Зошто дозволуваме да манипулираат со нас?

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.244
Поени од реакции
8.316
Кои политичари бе ? Збориме за истите што неможат попис да спроведат?

Заборавил народот дека власта доаѓа од нивните раце....
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
А што се замарате со ТВ ? зашто верувате во се ? Иди спортувај нешто ,земи некој курс за странски јазик или информатика ,тоа се што гледате на ТВ се провокации и политички манипулации за да се манипулира со народот , а и на телевизиите им одговара тоа ќе си добијат пари ,а политичарите си успеваат во она што го намислиле .Направете си нешто корисно што ќе ти служи во животот :facepalm:
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
271
Поени од реакции
42
„На промените се работи бавно и полека, а за фундаментални промени како граѓанската свест треба многу време. Нема зошто промените да ги бараме во врвот, промената секогаш доаѓа од доле, а почнува во секој од нас. Да престанеме да постоиме како реакција и да почнеме да постоиме како сила која одлучува*. Можеме да почнеме од тоа што ќе го промениме ставот - „Ќути и трпи“, со - „Барај, ти следува!“.

Тамара Атанасовска, граѓански активист и блогер
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Можеби затоа што има нешто што се вика Нов Светски Поредок :)
--- надополнето: 4 декември 2012 во 19:41 ---
Можеби затоа што има нешто што се вика Нов Светски Поредок :)
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Toj Нов Светски Поредок ќе смени се
 

bokser_mk

Баксуз
Член од
29 јануари 2012
Мислења
1.361
Поени од реакции
1.827
zosto ni odgovara taka
i zasto takov ni e mentalitetot
ako ne ne kontroliraat i ne manipuliraat so nas ke nastane haos
 
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
Не` лажеа дека Мечето Ушко е цртан филм
--- надополнето: 5 декември 2012 во 06:14 ---
После "цртанио", вкревет. Ни вести ни бутур, шуќур :sleep:F3
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
52
Поени од реакции
142


Хуманитарна акција бр.3: Да им помогнеме на сите оние кои имаат расипани души и гнили јазици охрабрувајќи ги да не ги поправаат туку без пари да им ги дадат на чичковците од Староооо купујееееем...за доброто на народот и за мир у кучи...амин :)
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Дека најголем манипулатор на народот се медиумите тоа е факт, затоа и слабо ги следам и слабо им верувам, верувам само во она што лично ќе го искусам, видам, чујам... Медиумите секогаш им одат во корист на политичарите(пред се власта) т.е. и одат во корист на државата ............ но мене многу повеќе ме иритира и нервира тоа што и самите луѓе еден со друг се манипулираат, или барем се обидуваат во тоа, мислам дека тоа е тотално погрешно и мислам дека секој еден поединец треба да си размислува независно со сопствена глава, а не да потпаѓа на туѓите манипулации и туѓото наметнување на ставови и погледи !
Инаку смешно е за се да се обвинуваат политичарите, бидејќи политичарите се една шака луѓе, а и тие се дел од народот, тие не се ниту вонземјани, ниту странци... тие произлегуваат од самиот народ, самиот народ ги дава, каков е менталитетот кај народот такви ќе бидат и политичарите... каков народ-таква власт-таква држава...
Е сега во државава има сеуште затупен народ кој слепо им верува на политичарите и навистина се надева дека ако тој и тој дојде на власт нешто ќе се промени, но на крај истите тие затупеници ќе си останат изманипулирани, излажани и со прстот во уста !
П.С. Денеска и таков е системот(Капитализам), систем на искривени вредности, се е од интерес и ќар и ’’пријателствата‘‘ и се, баш се, денеска не само политичарите и државата туку ако дозволиш и секој еден поединец ќе те врти како сака и ќе гледа да те зае*е на овој или оној начин, ако го дозволиш тоа секако ....... затоа мислам дека не треба на никого многу да му се верува, дури и на оние кои мислиш дека ти се вистински и блиски ’’пријатели‘‘, роднини, колеги и.т.н. бидејќи денеска секој еден човек е индивидуалист, егоист и материјалист... самиот систем си ги прави/направи овие работи... затоа мој совет до сите е мислете со своја глава, не дозволувајте да бидете изманипулирани, не потпаѓајте под туѓи влијанија, не дозволувајте да ви се наметнуваат туѓи ставови и не му верувајте слепо на никого !
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
271
Поени од реакции
42
“A nation of sheep will beget a government of wolves.”
Edward R. Murrow.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Денеска слушам ќе го менувале законот за странски инвеститори...
Промената е во тоа што,странецот што ќе инвестира 400.000 е.и ќе вработи 10 души,ќе добие жителство и државјанство....Македонско!
Што мислите кој ќе ни бидат новите дојденци...мене ме плаши ова...:facepalm:
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Ух обожавам вакви теми. Епа види баце, манипулираат со нас ( медиумите најпрво, потоа политичарите ) затоа што не секој знае што се случило на тоа и тоа место ( пример кражба, убиство, претепани патници во автобус или слично ) па мора да се подлаже народот со нешто, да се заматат очи инаку ако се каже вистината би било многу лошо за општеството, ќе настане хаос ( ќе почнат луѓето живи да се јадат меѓу себе ). Затоа и во последно време вестите најчесто ги читам неголи што ги гледам , помалку се нервирам , бидејќи од ден за ден се повеќе лажат. Нема да се осврнувам на политика , бидејќи навистина не сум определен и да ти кажам право од сите ми е преку глава па на гласање не излегувам еве веќе втора година а не ни планирам да гласам воопшто за никого, само затоа што секој си гледа за својот г*з и кој како седне на власт гледа што повеќе да украде од нас за да си ја прехрани фамилијата и да може тие наши пари да ги испере и да ги дуплира. За момент избегав од темата, еве повторно ќе се навратам. Друго што ме нервира кај медиумите ( општо ) е тоа што даваат глупости на телевизија. Значи не му се гледа на секого Вести и Дневник по цел ден на секои 3 саата БУКВАЛНО! И мани тоа бар да има некоја промена во вестите , барем нека ги испреплетат настаните што се имаат случено денеска, туку тоа им е снимено од сабајле и само најавната шпица ја менуваат од сабајле ( Дневник на таа и таа програма во толку и толку часот ) и се истото па истото, дури ни најавата ( Во вестите во толку толку часот ќе гледате бла бла бла ) НИШТО НЕ СЕ МЕНУВА ! Ко да за тие 24 саати ништо друго се нема случено во државава освен тоа што некој си свирнал куршум во главата како за Среќна Нова Година. Тотален ФЕЈЛ !
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Зошто дозволуваме да манипулираат со нас ?
Зошто така ни одговара. Денес ретко има некој што сака да дознае што се случува во светот околу него, ретко има такви што сакаат да ги слушнат двете верзии на приказната, па сам да донесе некој заклучок. Голем дел од луѓето денес се со ставот :
„Глеј си ја работата и ќути си. Ја сум гласал на избори и мојата работа е завршена. Дури и да е нешто лошо не дека ја ќе направам некоја промена... што можам јас да направам.. ништо. А и па зошто ја да дигам глас што не дигне некој друг, се ја „најпаметен“ ќе се правам“

Кога ќе сфатат луѓето дека имаат моќ, кога ќе сфатат дека државата, телевизијата или што било друго постои за нив, а не они за неа, е дури тогаш може да очекуваме дека нешто ќе се смени. Ама како што е денес светот се по пари, некој ќе ти фрли паричка и ти ќе размислуваш како што сакаш...
Едноставно губам надеж дека светот ќе оди на подобро...
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
На Алфа ТВ,укинати две емисии,Вин Вин на Оливера Трајковска,и Збор по збор на Зоран Ивановски.
Уредник Коле Чашуле и донесени засилувања од Вечер и Сител....
Што се случува со оваа телевизија.....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom