Конкретно за Македонија зборуваш нели?
Па генерално сите тука знаеме дека сме малку назад со некои суштински работи. Една од тие е медиумите, медиумскиот простор и избор на извор на ифнромации (lol) .
Навиката е да чмаеш пред ТВ и да те сервираат и тешко се искоренува.
Ако ја бараш вистината не дека интернет медиумите се нешто потранспарентни, само што ете ќе чуеш мислења од 10-на различни перспективи преку разни блогови и сл, додека на ТВ генерално 2 страни фучат.
Не дека намерно го прават така, политиките уреднички се наложени. Но истово може да се мрчи за изборот на филмови, серии и недостаток на информативно едукативни програми. Но џабе ние тука ќе дискутираме кога мнозинството што седи пред телевизија тоа сака да гледа, да спаѓавме ние во тие немаше да дискутираме на темава ниту па да бараме торенти...