Зошто децата се крштеваат (во православието) на својата 1 година?

Дали го одобрувате тоа што друг им ја одбира религијата?!?


  • Вкупно гласачи
    178

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Хм.....точно е дека паганите се покрстиле. А во што е разликата помеѓу паганите и оние народи/поедницни кои не веруват во Творецот? Според мене, нема разлика: и едните и другите се далеку од Христа.
А што ако новороденчето „откине„ на пример, една недела по неговото раѓање? ШТО е тоа кое ќе го изме неговиот вроден грев, наследен од Адам и Ева? Која е неговата можност за влез во Рајот, онака, некрстено? КАКО може некој нечист (со гревови на грбот) да влезе во Рајот? Зашто тогаш Христос им заповеда на Апосотлите да „..одат о да ги крштеваат сите народи, во името од Отецот и Синот и Светиот Дух..„?
Морам да ти предочам дека ти фалат три работи во твојот пост..па ќе може да се крштеваат бебиња..
Прифаќање на словотo...
Кажи ми..Као дете ќе се крсти..кога не го прифатило словото..

Верата..
Кaко дете новороденче..може да има вера и да верува со срце во Исус...

И третото Покајание..
Баш би сакал да го видам тоа.Бебе да се покае..
Јас ја читам Библијата и никаде не сум сретнал пример на крштевање на дете..само на возрасни луѓе..
На крај...ако "откине"..не го наследува гревот на Адам и Ева..
"Имено, гревот беше во светот уште пред законот, но гревот не се засметува кога нема Закон".
 
Член од
1 февруари 2007
Мислења
408
Поени од реакции
15
Морам да ти предочам дека ти фалат три работи во твојот пост..па ќе може да се крштеваат бебиња..
Прифаќање на словотo...
Кажи ми..Као дете ќе се крсти..кога не го прифатило словото..

Верата..
Кaко дете новороденче..може да има вера и да верува со срце во Исус...

И третото Покајание..
Баш би сакал да го видам тоа.Бебе да се покае..
Јас ја читам Библијата и никаде не сум сретнал пример на крштевање на дете..само на возрасни луѓе..
На крај...ако "откине"..не го наследува гревот на Адам и Ева..
"Имено, гревот беше во светот уште пред законот, но гревот не се засметува кога нема Закон".
другар читај ги постовите пред да поставиш прашање на кое има одговор веке напишано и кажими од кога гревот е постар од законот
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
другар читај ги постовите пред да поставиш прашање на кое има одговор веке напишано и кажими од кога гревот е постар од законот
Извини јас онака со Мики..сакав да продискутирам..повеќе..
А она за гревот не е мое мислење туку цитат..Римјаните 5:13
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Морам да ти предочам дека ти фалат три работи во твојот пост..па ќе може да се крштеваат бебиња..
Прифаќање на словотo...
Кажи ми..Као дете ќе се крсти..кога не го прифатило словото..

Верата..
Кaко дете новороденче..може да има вера и да верува со срце во Исус...

И третото Покајание..
Баш би сакал да го видам тоа.Бебе да се покае..
Јас ја читам Библијата и никаде не сум сретнал пример на крштевање на дете..само на возрасни луѓе..
На крај...ако "откине"..не го наследува гревот на Адам и Ева..
"Имено, гревот беше во светот уште пред законот, но гревот не се засметува кога нема Закон".
Да, бебето неможе да го прифати словото.
Да, бебето неможе да верува.
Да, бебето неможе да се покае.
Но затоа постои кумот, кој е застапник за бебето/кумашничето и како веќе напишав, самиот (кум) треба да биде крстен и да верува во Творецот за да знае, да биде свесен што прави на чинот од крштевањето од кумашничето а не да биде како дојденец од друг свет.
Возрасни луѓе се крштеваа на почетокот од Црквата, оти, кој друг би поверувал и се крстил ако не свесно битие?
А бебето, ако „откине„ (постојат реални случаи, еден таков знам и самиот) тогаш бебето НЕМА покритие за наследениот, првородениот грев од нашите прародители. Без крштевањето на мала возраст, првородениот грев останува НЕИЗМИЕН и бебето оди од овој свет со тој грев на грбот. Крштевњето на мала возраст го мие (буквално!) првородениот грев, а сите гревови кои подоцна ќе ги направи пораснатото бебе, ќе му бидат нему припишани (на пораснатиот). Миењето на стекнатите гревови се врши со Светата тајна покајание-исповед.
Крштевањето не е гаранција дека бебето , кога ќе порасне. ќе поверува во Христа. Може да поверува но може и да остане неверно цел живот.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Да, бебето неможе да го прифати словото.
Да, бебето неможе да верува.
Да, бебето неможе да се покае.
Но затоа постои кумот, .
Знам оти се вртиме во круг..и тоа секој во својот..сепак...Да довршам..Кршевањето нема директна врска со спасението..уште помалку печатот од МПЦ...Потребни се вербата и покјанието...Кумот неможе во ничие име да прифати покајание...и прифаќање на вера...
За гревот уште еднаш...„Оставете ги децата и не им пречете да дојдат при Мене, зашто на таквите им припаѓа небесното царство.” Ако Исус можел да каже дека на децата им припаѓа божјото царство..кои сме ние да велиме дека нема за нив Рај, ако не се крстени..?!
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Цитираниот стих се однесува и на Светата тајна причест, која во православната Црква не е ограничена за децата, т.е. децата немаат обврска да постат и да се исповедаат пред да се причестат. Затоа , Христос ги повикува и децата, оти нивнито ум не е оптеретен со есапење и злоба, туку е подоста чист.
За да не се преповторувам и јас, ќе кажам само тоа дека она кое го пишувам на форумов, претставува ред во православната Црквка, кој е веќе утврден и кој , доколку подобро се познава а уште повеќе и практикува, има своја длабока логика и потреба.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Е ако бе, и таквиот став е произовод од слободната волја. Со своја награда и казна, разбира се...од после, нема „лутиш„.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Е ако бе, и таквиот став е произовод од слободната волја. Со своја награда и казна, разбира се...од после, нема „лутиш„.
Отпосле?..........што отпосле?.... нема отпосле!.....не постои отпосле!
Ај по илјадити пат да ви ја повторам вашата филозофија....не гледај сега што ти се случува...отпосле те чека најдоброто:tapp:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
А темата е „зошто децата се крштеваат...„...
Мислам дека е неумесно да зборуваш за „нашата„ философија (која и не е философија, туку вера) особено ако немаш никакви познавања од неа.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
А темата е „зошто децата се крштеваат...„...
Мислам дека е неумесно да зборуваш за „нашата„ философија (која и не е философија, туку вера) особено ако немаш никакви познавања од неа.
Па самото крштевање е производ на таа филозофија (пардон...вера) не можеш да ги раздвоиш...не се изведува крштевањето туку-така..корените му се во религијата.
А овдека читам дека и самите христијани имаат сто и кусур различни ставови околу оваа постапка.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Разбира се...а оние кои не веруваат, имаат само еден и ист став...погоди кој!
 

Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Не гледам ништо лошо во родител кој е православен кристијанин да одлучи да го крсти своето дете и да го одгледува и воспитува уцејки го за црквата и празнувајки ги заедно со него православните празници. Исто како што ке одбере дали тоа ке оди во градинка или ке го чува баба или пак дали ке оди во првиватно или државно школо. Подоцна ако тоа одлучи дека не се пронаога во таа религија слободно може да си се сврти на друга страна и да стане атеист, будист или нешто трето.. четврто да не ги редам.
Човекот почнува да учи уште од неговото раѓање. Тој прима информации од неговата околина. Доколку прими такви информации какви што, доколку една од нив ја земе за вистина,а ќе ја земе, затоа што многу е мал, сеуште е детенце, неможе да докаже дека не е вистина, тогаш за вистина ги зема и сите тие информации. А сите тие информации, во една целина, се така направени да ако тие информации ги сфатиш како вистина, тогаш непостојат шанси, или тие се многу мали, да ја докажеш реалната вистина, да докажеш дека тоа што го мислиш всушност и не е вистина. Така да...навистина детето има право на слободен избор?! Детето тогаш сеуште не е свесно за себе да може да носи одлуки, може лесно да биде излажано..последица од ова е големиот број на христијани...
Хмм...мислам дека ова го напишав или го прочитав на форумот, ама ќе го повторам:
Вистините во религијата се вистини само за верниците, за сите останати, се лаги. Значи, никој не се родил како верник...туку верник станал по неговото раѓање, одкако му се кажале некои лаги ( нели вистините во религијата беа вистини само за верниците, за сите останати, и за детето, тие се лаги..има некоја друга логика тука?!..не )...
Што коментираш ти Мики1 на ова...?
 

Ece

*Sunshine*
Член од
7 јули 2006
Мислења
2.567
Поени од реакции
47
Не гласав бидејќи не сум сигурна, но јас имам размислувано на овој начин за името. Зар не е глупаво друг да ти го бира името уште додека си бебе?
Глупаво е, но не можеш до 18 години (на пример) да си без име. :toe:
Така е и со религијата. Глупаво е што ни ја бираат други, да, ама не можеме да бидеме без религија додека не станеме способни за таква важна одлука. Кога ќе размислам, се согласувам со тоа. Верата според мене е нешто што припаѓа, а не се бира како облека кога одиме во шопинг. :toe:
Сакало или не, детето е тоа што се, тоа што биле родителите, припаѓа онаму каде што е и што и да е, и нема право да го менува тоа. Апсурдно ми е кога некои менуваат религија за да се венчаат со некого од другата вера. :lut:
Зар нема доволно девојки/момчиња од нашата вера?
 

Lavanda

Модератор
Член од
18 април 2008
Мислења
676
Поени од реакции
66
Јас пак вака мислам , самото крштевање на детето значи миропомазание нели??, со тоа подразбирам прочистување на телото и духот на доенчето, затоа што нели пишува дека на овој свет доаѓаме грешни, и каде е напишано дека со самото крштевање на некому наметнуваме религија или вера??? Еве јас лично познавам пријатели кои се крстени во црква ама не се верници, и едноставно не ги замара толку тоа дека се крстени, нашата вера е многу слободна во врска со тоа прашање на никому не му е наметната верата во Бог, секогаш имаш избор, ќе веруваш или не сепак е одлука на самиот човек. И затоа верувам дека Крштевањето е само како знак во каква фамилија си роден и воспитан од религиозни родители пред се Христијани, крстениот и може и а и немора да продолжи да биде верник, сепак со самото Крштевање во името на Отецот, Синот и Светиот Дух, стануваме забележани пред Бога или како дел од Стадото на Семоќниот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom