„Новопечени„ или „Стари и препечени,па бајати„
.А која е разликата??? Никоја!!!
Неколку постови ме зачудија и со право ќе кажам..овде нешто „смрди„ или поинаку кажано некој се испекол. Штета, но не мислам дека е потребна генерализација на ништо, па на луѓето воопшто:nesvest:
Оние кои се материјалисти, без разлика на возраста, така ќе гледаат на се , па и на љубовта, што подобро да си го „уновчат„ животот.
НО сите се индивидуалци и како такви треба да се гледаат.
Не пари бе бате, целиот да е од злато лиен не му вреди , ако го нема она што му треба да го направи комплетно човек! Е такви празни „метали„ новопечени, препечени или бајати ама ИЧ не се во состојба да ми го свртат вниманието.Не на таков начин. Можеби да, само со нивната плиткост, глупавост а можеби и несреќност.
Зашто тешко е да гледаш типци кои се во таква „блажена„материјална состојба,со куклички до нив кои ги КУПИЛЕ, а во душата се сигурно празни, незадоволни и несреќни...бидејќи СЕ што можат парите да купат, има рок на траење
...после кратко време ти станува неинтересно и досадно, па го фрлаш во некој ќош...остануваат празни во душата се до наредното „купување„ кое секако, ги весели на кратко, ама не ги прави среќни и задоволни долготрајно!