Зошто дозволуваме да манипулираат со нас?

Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.374
Поени од реакции
1.948
На Алфа ТВ,укинати две емисии,Вин Вин на Оливера Трајковска,и Збор по збор на Зоран Ивановски.
Уредник Коле Чашуле и донесени засилувања од Вечер и Сител....
Што се случува со оваа телевизија.....
Ги фати преродбата,малку покасно ама подобро некогаш,одколку никогаш.:вонзем:
 

Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
На Алфа ТВ,укинати две емисии,Вин Вин на Оливера Трајковска,и Збор по збор на Зоран Ивановски.
Уредник Коле Чашуле и донесени засилувања од Вечер и Сител....
Што се случува со оваа телевизија.....
Па алфа е една од најманипулаторски телевизии...Затоа и народот не ја гледа. Багра лоповска..
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.453
Поени од реакции
68.699
Па алфа е една од најманипулаторски телевизии...Затоа и народот не ја гледа. Багра лоповска..
Може никој да не ги гледа ради тоа што ќе ја дознаеш суровата реалност. Вака си пушташ сител и не ти ни требаат розевите очила, душа ти се полни со вестите како злато извира по улициве.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.931
Уште една тема на која се потребни клиповите од Network (1976)...
 

Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
И точно дека Сител информациите ни ги сервира со доза на шлаг, меѓутоа 95% информациите им се точни.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.374
Поени од реакции
1.948
Па алфа е една од најманипулаторски телевизии...Затоа и народот не ја гледа. Багра лоповска..
:pos:
Така е друже,затоа ќе ги преродат сега,да почне и нив малку "народот" да ги гледа.Гревота се,не за друго..
 

Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
И сега има толку многу медиуми електронски пишани тв што секоја информација ја добиваш од 100 извори и неможе една телевизија да те изманипулира-освен ако не ти е единствен извор на инф.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Не гледам телевизија море, ако случајно се погодат вестите пуштен да брчи телевизорот во меѓусмена јас се смеам на нив, небитно позициски или опозициски вести, прва мисла ми е види го ова срање ти се молам :icon_lol:.
 

Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
:pos:
Така е друже,затоа ќе ги преродат сега,да почне и нив малку "народот" да ги гледа.Гревота се,не за друго..
Е не бе ке праат -ЈАААААВИИИИ СЕЕЕЕ ИВООООО ЈААААААВИИИИИ!!!!
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
И точно дека Сител информациите ни ги сервира со доза на шлаг, меѓутоа 95% информациите им се точни.
Абе за точни точни се, ама проблемот е што сител ти ги презентира само оние информации што и одговараат. Еве баш тогаш коа се донесе буџетот, пример на алфа кажаа дека државата одма еден ден после донесувањето на буџетот се задолжила во домашните банки, а на сител ни абер ни глас од таа информација. Башка коа више збориме за тоа со буџетот, не ми текнува сител да покажеше снимка од Амди пред собранието коа беше...
Затоа глеај си ги 2те телевизии и донеси си сам заклучок
 

Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
Абе за точни точни се, ама проблемот е што сител ти ги презентира само оние информации што и одговараат. Еве баш тогаш коа се донесе буџетот, пример на алфа кажаа дека државата одма еден ден после донесувањето на буџетот се задолжила во домашните банки, а на сител ни абер ни глас од таа информација. Башка коа више збориме за тоа со буџетот, не ми текнува сител да покажеше снимка од Амди пред собранието коа беше...
Затоа глеај си ги 2те телевизии и донеси си сам заклучок
Ок си е. Луѓето не се толку кретени за да може една телевизија да им го креира мислењето, тоа многу добро се покажа со А1 која беше далеку најгледана во Мкд.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Не е на добро толкава моќ во толку малку луѓе. У секој случај више ни алфа нема што да се гледа освен успесите во смисол пензијата добиена за Нова година била новогодишен поклон од влада за пензионери, бедно :confused:
Ова со медиумите полека преминува во класика од 50-тите. И не само со нив...
Меѓувреме

Скандалозно: Списокот за нов новинарски тим на тв Алфа го прави познат новинар пријател на премиерот?!
Листата на новинарите кои деновиве од телевизиите МТВ,Сител и весникот Вечер се прекомандуваат во новоосвоената од власта тв Алфа чиј нов газда наводно е српски тајкун,според непотврдени информации на Либертас наводно ја прави еден познат тв водител кој себеси се преставува и како близок пријател на премиерот во приватниот живот. Како што објавивме веќе неколку денови во Алфа доаѓаат новинари од овие медиуми кои не кријат дека тука се прекумандувани не на нивно барање туку со наредба да се јават на работа во Алфа. Нив на разговор во телевизијата на сега бившиот газда Штерјо според вработени во оваа тв станица ги прима сеуште несменетиот програмски директор кој е оставен да биде офицер за врски до составувањето на новиот тим на Алфа кој требе да прави “професионални“ вести по вкусот на владеачката ВМРО ДПМНЕ.
Меѓу прекомандуваните речиси и нема познати новинарски имиња,поголемиот дел се млади новинари кои новинарството го учеле од Ивона и Латас од тв Сител. Исклучок е бившиот уредник на Време од империјата на Рамковски новинарот Коле Чашуле кој ќе биде еден од уредниците на вестите. Старите новинари од оваа куќа чекаат да видат дали и кога ќе се остварат најавите дека требе да си заминат оти најверојатно не се по вкусот на професорот новинар што ја добил довербата да состави нов тим за вести на Алфа.

Што се однесува до другите видови манипулација, со 99 денари, не е нешто манипулација оти обично одма ги заокружуваме на цело. Тоа е више за други типови луѓе и навики.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Конкретно за Македонија зборуваш нели?
Па генерално сите тука знаеме дека сме малку назад со некои суштински работи. Една од тие е медиумите, медиумскиот простор и избор на извор на ифнромации (lol) .
Навиката е да чмаеш пред ТВ и да те сервираат и тешко се искоренува.

Ако ја бараш вистината не дека интернет медиумите се нешто потранспарентни, само што ете ќе чуеш мислења од 10-на различни перспективи преку разни блогови и сл, додека на ТВ генерално 2 страни фучат.

Не дека намерно го прават така, политиките уреднички се наложени. Но истово може да се мрчи за изборот на филмови, серии и недостаток на информативно едукативни програми. Но џабе ние тука ќе дискутираме кога мнозинството што седи пред телевизија тоа сака да гледа, да спаѓавме ние во тие немаше да дискутираме на темава ниту па да бараме торенти...
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
Абе за точни точни се, ама проблемот е што сител ти ги презентира само оние информации што и одговараат. Еве баш тогаш коа се донесе буџетот, пример на алфа кажаа дека државата одма еден ден после донесувањето на буџетот се задолжила во домашните банки, а на сител ни абер ни глас од таа информација. Башка коа више збориме за тоа со буџетот, не ми текнува сител да покажеше снимка од Амди пред собранието коа беше...
Затоа глеај си ги 2те телевизии и донеси си сам заклучок
Што има да те замараат со такви информации, да се нервираш да го губиш здравјето кога не можеш и онака ништо да сториш знаат они што прават:pos:
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Што има да те замараат со такви информации, да се нервираш да го губиш здравјето кога не можеш и онака ништо да сториш знаат они што прават:pos:
Епа ваквото размислување им одговара на политичарите (зборам општо за политичари, а не конкретно за ВМРО или СДСМ) „можам се да правам никој не се замара и никој ништо нема да направи“
Битно е што више кога некој ќе ти наметнува некои „правила“ против тебе лично, е тогаш и да сакаш нема да можеш да дејствуваш, затоа и треба да се промени ваквиот став „неможам ништо да направам“, ама тешко дека тоа ќе се случи...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom