една работа е да имаш осет за бројки, друга работа е да имаш осет за жени, друга работа е успешно да водиш фамилија,а друго е да водиш фирма, трето е да водиш држава, и различно е од тоа да бидеш фудбалски менаџер,има разлика од тоа да бидеш добар жонглер и да бидеш илузионист, друго е да бидеш добар трговец, а друго е да бидеш квалитетен произведувач.едно е да знаеш како да се поставиш со другарите ама поинаку е со девојките,да бидеш добар композитор е едно а друго е да бидеш виртуозен изведувач, едно е да имаш поента на муабетот, а друго е да знаеш како тоа да го искажеш.едно е да решаваш крстозбор а друго е да решаваш судоку а трето е да местиш рубикова коцка,едно е да знаеш а друго е да разбираш......уф се уморив, ама вака ќе ви редам до утре,
значи поентата е дека интелектот е многу комплицирана работа, и не се одредува само од класични IQ тествови , и дали некој завршил или не завршил факултет.
и постојат многу примери каде што има фаци за кои ќе речеме дека глупи , ама си се снашле, ние им судиме за глупавоста само од некои аспекти на интелектот, ....таа фаца што се снашла а вие ја сметате за глупа, всушност поседува за вас непознат интелект кој ве гледа како глупаци.