Зошто дијаспората не инвестира во Македонија?

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Тој шо печалел пари, нема шајка в'мозок, па да дојди овде да ги фрли туку така во дупката без дно на македонската корпуција, не правда и бизнис окружување.
Во главно сите што пробале да инвестират, едноставно не можеле, заради некоја пречка во нашата администрација.
Имам слушнато неколку стории и сите се со хорор крај.
Само Џорџ Атанасоски издржа, и тоа најмногу затоа што се надева дека ќе биде Претседател на Македонија.
Мислиш дека Џорџ издржа,не би рекол баш дека издржа,посебно сега откако увиде дека ни по 100 години нема да има шанси да стане председател на оваа држава,освен ако нешто и нему не му чади во умот.

Зошто дијаспората не инвестира во Македонија?
Затоа што и тие, се како и ние, затоа што и ние, сме како и тие, затоа што сите заедно сме за никаде! Ако сите заедно бевме за неа, како таа што е за нас, тогаш сите заедно, топ не не разбиваше. Останатото е само оправдување за нашата магарешка глупост и неспособност, да го согледаме она што ни е единствениот спас на успехот како држава. (се надевам дека ова во Новата 2010 годин ќе се помести кон добро)
Насекаде по светот дијаспората има многу подобри услови за инвестирање одколку кај нас,без разлика што и таму не се сите заедно како кај нас.Значи проблемот е до создадените услови а не е до заедништвото.

Зошто дијаспората не инвестира во Македонија?
Можеби не инвестираат големи пари, но за мене инвестиција претставуват и парите што дијаспората ги троши кога се дојдени во својте родни краеви,кога градат,кога купуват.Значи лично не се слагам со тоа дека дијаспората не инвестира во матичната си земја, туку проблем претставува колку инвестират.И да не се и тие малку нивни девизи што тие ги трошат,мислам дека економската ситуација би била уште полоша од оваа што е денес.
:salut:
Градењето и купувањето ќе го има се помалку и помалку,посебно одкако Миле Јанакиески им се закани со Новиот Закон за Градба,дека ќе им ги одземе или конфискува и оние објекти кој ги купиле или изградиле во изминативе години.Во иднина ќе представува вистинско чудо доколку некој проба да купи или изгради и најмало куќаре во Македонија,а па камо ли некаков поголем објект.Значи дијаспората ќе инвестира се помалку со вакви налудничави законски решенија од вакви некадарни министри,или воопшто нема да инвестира.:toe:
 
Член од
30 мај 2007
Мислења
399
Поени од реакции
1
па да инвестираш тука треба да си будала или да не ти требаат парите како прво зголемена владина регулатива што никако нема да привлече инвеститори мора да се дадат некакви поволности за да дојде некој да инвестира гледајте други држави што се прават за да привлечат инвеститори дури некаде и ослободени сте од данок ако инвестирате во таа земја а кај нас ако можат еве и дишењево ке ви го наплатат така не иде исто така корумпираност многу криминал премногу вработените во јавните институции те рекетираат а не па други големите компании не се навикнати да плаќаат рекет и да даваат мито за да си работат а кај нас ко ке го има тоа е тогаш ке има инвеститори од надвор а ова дека ке се распаднела Македонија нема везе само поради причиниве кој ги пишав поради тоа не доаѓаат
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Насекаде по светот дијаспората има многу подобри услови за инвестирање одколку кај нас,без разлика што и таму не се сите заедно како кај нас.Значи проблемот е до создадените услови а не е до заедништвото.
Офф. Среќна Нова Година, многу здравје и среќа на тебе и на твоите најблиски!

Он. Си се разбираме јас и ти убаво. Чуството на заедништво создава услови. Ќарот е „обостран“. Само уште да се „оттарасиме“ од ситните души што ги носиме.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
па да инвестираш тука треба да си будала или да не ти требаат парите како прво зголемена владина регулатива што никако нема да привлече инвеститори мора да се дадат некакви поволности за да дојде некој да инвестира гледајте други држави што се прават за да привлечат инвеститори дури некаде и ослободени сте од данок ако инвестирате во таа земја а кај нас ако можат еве и дишењево ке ви го наплатат така не иде исто така корумпираност многу криминал премногу вработените во јавните институции те рекетираат а не па други големите компании не се навикнати да плаќаат рекет и да даваат мито за да си работат а кај нас ко ке го има тоа е тогаш ке има инвеститори од надвор а ова дека ке се распаднела Македонија нема везе само поради причиниве кој ги пишав поради тоа не доаѓаат
Дури и да се укинат сите даноци,инвеститорот не би инвестирал во нешто за кое државата или владата преку Законите што ги донесува му се заканува дека ќе му го конфискува она во што евентуално би инвестирал.Без разлика дали инвеститорот е домашен или странски.:toe:

Офф. Среќна Нова Година, многу здравје и среќа на тебе и на твоите најблиски!

Он. Си се разбираме јас и ти убаво. Чуството на заедништво создава услови. Ќарот е „обостран“. Само уште да се „оттарасиме“ од ситните души што ги носиме.
Благодарам,исто и на вас.!
Чувството на заедништво се ствара кога секому ќе се обезбедат еднакви услови,без разлика дали човекот е странец,домашен,сакат или богат односно сиромав.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.757
Поени од реакции
9.881
Зошто дијаспората не инвестира во Македонија?
Затоа што и тие, се како и ние, затоа што и ние, сме како и тие, затоа што сите заедно сме за никаде! Ако сите заедно бевме за неа, како таа што е за нас, тогаш сите заедно, топ не не разбиваше. Останатото е само оправдување за нашата магарешка глупост и неспособност, да го согледаме она што ни е единствениот спас на успехот како држава. (се надевам дека ова во Новата 2010 годин ќе се помести кон добро)
По се ми изгледа дека си бил ѓон пијан кога си го пишувал постот:pos2:
10 минути пред нова година :wink:
 
bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
токму така, треба да си скрос швркнат за да вложиш во МК... колку и да си ја сакаме земјата тоа е реалноста...

видете само што се дешава со берзанскиов индекс, видете само како вртоглаво паѓаат... и тоа што беше објавено пред некои 2-3 месеци дека некој тип напраил 15 мил. евра на берза нема благе везе, некој Австриец ја шитнал фабриката бидејќи бил у загуба.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
По се ми изгледа дека си бил ѓон пијан кога си го пишувал постот:pos2:
10 минути пред нова година :wink:
ne veruvam....zborime za NASATA dijspora , ne za FRANCUSKATA ..be..., kolku da se mitanelo cesajki se od strancite po svet...makedonsko magare si ostanuva makedonsko...:)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Ми се чини дека и оние кои живеат во Македонија (домашни инвестиции) не се скршија од инвестирање. Секако од разни причини, а ние бараме од нашите надвор (според одредени податоци нашата дијаспора во банките тежи околу 2 милијарди евра) инвестиции. Премногу сме несигурна и несериозна (со закони, тендери и одлуки) држава за некој (макар и наш човек) да инвестира.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334

Абе ситно е тоа:kesa:... ние овде си имаме неколку поединци кои ја надмашуваат таа сума.....но разбира се сумите не се за во јавност.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Оф корс :)
Туку, еве покрај податокот за парите, овде во Глобус може да се прочита и за причините, размислувањата и пречките околу овие инвестиции.
http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=25195BC80FB3574DAEAE74F9D51DA6E2

Љубица Рубен, од „Менс легис“, која е позната по тоа што е завртена кон привлекување на странски инвеститори во земјата,

вели дека ако се суди според рекламите со кои се расфрламе надвор, во странските медиуми, многумина странци ќе помислат дека во Македонија ги чека „инвестициски рај“. Но, кога ќе дојдат тука наидуваат само на „инвестициски пекол“.

„И покрај толкавото рекламирање, мислам дека ние немаме намера да дозволиме влез на странски капитал. Кај енергетиката тоа е највидливо. Колку само тендери се поништија, иако токму на ова подрачје кај странците владее голем интерес - денес енергетиката е стока која најдобро се продава“, резигнирано констатира Рубен. „Немаме резултати дури и онаму каде што не обврзуваат разни меѓународни документи и конвенции, како кај малите енергетски објекти“.
И тако даље. Стар текст, но доста реален за нашето макроекономско секојдневие.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.283
Поени од реакции
18.109
По се ми изгледа дека си бил ѓон пијан кога си го пишувал постот:pos2:
10 минути пред нова година :wink:

Не е пијан, туку е романтично наивен.

Нема заедништво на национална или патриотска основа во економијата, има само интерес, и секој треба да си го пронајде.

Дури и тие што се прават големи патриоти, тоа го прават од интерес.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Будала е некој да инвестира во ваква состојба.
Најважно од се е дека никој од локалните сељаци не сакаат некој да му превземе дел од колачот.
Замисли си конкуренција и подобри услови за работа и печалење во феудализам.
Македонските олигарси глава ги фаќа од таквата можност.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Мислам дека ABC спомна овде некои, интелектуално не многу надарени , физички ситни, татини синчиња со некакво сомнително ИНСТАНТ образование , кои сега седат доволно високо , за да надалеку ги лажат инвеститорите белосветски...???:)
И тоа пак, некакви кобајаги инвеститори ....илити rent-a-investor-и, бидејќи вистинските не се лажат баш така лесно.......
Додека такви дилеи со како мали џокица замислува.....концепции, нема ништо од странско инвестирање....
...од друга страна оние дома, кои имаат гооолема пара за инвестирање, обично се припадници на бившите структури претежно тајно полициски, Кумровачки и слични и тие се со едносмерен ум...по дифолт....знаат само да земаат..башка што амбициите им завршуваат до нивото :најнова кола, голема куќа, доообра женска и .......евентуално винарија..:)
Инаку кога Миле Јанакиевски ќе излезе на TV и ќе даде изјава дека Скопскиот аеродром ќе стане...РЕГИОНАЛЕН центар, тој или е недоквакан ,или појма нема од реалниот живот и односи во околината и светот...или едноставно си се заебава, за да може после со Гwујо да се тркалаат од смеење на штосот како го заебале наивниот народ...:)
................................друго нема.
Македонија е МНОГУ МАЛА земја , без никакви компаративни предности, без ресурси и без сопствен капитал, нема море, нема енергенси, нема инфра структура, нема образувана и квалификувана работна рака, нема соодветни закони и прописи, но има политичка какафонија и нејасна перспектива за својата иднина, покажа дека лесно капитулира на и најмал притисок на една качачка банда, има 15%..тие велат и 30% народ који није одавде и Македонија ја чувствува како алајбегова слама и прчија, има и институционализиран муслимански фундаментализам, од што на нормалните муслимани им се дига коса на глава кога ќе дојдат и видат каде дошле..............итн. итн.
....е сеа се бара концепт како да од оваа ТУРЛИ ТАВА се напраи инвестициски рај :)
...тој што ќе го смисли тоа веројатно ќе биде и првиот Македонски НОБЕЛОВЕЦ...:)
 
shark

Гледај ме у очи
Член од
27 јуни 2009
Мислења
55
Поени од реакции
1
....е сеа се бара концепт како да од оваа ТУРЛИ ТАВА се напраи инвестициски рај :)
...:)
За почеток би било добро целиот искраден капитал од Македонија...
да се врати - реинвестира во Македонија........па дури и да се потроши во Македонија би било значителен успех.....
Сумата не е за занемарување, а принципот е јасен: МИЛОМ ИЛИ СИЛОМ
Мнооогу се удри по грбот на чесниот човек во Македонија:toe:

А доколку сакате да прошетате по инвестицискиот рај - Охрид - понесете си чизми..../ најнова импресија /

--------------------------------------------------------------------------
СРЕЌНА НОВА 2010 ГОДИНА, ДА ПОМИНЕ СО ЛЕСНО
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
За почеток би било добро целиот искраден капитал од Македонија...
да се врати - реинвестира во Македонија
За вакво нешто ќе треба скоро сите бизМисмени (освен можда семкарите и ситните дуќанџии) и во Македонија (и пошироко) да ги испозатворат, а нивните фирми да им стават клуч (не на рака, на катанец).
Тогаш ќе треба и одредени (сега "реномирани" експерти и аналитичари, лидери, подлидери...цели интересни групи) да вратат се.
А сето ова е практично невозможно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom