Зошто дијаспората не инвестира во Македонија?

Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Што мислите зошто дијаспората не инвестира во Македонија ?

на профил добив интересна а можеби и смешна порака зошто дијаспората не инвестирала, наводно:
Напишано од marsovka >
неам пристап преголем до нет моја препорака е да го побараш извештајот tavistock institute каде вели дека македонија ваква кава што ја знаеме ќе се распадне до 2018
иначе тој извештај бил порачан од еден од најбогатите македонци во канада во дијаспората и бизнис групацијата со која соработувал
доволно јасно ?!
Наводно најбогатиот Македонец од Канада се уплашил после извештајот од Тависток Институтот.
Дали има некој повеќе податоци околу ова и е запознает?

и да е вистина која е релевантноста на тој институт да тврди дека Македонија нема да постои каква што е после 2018г?
Дали под тоа нема да постои каква што е се подразбира економијата, се мисли на полошо подобро или ?
и дали ако постојат инвестиции од тие „најбогати“ Македонци низ дијаспората може да се избегне оваа прогноза за непостоење на Македонија каква што ја знаеме ...

Мое видување ... Не инвестираат затоа шо не гледаат личен интерес, колку и да се богати за себе се богати :toe: лаичко видување онака, не сум економист па затоа и темава, ме интересираат мислења на економисти кои знам дека ги имаме на кајгана :smir:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Зошто дијаспората не инвестира во Македонија?

Не се до толку луди:toe:
 
S

smart ass

Гостин
Зошто дијаспората не инвестира во Македонија?

Не се до толку луди:toe:
ТОЧНО!!!

Имаме примери со големи богаташи македонци..покрај гениј-от кој работеше во моторола еден од најдобрите менаџери...потоа до сопственици на спортски клубови(Хокеј НХЛ),маркети,хотели.....

Ова е доволно.

ТУКА:
Имаме Економија во 100 чекори
Имаме Бирократија.
Имаме Корупција.
Имаме катастрофа судство и нерегулирани правно-имотни односи.

последново кај странците многу влијае...

и да е вистина која е релевантноста на тој институт да тврди дека Македонија нема да постои каква што е после 2018г
Па и 2010 нема да биде иста:wink:

Гледано од политички аспект Македонија ќе ПОСТОИ како Држава-но интегрирана во ЕУ значи ДА ќе има разлика...ќе отстапиме(недај боже име) суверенитет на помоќните држави..лисабонскиот договор:toe:


Башка И според Исвештаите на многу разузнавачки агенции се СМЕТА за важно постоењето на Македонија како ДРЖАВА-т.е добро за некои агенции поради логистика,помош.. ,а и проток на инфо(знаете веќе се поделени на стара и нова европа..ние ќе бидеме во новата,(ама-од од нас и бугарија ќе се влече тајни ЕУ податоци)....башка и НАТО.


Ете воглавно тоа е тоа,земени им се повеќе варијанти за спорот со Името(од5-7 год-Судски)Опструирани преговори и условувани....но можност да се не/прифати..,економски параметри,Договори со Држави(за слободна трговија...стратешка соработка-САД)понатаму дисциплирани сме...праќаме војска во НАТО повеќе од грција...во Ирак со Америте..послушноста на нашите ИДИОТИ спрема ЕУ-Лоботомираните политичари,раст на БДП после Југославија,и декади пред распадот,просечен БДП раст и следен чекор е теорија на игри :vozbud:

(Beautiful Mind-)Еве препорака..

Која од многуте опции е најлогична согласно Денешните состојби,потоа проекциите на среден рок и долг(10год),

Откако имаме метод на елиминирање(војна-помеѓу две држави..промена на граници)...што значи овие работи не се земат за сериозни.(тој е според проекциите):toe:


П.С Барам од модераторот ако може да смени дел од воведот на темата,поточно да се отстрани никнејмот.
 

Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
148
Што мислите зошто дијаспората не инвестира во Македонија ?

на профил добив интересна а можеби и смешна порака зошто дијаспората не инвестирала, наводно:


Наводно најбогатиот Македонец од Канада се уплашил после извештајот од Тависток Институтот.
Дали има некој повеќе податоци околу ова и е запознает?

и да е вистина која е релевантноста на тој институт да тврди дека Македонија нема да постои каква што е после 2018г?
Дали под тоа нема да постои каква што е се подразбира економијата, се мисли на полошо подобро или ?
и дали ако постојат инвестиции од тие „најбогати“ Македонци низ дијаспората може да се избегне оваа прогноза за непостоење на Македонија каква што ја знаеме ...

Мое видување ... Не инвестираат затоа шо не гледаат личен интерес, колку и да се богати за себе се богати :toe: лаичко видување онака, не сум економист па затоа и темава, ме интересираат мислења на економисти кои знам дека ги имаме на кајгана :smir:
Ова ми звучи, познато.

Поточно, идентично со прогнозите на Циле во почетокот и средината на деведесетите. Кога лаеше по странски телевизии дека државата ќе се распаднела, а поминаа повеќе од 20 години.
И кој кур е овој институт?

Он: Постот на Vone.
 
S

smart ass

Гостин
И се раазбира...

Напишано од *******
неам пристап преголем до нет моја препорака е да го побараш извештајот tavistock institute каде вели дека македонија ваква кава што ја знаеме ќе се распадне до 2018
иначе тој извештај бил порачан од еден од најбогатите македонци во канада во дијаспората и бизнис групацијата со која соработувал
доволно јасно ?!
ДА.

The Tavistock Institute of Human Relations is a not-for-profit organisation which applies social science to contemporary issues and problems. It was formally founded as a registered charity in 1947.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
без мешање на политика ќе ве молам ... чисто економска перспектива ...

значи кој е институтов кој влијаел на некој начин негативно врз економијата шо позадина има, релевантност, кога е направена анализата ..

дали тој институт ако му „вреди зборот“ со таа анализа влијаел на цела дијаспора да не инвестира во Македоинија?

и сепак ако тој не влијаел поради било кои причини, зошто дијаспората не инвестира во државата - или пак грешам - односно инвестира?
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Пред се главен проблем во земјава е судството, заедно со останатите процедури, катастари, бирократија и слично.

Џабе се сите обиди на Владата да се дава слободна економска зона, намалени даноци за инвестиции и останато кога секој економист покрај профитот кој му е на прво место, сака и сигурност на својата инвестиција. За жал неуспешните приказни во Македонија кога се работи за инвестиции се побројни од успешните.

Еден пример е Врбица Стефанов кој инвестираше во некое земјиште и потоа не знам во детали што како беше, но мислам дека државата му го зема, па парите не му ги враќаа и се оддолжи сетоа тоа по судови (мислам сеуште не е решено).

Уште подобар пример што го читав пред 1 - 2 години.
Наш бизнисмен кој живее во Германија мислам се решил да инвестира во родната Струга. Се работело за фабрика за производство на сокови, која претходно постоела но мислам банкротирала и не била активна. Е сега типов инвестирал 200 - 300 илјади евра и ја откупил целата фабрика, но Претседателот на судот во Струга/Охрид не знам точно како беше бил роднина со поранешниот сопственик.
И иако инвеститоров ги имал дадено парите никако судот не му ја префрлал сопственоста, при што се одолговекувало речиси година дена и нашинецов од Германија речиси ги загубил инвестираните пари.
Не знам како точно заврши приказнава, но ова праќа порака до сите наши иселеници дека тоа што го работеле долги години во странство лесно може да отиде во неповрат овде.
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Тависток Институтот го имам сретнато во книга на Џон Коулман каде доста детално е обработена неговата структура, функција итн (ако ве интересира барајте "Хиерархија на заговорот"). Во превод - авторот тврди дека институтот е инструмент на новиот светски поредок бла, бла, бла, мислам дека приказната сите ја знаете. Одличен изговор за сите оние кои веруваат во тие работи, односно кои мислат дека што и да сторат нивните постапки нема да имаат никакво влијание врз крајниот исход, и тој нема воопшто да зависи од нив. Приказната дека најбогатиот Македонец им пратил писмо му рекле дека Македонија нема да постои, мислам дека за сите во најмала рака е смешна.

