповрзано со муабетот, тогаш идам со стандарден одговор... ти колку ми даваш? Толку што ќе ми кажат/дадат, јас само потврдувам дека се во право.

Јбг, немам зошто да им противречам, ако толку многу ги интересира.