Да се вратиме на темата:) Најголем проблем мислам дека е судството. Судството е труло, партизирано, гломазно, со еден збор нефункционално. Второ, административно бирократски пречки, чекањето за регистрација на фирма, купишта документи, и како шлаг на се мито. Тука лежат и причините за НЕ можноста на Македонија да привлече странски инвестиции, џабе се реклами ако ништо во реалност не функционира.
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Зошто дијаспората не инвестира во Македонија?
кој е толку луд ад фрла пари во дупка без дно:baeh::baeh:
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Имав контакт со член на британската инвеститорска групација тука во РМ, инаку Англичанец (со македонско потекло). Единствената причина поради која никој или ретко кој сака да инвестира кај нас е корупцијата и корупцијата во судството нормално.
Тоа за распаѓања и такви мити работи никој инвеститор не ги ни чита. Ги интересираат само парите. Инаку, имаше и интервју на тв еден ден по Букурешт, со главатарот на групацијата, и новинарката се изнамачи да извлече посакуваниот одговор нормално дека ќе ни умре „економијата„ и дека никој нема да инвестира во РМ. Одговорот беше дека „Ние сме бизнисмени а тоа е воено-политичка организација„.
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Како бе не, секој од нив на крај од годината доонира по 1$ :smee::smee:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Со најновите законски решенија на владата за конфискација на објектите и земјиштето,но и драконски казни за оние што имаат изградено објекти со зголемен габарит од пропишаниот,во Македонија ќе престанат да инвестираат и домашните инвеститори,а камо ли странците.Напросто човек треба да биде будала да инвестира во земја каде власта му се заканува со одземање на приватно изградениот објект,доколку имал неколку квадрати поголема површина на и онака тешкото за приватизирање земјиште.
Најновиот Закон за Градба на Миле Јанакиески & Дилетантите(негови другарчиња од детството),придонесе уште поголем пад на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ,како кај домашните така и кај странските потенцијални инвеститори,а богами и кај сите граѓани на Република Македонија.Ако врз тоа се стават и катастрофалните катастарски потврдувања за сопственост,со мал милион документи и елаборати тогаш станува повеќе од сигурно дека никој нема да се осуди дури и индивидуална куќа да направи,па камо ли фабрика.На “честитките“ се придружуваат и скапите енергенси во државава,посебно во делот на акцизи и енормни давачки кој мора да ги плаќаат инвеститорите на одредени монополи за снабдување со истите,како и по 30 пати поскапата вода(како во Прилеп) од набавната цена,но и таксите за ѓубрарина,фирмарина,па и разните Хасапи,Халали и што ти јас знам какви стандарди,кој не се имплементирани ни во земјите на ЕУ.
Будала треба да биде и оној кој би инвестирал во земја каде секојдневно му се закануваат со инспекцијски “црни одреди“,корумпирани локални моќници,но и комуњарски директори од типот на Ѕинго во Кратово,кој располага со “водните ресурси“ на Македонија и без чие одобрение човек не може ни да помисли да отвори фабрика за полнење на вода(како пример),или прехрамбена индустрија од типот на Витаминка во Прилеп,каде ќе ти се нафрлат цело УЈП и сите други државни служби кој бараат сертификати,лиценци,и разни други тракатаници,како против-услуга затоа што директорот Симон му го запослил некому внукот да ниша врата во Витаминка,па овој мора да му се оддолжи.
Друг е проблемот што во ни една друга општина освен во Скопје,нема доволно урбанизирано индустриско земјиште и покрај моите “молби“ да се изнајде бесплатно земјиште во секоја општина со пристапен пат,струја,вода и канализација за секој мал или голем инвеститор,на кого нема да му биде од никаква корист доколку изгради некаков објект за производство во кој нема да вработи луѓе кој ќе му носат профит.
Има уште многу за пишување,амо ова се воглавном главните проблеми со кој се соочуваат секодневно потенцијалните странски или домашни инвеститори,без да го набројувам судството како многупати споменувано но и злоупотребувано од политичките структури во земјава.
Инвеститори не се привлекуваат со разни рамни даноци,ако на инвеститорот не му се гарантира сопственоста на инвестицијата и секојдневно му се заканува опасност со нејзино одземање.:toe:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.287
Поени од реакции
18.113
Што мислите зошто дијаспората не инвестира во Македонија ?
Тој шо печалел пари, нема шајка в'мозок, па да дојди овде да ги фрли туку така во дупката без дно на македонската корпуција, не правда и бизнис окружување.

Во главно сите што пробале да инвестират, едноставно не можеле, заради некоја пречка во нашата администрација.

Имам слушнато неколку стории и сите се со хорор крај.

Само Џорџ Атанасоски издржа, и тоа најмногу затоа што се надева дека ќе биде Претседател на Македонија.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Зошто дијаспората не инвестира во Македонија?
Затоа што и тие, се како и ние, затоа што и ние, сме како и тие, затоа што сите заедно сме за никаде! Ако сите заедно бевме за неа, како таа што е за нас, тогаш сите заедно, топ не не разбиваше. Останатото е само оправдување за нашата магарешка глупост и неспособност, да го согледаме она што ни е единствениот спас на успехот како држава. (се надевам дека ова во Новата 2010 годин ќе се помести кон добро)
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Зошто дијаспората не инвестира во Македонија?
Можеби не инвестираат големи пари, но за мене инвестиција претставуват и парите што дијаспората ги троши кога се дојдени во својте родни краеви,кога градат,кога купуват.Значи лично не се слагам со тоа дека дијаспората не инвестира во матичната си земја, туку проблем претставува колку инвестират.И да не се и тие малку нивни девизи што тие ги трошат,мислам дека економската ситуација би била уште полоша од оваа што е денес.
:salut:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom