Зошто девојките не ги сакат добрите момчиња?

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
Ни 10% нема да дознаеш за неа како твоја девојка, како што ќе дознаеш како другар.
Што всушност сакаш да дознаеш за твојата девојка, како што би дознал како нејзин другар? Колку пати спиела со нејзиниот бивш дечко? Која и е омилена поза? Дали му бил мал? Дали ја задоволувал? Дали имала 1,2,3,,,,20 пред тебе? Дали го сакала повеќе од тебе? Како си поминувале на одмор? Дали го третирала како крал или како пролазна станица?

Велиш дека твојата идна девојка/жена ќе скрие многу мрсни детали од тебе поради страв, срам и.т.н.
Види Суси, ако веќе бараш, треба и да даваш, нели?
Ти на твојата идна девојка/жена ќе и се исповедаш за мрсните детали од твоето минато? Или мажите е оправдано да имаат мрсни детали кои не треба да се споделуваат? Или пак мажите немаат мрсни детали во својот живот? Или пак сметаш дека твојата девојка/жена ќе сака да слуша приказни за сите жени во твојот живот?

Тоа што веќе се случило, веќе нема назад. Минатото треба да остане таму каде што припаѓа. Ако било убаво, немало да биде минато и минатото е нешто што не може да се промени.

Никогаш не се поставувам во улога на морален судија на никого. Секој сам си е одговорен за своите постапки. Секој сам треба да си ги согледа своите грешки и да си ги сноси последиците, без разлика дали биле добри или лоши одлуки.

Емоциите се заебана работа друже. Нити жените се имуни, нити пак мажите. Сепак сме луѓе, без разлика дали сакаме или не сакаме, едноставно емоциите се тука и се случуваат. Планирано или не, повторно се тука. И без разлика колку 1 човек се труди да ги исконтролира своите емоции, понекогаш ќе излезат од контрола, и тука човек паѓа на колена. И тоа е факт.
Многу полесно е кога гледаш од страна, како набљудувач. Арно амааааааааа кога ќе ти се случи лично и на твоја кожа, е тогаш пиле едноставно не можеш да размислуваш со својата глава, нити пак да бараш логични одговори или логични постапки, кои во поинакви услови би ги направил сосема поинаку.

П.С. Е сега замисли, одиш по улица и пред тебе, се појавува Ареж. Ти се сечат колената, мозокот престанува да ти работи, губиш глава и автоматски ги забораваш сите ТВОИ напишани есеи, реферати, трудови и целиот бурек изеден на Кајгана за жените :icon_mrgr:
Во таков случај те молам да најдеш сили и да ни напишеш на Кајгана „Луѓе, животот не е нечија статистика, туку лично ваш. Еден и единствен. Неповторлив“:pipi:
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.657
Поени од реакции
34.948
Станко од ФИНКИ е популарен избор за дечко сега? Не тролам, озбилно прашувам.



Сега ќе ти одговорам на прашањава и воедно и ќе ти ја откријам "тајната" што не е уствари никаква тајна, работиве што ги пишувам тука од каде ми се и како сум стигнал до нив.

Во животот кога се во прашање социјални ситуации сум сакал да знам, да научам некои работи, да стекнам што повеќе информации од што повеќе разноврсни страни.
Кога една другарка моја го извара дечко и на одмор во Грција со Грк, можев да и морализирам, да и држам предавања, да и викам ти си оваква, ти си онаква. Наместо тоа јас не настапив во улога на морален судија туку се заинтересирав за повеќе информации. Ја прашував како дојде до тоа, што конретно се случувало вечерта, каков бил Гркот, што поточно и се засвиѓало кај него. Кога луѓето, посебно девојки ќе видат во тебе човек што под а) не ги осудува и под б) држи дискреција, ти веруваат и ти кажуваат и повеќе и понезгодни работи. Затоа што некогаш ти ќе бидеш Гркот или пострашно дечко и. Некогаш ти ќе бидеш од другата страна на слушалката. Контактирав со секакви луѓе, седев со секакви во кафана, нормално не сите ми станаа ни блиски другари, нити пак девојки. Постои дебела причина зошто со тие од примерот погоре само сум се дружел. Сакаш да не ти се случи ова на пример:


седни некој пат на кафе со некоја која има потенцијал да го направи тоа. И што ако го прекинев чешитот? Следниот пат ќе беше направен без мое присуство. Јас лично никогаш не бил направил такви работи, никогаш би немал доверба во такви девојки, ама за да ги познаеш таквите девојки, треба да ги запознаеш таквите девојки. Едно нешто најбитно посебно за жени ќе ти кажам:

Ни 10% нема да дознаеш за неа како твоја девојка, како што ќе дознаеш како другар. Најбитните работи се учат од другарките и познаничките. Ехе на колку им играв на свадби, прашувајќи се дали нивните сопрузи ги знаат работите јас што ги знам (нормално дека не ги знаат). Твојата идна девојка/жена ќе скрие многу мрсни детали од тебе поради страв, срам и слично. Ти мислеше дека ти се усреќило и си фатил еснаф девојче пошто ти раскажала се за својот живот и можеш да направиш проценка за неа од кажаното? Think again! Ама од другарите и другарките нејзини нема да скрие многу работи, а посебно нема ако не изиграваш морален судија и ако не ги трачариш наоколу.

Е од таму Лестер ги црпам работите за луѓето и жените. Затоа што тие 4 точки погоре што ги спомна погоре сум ги држел за себе. Да не било така ќе го немав ова непроценливо социјално искуство што ниедна пара не го плаќа. Овие работи не ги сонив и не ги измислив. Ги стекнав како искуство затоа што седев и со пијаници и со екс хорсајли (и место да ги осудувам детално ги распрашував за се), преваранти, фини девојки, нефини девојки. Тоа не значи дека ги сакав, дека ги ценев, дека ги почитував сите или дека во себе ги оправдував нивните постапки. Ама за да седнам на едно кафе, на некоја ракија, да направам муабет, да научам нешто, толку требало.

А еве и нешто лично за мене ќе ти кажам. Моето искуство со моите девојки било многу добро, и сега некој ќе праша-Епа ако било многу добро, зошто пишуваш тоа што пишуваш? Па баш затоа што сум знаел некои работи сум направил да биде многу добро. Тоа е исто како некој да те праша-Па како го проживеа автопатот на смртта? Па баш заради тоа што ги знаеш сите кривини, потенцијалните одрони на земја, каде е лизгаво, каде има дупки по асфалтот, затоа. Ама тоа не значи дека патот е многу добар само затоа што ти си знаел како да го преживееш.

Затоа кога тука на форумов луѓе а и во вистинскиот живот мислат дека претерувам за некои работи, ги разбирам зошто мислат така. Затоа што се движат и избираат луѓе само од својот бабл (меур), а ги избегнуваат тие останатите со друг бабл што се. Затоа и ти ми ги поставуваш овие прашања. Затоа што луѓе со твоите прашања и заклучоци би постапиле под твоите подточки и правејќи го тоа ќе добијат само површна слика за нивниот соговорник, само убавите работи што тој сака да ги истакне. Другите работи ќе ги скрие затоа што се плаши или срами дека ќе го осудуваш или покажуваш со прст пред други. Секој/а ќе ти се смешка, ќе ти прави фин муабет. Кој/а ќе ти каже-јас сум преварант, лажам луѓе за работни визи во Словенија (на пример). Или јас кај маж гледам само пари, друго не ме интересира. Кој ќе ти ги каже тие неубавите работи? Е тоа е Лестер, што знам, како знам, зошто знам и од каде знам. Некои работи, не се.

За крај изгледај го видеово за црнецов. Црнец што се дружел со ККК па дури и им помагал, се грижел за нивните фамилии и слично. Сите црнци го осудувале и дури и му се заканувале зошто го прави тоа што го прави. Ама па затоа тој успеал да стигне до менталниот склоп на своите непријатели, да ги сфати нивните побуди, нивните мотиви, нивните причини. А тоа е многу потешко отколку да ги опцуеш или да се степаш со нив.


Школа е Лестер. Ја плаќаш како тепан и ебан или како набљудувач на некој кој е тепан и ебан. За да не бидеш утре ти.
Побратиме, имаше една приказна за ова, не е ова процес во фабрика па ајде ќе најдеме best approach, секоја е различна, никогаш нема да успееш да ги научиш табиетите на сите.

Луѓето се менлива работа, денес може да ја запознаеш како добра и културна, ама со тек на време да промени одредени размислувања/сфаќања/табиети.

Друга работа, и да се приближиш, ти ќе се приближиш на некоја рандом, а не на таа со која ќе одбереш да градиш врска, или нешто посериозно. Тие што ќе ти дадат да им станеш другарче на кое ќе кажуваат што правеле и со кого, ти се веќе во френдзон и никогаш нема да излезеш. Значи, пак ќе треба да анализираш и анализираш со години дали некоја вреди, или не.

Јас и ти како мажи би реагирале тотално различно во различен тип на ситуација, зошто, затоа што имаме како прво различен карактер, изграден под различни околности, и различни верувања, епа слично е и кај жените.

Гледај останатите работи да ви се поклопуваат, немој многу да правиш анализи, не сме на берза.
 
Последно уредено:
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Некако се поделивме женска и машка страна :)
Се на се, нема женско и машко размислување. Се е до карактерот и табиетот на личноста. Да и јас знам куп девојки/жени кои сакаат да глумат лудило и недостаток на емоции и исполнетост дополнуваат со его трипови. Зарем мажите немаат манир за фалење кого легнале?
Се е варијација на иста тема ама се сведува на самиот карактер.
Никад не ми пречело кој што и зошто прави..Негов живот, негови моменти, негов избор. Ама ми пречат многуте душебрижници кои ти го испитуваат минатото до трето колено наназад небаре тие самите секоја недела одат на литургија и помагаат во народна кујна.
Ако решам да бидам со тебе, не ме интересира времето пред мене ниту тебе треба истото да те интересира. Живееш сега и тука и ако можеш да се вклопиш одлично, ако не, зачлени се во партија и барај грешки на противкандидати.
Живото се живее, не се троши на анализирање. Добри момци, лоши момци, најмалку е битна класификацијата: или ти фаќа или не.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.677
Поени од реакции
4.793
Сите сме различни,сите сме посебни,сите сме камелеони,сите сме вакви -онакви ... ништо не е битно

"Но жените може да ви направат многу повеќе него што мислите,море жена шо може да ти науми "... бла бла опасно

Не е важно ништо освен сега, оти само така ќе го живееш животот...



Епа ајде и мислењето на Ванѓа да го слушнеме(една од пoинтелигентните жени што живеела на овие простори)


 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.704
Поени од реакции
22.123
Ова нема никогаш да заврши. Се ла ви.

@Sussaro
А не си размислил на пример вака: Таквите девојки не се мнозинство, ги има доста. Но сепак не се мнозинство. Повеќето сакаат да се нормални и да побараат некој дечко што им се свиѓа, ама ете наидуваат на некој што е пандан на твоите приказни, само од машка страна. И уствари дека има некаков баланс, на (да речеме) лошите во оваа приказна.

Еве имам растено во доста декадентна околина и можам да ти кажам дека иако знам примери кајшто жените се негативци, знам повеќе примери кајшто приказните што ги кажуваш се мачји кашаљ во споредба со тоа што им е направено на некои девојки. Ако споредуваме еве со најголемата глупост што ја направила девојката, се ебела со Гркот... Јас зборам за уништување на живот, заебување до тој степен да не може никад да се опраи.
Иако со Корвус не се согласувам за категоризацијата на луѓе, се согласувам дека постојат генерациски разлики. На времето агресијата кај мажите беше на многу повисоко ниво. На пример кога бев средно немаше ден во тие школите на УЦ што завршуваат ЕМУЦ, ЕТУЦ, АСУЦ, масуц да нема инцидент. Петок, сабота немаше локал кај што немаше минимум една тепачка и тоа мислам на нормалниве локали дали Дипломат, Менс, Мејк Ап, Манда, Бони, Ани, Булевар... За биртиите и да не почнувам. Порано насилството, агресивноста кај мажите беше значително повисока и понагласена. Така што, да нема што да не ти верувам, жените беа под поголем пресинг и тортура и физичка и психолошка, тоа дури и беше честа појава, не само изолирани случаеви. Немаше кој да ти помогне, на кого да се обратиш, развод се уште беше табу тема, се трпеше се поради децата. Не би сакал да сум жена во екс ју и 90-ти. Сега сето тоа е драстично намалено, посебно во урбаните средини.

Што всушност сакаш да дознаеш за твојата девојка, како што би дознал како нејзин другар? Колку пати спиела со нејзиниот бивш дечко? Која и е омилена поза? Дали му бил мал? Дали ја задоволувал? Дали имала 1,2,3,,,,20 пред тебе? Дали го сакала повеќе од тебе? Како си поминувале на одмор? Дали го третирала како крал или како пролазна станица?

Велиш дека твојата идна девојка/жена ќе скрие многу мрсни детали од тебе поради страв, срам и.т.н.
Види Суси, ако веќе бараш, треба и да даваш, нели?
Ти на твојата идна девојка/жена ќе и се исповедаш за мрсните детали од твоето минато? Или мажите е оправдано да имаат мрсни детали кои не треба да се споделуваат? Или пак мажите немаат мрсни детали во својот живот? Или пак сметаш дека твојата девојка/жена ќе сака да слуша приказни за сите жени во твојот живот?
Пак за мене лично. Абе најмалце е тоа битно. Дарки јас сум хуманоиден робот правен по АИ и пуштен и во живо и виртуелно на форумов порад тестирање и trial дали ќе поминам успешно и незабележително. Ај читај ме како да сум таков.

Еве да земеме еден пример. Често како патерн се појавува следнава ситуација: девојка кога раскинува долгогодишна врска следниот дечко да и биде она што енглезите го викаат rebound boyfriend. Значи дечко кој во нормални услови не би го имала затоа што не ти одговара по икс основи, но сега ти е достапен за да го преболиш бившиот. И сега тој тип вложува во врската, емотивно се внесува, почнува да се топи како сладолед или да ја гледа како вода во очи како што викаш ти, за после неколку месеци да биде фрлен како партал.

Мислиш она ќе му каже кои и се намерите? Дека уште болува, го мисли и го сака бившиот? Дека овој сега и служи само како алатка, како средство, како лек? Нормално дека нема затоа што нејзе и е убаво сега во моментот, кризите се ублажени, менталниот склоп и е подобар, емотивно не е најсјајна но е далеку подбра отколку да беше скроз сама пост раскинувањето. А кога апчето ќе биде испиено, кога алтката ќе биде употребена за својата намена се знае што следи. И што треба сега, јас (не јас де некој Петко) да се ослонам ЕДИНСТВЕНО И САМО на тоа што она ми го кажува а не го мисли, или она што го мисли а не го кажува? Која девојка ќе каже-Слушај, ти си тука како провајдер на некоја ментална, сексуална, емотивна потреба додека не се средам од ударов. Така се погоди да си во близина периодов, во нормални услови не си баш профил на дечко за мене. Кога ќе застанам на нозе толку ќе биде од тебе.

Затоа ако некој мој близок ми каже дека влегол во врска со девојка што скоро раскинала 7 години врска ќе му кажам да пази, да прати ситуација, да отвори очи и ќе му го објаснам ова погоре. Секако ќе му напоменам дека тоа не значи дека 100% и неговиот случај е таков, но дека овој патерн се појавува доволно често за да биде занемарен па да не го земе во обзир. А во меѓувреме може ќе му се појави некоја одлична шанса со друга девојка која овој ќе ја одбие затоа што се посветил на другава. На крајот ни врапче во рака, ни гулаб во дланка, и змија ќе го апне и магаре ќе му го бапне. Сфаќаш од прилика како функционира сега ова?



Тоа што веќе се случило, веќе нема назад. Минатото треба да остане таму каде што припаѓа. Ако било убаво, немало да биде минато и минатото е нешто што не може да се промени.


Нели мислиш дека е фер ако некои работи, кои и да се тие, го интересираат и ги праша да му ја каже вистината, па со такви чисти сметки тој самиот да си одлучи дали и што ќе прави? Јас мислам дека е фер. И што мислиш, ќе му ги каже? Знам, знам не ми кажувај, знам што ќе кажеш:

Се е индивидуално и зависи од случај до случај.

А сега не толку површински. Колкави се шансите да биде отворена, а колкави да скрие?


Емоциите се заебана работа друже. Нити жените се имуни, нити пак мажите. Сепак сме луѓе, без разлика дали сакаме или не сакаме, едноставно емоциите се тука и се случуваат. Планирано или не, повторно се тука. И без разлика колку 1 човек се труди да ги исконтролира своите емоции, понекогаш ќе излезат од контрола, и тука човек паѓа на колена. И тоа е факт.
Многу полесно е кога гледаш од страна, како набљудувач. Арно амааааааааа кога ќе ти се случи лично и на твоја кожа, е тогаш пиле едноставно не можеш да размислуваш со својата глава, нити пак да бараш логични одговори или логични постапки, кои во поинакви услови би ги направил сосема поинаку.
Знаеш која е можеби најбитната работа што ја научив во животот? Еднаш и ја споделив тука на форум, дури и ја болдирав:

А тоа е можеби и најбитното нешто што го научив во животот- Не се носат важни животни одлуки под емотивен набој.
Енглезите имаат узречица-Assumption is the mother of all fuckups.
Не е точно-Emotion is the mother of all fuckups.

Емоции вараат Дарки. Тоа е главниот проблем општо кај луѓето, со вас жените поготово и затоа не можам секогаш да ве сфаќам озбилно. Се ослонувате премногу на емоција како основа за аргумент, како основа за проценка, за анализа, за расудување, за одговарања на сериозни прашања и животни одлуки, за критичко размислување. Не приметуваш како држави каде што емоциите се ставаат во преден план се позатуцани и понеразвиени од оние каде што прво се размислува? Спореди Скандинавија со арапски земји, Северна со Јужна Америка. Спореди северна и јужна Италија, над и под Рим.

Сканк Анаси имаат совршена песна за тоа:


Just because you feel good, doesn't make you right. Ама и обратното. Знаеш јас низ каков емотивен пекол проаѓав кога ги оставав цигарите? Да се ослонував на емоциите, сега уште ќе пушев.

П.С. Е сега замисли, одиш по улица и пред тебе, се појавува Ареж. Ти се сечат колената, мозокот престанува да ти работи, губиш глава и автоматски ги забораваш сите ТВОИ напишани есеи, реферати, трудови и целиот бурек изеден на Кајгана за жените :icon_mrgr:
Во таков случај те молам да најдеш сили и да ни напишеш на Кајгана „Луѓе, животот не е нечија статистика, туку лично ваш. Еден и единствен. Неповторлив“:pipi:
Пак за мене лично. Ајде, ок. Карактеристика на најблиските пријатели околу мене е директноста во комуникацијата. Ако јас не можам да ти кажам што мислам колку и да е тоа тешко за варење, ако ти се налутиш за тоа, ако треба да комуницирам со тебе како да газам на јајца нема да ми бидеш во најблиско опкружување. Тоа е работа која јас лично исклучително многу ја вреднувам. Ако се случи ваква работа имам прекрасни другари кои ќе ме "шамараат" без да ме штедат. Ако треба и буквално, без наводниците.

Побратиме, имаше една приказна за ова, не е ова процес во фабрика па ајде ќе најдеме best approach, секоја е различна, никогаш нема да успееш да ги научиш табиетите на сите.

Луѓето се менлива работа, денес може да ја запознаеш како добра и културна, ама со тек на време да промени одредени размислувања/сфаќања/табиети.

Друга работа, и да се приближиш, ти ќе се приближиш на некоја рандом, а не на таа со која ќе одбереш да градиш врска, или нешто посериозно. Тие што ќе ти дадат да им станеш другарче на кое ќе кажуваат што правеле и со кого, ти се веќе во френдзон и никогаш нема да излезеш. Значи, пак ќе треба да анализираш и анализираш со години дали некоја вреди, или не.

Јас и ти како мажи би реагирале тотално различно во различен тип на ситуација, зошто, затоа што имаме како прво различен карактер, изграден под различни околности, и различни верувања, епа слично е и кај жените.
Абе човек, пак ќе кажам, патерни се во прашање. Нити вашите животни се до толку уникатни и неповторливи, ниту ситуациите со кои секојдневно се соочувате. Ниту пак се моите. Иначе секој ден ќе бевме под пун курац импресии од се што се случува околу нас како бебе кога осознава работи па се му е интересно. Како другарче се информираш за патерните. Како дечко/сопруг ги препознаваш тие патерни. Не се апсолутно идентични, како што не се апсолутно идентични симулациите на авионските несреќи што пилотот ги проаѓа. Но тоа не значи дека ги нема и дека не можеш да ги идентификуваш ако си посветил доволно внимание.

Еве замисли многу сакаш да го посетиш Неапол или Наполи, кој како милува, град познат по џепароши и скемери. Ама сва среќа имаш другар кој живеел таму за да ти даде совети, типсови, препораки и цаки, што да одбегнуваш и слично. Ќе го прашаш или ќе си кажеш-Абе секој случај е различен, секоја ситуација е различна, колку џепароши толку табиети, џабе што го прашувам на крај пак може да бидам ограбен, не можам да знам со сигурност.

Еве ти и документарец на таа тема, многу е добар, да го изгледаш.


Некаде на 7-ма минута од документарецот, типов кој е експерт за џепароши со долгогодишно искуство кажува за патерни на препознавање на џепароши, како се однесуваат, што прават, кој им е боди ленгвич. И сега ти ќе му идеш на типов и ќе му кажеш дека не е ова процес на фабрика, дека секој е различен, дека нема да ги научи сите, дека се е индивидуално и зависи од случај до случај? Еве ѕирни макар од седма минута неколку минути.

Не знам како не разбирате и како на друг начин да ви објаснам, дека човекот и неговото однесување варира по некои основи но не е дека се е уникатно и непредвидливо. Луѓе прават докторати за разни однесувања на припадници на различни култури низ светот. И што сега, да одиме и да им кажеме да го фрлат докторатот во канта затоа што на крај се е индивидуално и зависи од случај до случај? Дека ти знаеш некој член од таа култура што не се придржува до работите што таму се опишани? Дека треба да се ослониме и да фрлиме се на карта среќа и случајност?

Гледај останатите работи да ви се поклопуваат, немој многу да правиш анализи, не сме на берза
Животот е берза. Колку порано го сфатиш тоа, толку подобро.
 
Последно уредено:
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.252
Поени од реакции
3.176
Никој нема идеални родители, младост, неискуство, притисок да се создаде нешто, сето тоа остава траг во односите со децата. Ама да даваш оценка за родителот имаш право само кога ќе достигнеш на неговата возраст. Па и не е твое да даваш мислење, оти не го знаеш мислењето на твоите деца за тебе, ќе се изненадиш еден ден кога ќе добиеш токму таква оценка како и твојот татко(мајка).

Во тој случај си наебал од страв од жена, која е разликата?
1634819679585.png
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Што се однесува до машка емоционалност, топење сладолед и животот со смисла, дозволете ми да ви раскажам една приказна.

Седиме мешано полово друштво 4 женски и 3 или 4 машки во станот на една од девојките. Сите (сега веќе екс) форумџии. И тргнува вечерта алкохол, фиш...
Почнува тема на муабет кој е попатетичен, машки или женски. Тој муабет кратко траеше, со апсолутно мнозинство заклучивме дека мажите се попатетични. Надоврзувајќи се на таа тема, меѓу девојките почна муабет чив дечко е попатетичен. Е тука настана жестока дискусија и дебата која траеше се додека една од нив не предложи еден генијален начин како да се разреши дилемата, што веднаш без размислување беше прифатен. Да им се јават и да ги стават на спикерфон.

Никогаш ни пред ни после тоа не ме јадел толкав туѓ срам. Сакав во земја да пропаднам, сакав да ги прекинам разговорите, ама што фајде, секако јас а бил a не бил таму тоа ќе се случеше, вака ќе бев партибрејкер, плус од каде ќе учиш и стекнуваш искуства за да ги пишуваш овие работи. Еден од дечковците беше охриѓанец. Луѓе, апсолутно ништо на светот не е попатетично од охриѓанец како се лигави на телефон со охридски дијалект. Секако, победникот беше тој, не само поради дијалектот, се испостави дека е реално најпатетичен. А не заборавајте дека после тие дечковци требаше да ги гледам во живо и да правам муабет со нив.

Needless to say, ниту еден од тие дечковци не е сега со тие девојки, сите беа исшиканирани порано или подоцна. Значи дечковциве не згрешиле ништо па овие да им се светат. Се ова беше направено онака, за вечерта да биде поинтересна, да победиш во натпреварот на имање најпатетичен дечко, за забава. За девојкиве се ова беше една забавна, смешна, хумористична ноќ. Каква грижа на совест, каков бутур. Еден дури и примети дека е на спикерфон и кога ја праша зошто, оваа како од пушка му одговори дека е во Ве Це и се шминка/спрема па затоа, што е само доказ плус колку итро, проникливо и брзо може да биде женско фатено во незгодна ситуација.

Е така дечки, додека вие ја топите како сладолед, ја држите на дланка и и изразувате љубов и се тоа, другарки нејзини и некои бараби пукаат сеир од другата страна на слушалката, мониторот...

И не само ова, да знаете вашите девојки што чуваат, од СМС пораки (на времето повеќе), принтскринови, скриншотови и се што остава електронски траг, кои подоцна се споделуваат со другарки некогаш заради заедничка анализа што си сакал ти да кажеш, колкав шупак си излегол на тој и тој чат и слично, а некогаш е овака за забава и мајтап. Памет во глава, толку ќе ви кажам.
Абе дечкото испаднал шупак,ама девојката испднала тешка идиотка.После истата ќе се лигави како веќе немало добри момци,сите биле кретени.
 
Член од
8 октомври 2020
Мислења
25
Поени од реакции
64
Абе дечкото испаднал шупак,ама девојката испднала тешка идиотка.После истата ќе се лигави како веќе немало добри момци,сите биле кретени.
Нема веќе добри момци кои се вредни за дејтање, биле кретени бидејќи одбрале друга наместо неа.*
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.610
Поени од реакции
26.118
Иако со Корвус не се согласувам за категоризацијата на луѓе, се согласувам дека постојат генерациски разлики. На времето агресијата кај мажите беше на многу повисоко ниво. На пример кога бев средно немаше ден во тие школите на УЦ што завршуваат. ЕМУЦ, ЕТУЦ, АСУЦ, масуц да нема инцидент. Петок, сабота немаше локал кај што немаше минимум една тепачка и тоа мислам на нормалниве локали дали Дипломат, Менс, Мејк Ап, Манда, Бони, Ани, Булевар... Порано насилството, агресивноста кај мажите беше значително повисока и понагласена. Така што, да, нема што да не ти верувам, жените беа под поголем пресинг и тортура и физичка и психолошка, тоа дури и беше честа појава, не само изолирани случаеви. Немаше кој да ти помогне, на кого да се обратиш, развод се уште беше табу тема, се трпеше се поради децата. Не би сакал да сум жена во екс ју и 90-ти. Сега сето тоа е драстично намалено, посебно во урбаните средини.
Не зборам за жени, зборам за девојчиња. И не зборам само за 90тите, туку зборам до 2015, до пред да се преселам од таму. Изигрувањето на довербата може да биде многу позаебана работа од тие работи што ги раскажуваш. Еден случај знам на самоубиство, неколку случаи што станале џанаци, па непосредно пак да речеме завршиле како самоубиство со цемеент или овердоуз. Да не кажувам за девојчиња со уништена психа кои никад се немаат опоравено. Ќе ти кажам пример на тоа што беше модерно кај некои деца 17-18 години. Тој што е фраер у друштво, фаќа девојче, најчесто 7мо 8мо одделение. И се мавта со него. Доаѓа денот да ја носи дома, нели како заљубени да си земат невиност. Во станот скриено цело друштво. И тоа се кажува после јавно на цело маало. Силувана и тагната како курва. На едно девојче мораа родителите да се иселат од таму, девојчето заврши како џанак. Капка девојче. Има други кои не им ја знаам трагата.

И тука не зборам за еден изолиран случај.

Во поново време, значи пред да се иселам, истите тие „фраери“, сега што џанаци, што пијаници, но генерално криминалци. Се збореше дека правеа некакви слични шеми со девојчиња. А и знаеш како е, кај што им е собиранката гледаш какви луѓе се собираат и според тоа јасна ти е работата. Разликата е што тогаш сум бил зафатен со работа и не сум се мотал низ маало за да ги знаам детаљите.

Па еве и да не одам во други животи и во мојот непосреден живот и во моето непосредно друштво имало дешавки. Ние сме биле големо друштво и машки и женски. И претежно дружењето ни било доста интензивно во периодот кога сме бркале дечковци-девојки. Сите јасно сме биле во френд зона, затоа што сме се знаеле од малечки (освен еден исклучок што се дупеа скришно). Кога викам интензивно, зборам стануваш од спиење и ти почиња дружењето, а престанува кога легнуваш да спиеш. Сите знаеме све за себе. Кого го заебала девојката, која ја заебал дечкото и сл. И да речеме приказните од моето искуство се пата-пата.

Еве јас ќе кажам личен пример, па макар и да се дискредитирам тука кај женските. Еден божиќ, и тоа пијан, си фатив една девојка: висока згодна, убава, ама имаше протези. Другарите мои ја нарекуваа роботот, пошто сите кога ќе фатат девојка или дечко имаа по некој назив. Кај отиде јамајка(не ме викале така), отиде со роботот. Јас со неа бев 2 месеци ми се чини и ... да кажам и раскинав би било позитивно. За осми март и реков дека сум болен, и во еден кафич (аквариум или така нешто нека ме поправат Ѓорчевци) кај што знаев дека ќе биде со другарки отидов да глумам пар со моја другарка (она не знаеше дека ми е другарка) и и го скршив срцето. Девојчето убаво капка, 19 години сопствена кола, трчка по мене, све што може едно машко да сонува (незнам дали тука спаѓа делот ме запозна со нејзините). И јас како турчинот за пиењето, заради робот (арслан на векот), не само што заебав работа, туку и ја повредив. Сум размислувал зошто тоа го направив и моето оправдување било дека немам што да и кажам, немам како да и раскинам. Вторпат (уствари ова е првпат зошто е пред горната случка, ама незнам зошто секогаш го ставам на второ место) да скршам срце на девојка намерно и без никаква потреба, идам со некое девојче пошто ме гњавеше другарка за неа, нит ми се свиѓа, нит мој тип, нит имам некаков муабет со неа. Не идев долго, ама дојде време роденден да слави. Јас без никаков знак, без ништо да и кажам и да и наговестам, не се појавувм на роденден. До ден денеска немам оправдување зошто ова сум го направил. Имало и други заебанции ама мислам дека ќе бидат доволни овие две за поентата. А не е дека мене не ме повредиле, еднашка буквално до очај, дури тешко ми е да се потсетувам за тоа и тоа свесно знаејќи во што се впуштам, но љубовта е заебана работа.

Значи да не се разбереме погрешно, јас не сум бил главниот фраер у друштво што врти највеќе девојки, меѓутоа у градов сите сме биле препознатливи фаци. Ако јас сум имал вакви ситуации, замисли си колку ситуации имале тие што биле фраери. Буквално сме се шлепале на одмор во Охрид кај девојка у стан, со нејзини пари 4 души сосе дечко и нели, за да после одморот не ја познава. Забави сме праеле у станот.

Сите овие работи ни личеле на безазлени. Не сме сваќале дека тешко повредуваме некого. Секогаш кога сме ги раскажувале ваквите приказни во друштво ( па дури и кога ние сме биле заебани и сме трчкале по некого ), сме ги раскажувале како шега и со смеење.

Е сега, кога ќе размислам малце, ова не се коси со твоите приказни. Можеби работата е како што кажуваш во балансот. Порано ваквите мажи биле побројни од ваквите жени, денеска е тоа обратно. Но не е и дека тие што заебале некого, не се заебани од некого. Тоа е цикличен процес.

Меѓутоа, јас мислам дека има разлика кога намерно правиш лошо (како луѓето од првиот дел) и кога правиш работи за кој можеби си свесен дека се лоши, меѓутоа во моментот не ти изгледаат дека се big deal. Ако ти дозволиш да си магарето, ќе бидеш магаре се додека тоа го дозволуваш. Веруј ми, тоа што го кажува дарк, љубовта е заебана работа, не те прашува нит кога ќе дојде нит кога ќе си отиде. Доволно е само да налеташ на емотивно незрела личност, да се заљубиш во неа и да го осетиш моментот да престане да те сака. Така си заебан од сам старт, пошто не за џабе рекле дека љубовта е слепа, ќе ги искористиш сите можни изговори против самиот себеси, за да бидеш магаре во тој момент.

Луѓето се менуваат ( не сите ), ги сваќаат грешките што ги правеле, барем јас сум ги сватил и мислам дека повеќето заслужуваат шанса (пошто мене животот ми пружил шанси). Животот е еден и е доста краток, ако го проведеш како CSI, нема никогаш да ја пронајдеш уживанцијата. Ако те мачи и ако те оптоварува прашањето дали жена ти се плеска со Гркот или не, бетер е него ли да знаеш дека се плеска. Вистинската љубов никогаш нема да можеш да ја најдеш, пред да ти се роди првото дете.

Не сакам да ги девалвирам твоите примери и све тоа што си го собрал како туѓо искуство. Ниту пак викам дека нема вредност. Едноставно се дивам како си ги прибираш приказните. Мене ми е тешко моите случаи да ги напишам без да бидам погрешно сватен за нешто (затоа и пропуштам некои примери кои би доловиле поента уште повеќе). Значи сметам дека приказните имаат огромна вредност. Но треба покрај социолошките аспекти, да ги видиш и психолошките. Јагмата е заебана работа, го прави човек лошо да изгледа иако не е по природа лош.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Абе дечкото испаднал шупак,ама девојката испднала тешка идиотка.После истата ќе се лигави како веќе немало добри момци,сите биле кретени.
Кога Сусаро вика патерн сите му одговарате неее секој е посебен случај! Класичен случај на шаблон, да се проба нешто што во моментот изгледа појако, ако не успее здравје сомот е тука :toe: Не викам дека е тоа само женска карактеристика, ама бидејки се глорифицира пи*ето повеќе паѓа во очи!
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.657
Поени од реакции
34.948
Абе човек, пак ќе кажам, патерни се во прашање. Нити вашите животни се до толку уникатни и неповторливи, ниту ситуациите со кои секојдневно се соочувате. Ниту пак се моите. Иначе секој ден ќе бевме под пун курац импресии од се што се случува околу нас како бебе кога осознава работи па се му е интересно. Како другарче се информираш за патерните. Како дечко/сопруг ги препознаваш тие патерни. Не се апсолутно идентични, како што не се апсолутно идентични симулациите на авионските несреќи што пилотот ги проаѓа. Но тоа не значи дека ги нема и дека не можеш да ги идентификуваш ако си посветил доволно внимание.

Еве замисли многу сакаш да го посетиш Неапол или Наполи, кој како милува, град познат по џепароши и скемери. Ама сва среќа имаш другар кој живеел таму за да ти даде совети, типсови, препораки и цаки, што да одбегнуваш и слично. Ќе го прашаш или ќе си кажеш-Абе секој случај е различен, секоја ситуација е различна, колку џепароши толку табиети, џабе што го прашувам на крај пак може да бидам ограбен, не можам да знам со сигурност.

Еве ти и документарец на таа тема, многу е добар, да го изгледаш.


Некаде на 7-ма минута од документарецот, типов кој е експерт за џепароши со долгогодишно искуство кажува за патерни на препознавање на џепароши, како се однесуваат, што прават, кој им е боди ленгвич. И сега ти ќе му идеш на типов и ќе му кажеш дека не е ова процес на фабрика, дека секој е различен, дека нема да ги научи сите, дека се е индивидуално и зависи од случај до случај? Еве ѕирни макар од седма минута неколку минути.

Не знам како не разбирате и како на друг начин да ви објаснам, дека човекот и неговото однесување варира по некои основи но не е дека се е уникатно и непредвидливо. Луѓе прават докторати за разни однесувања на припадници на различни култури низ светот. И што сега, да одиме и да им кажеме да го фрлат докторатот во канта затоа што на крај се е индивидуално и зависи од случај до случај? Дека ти знаеш некој член од таа култура што не се придржува до работите што таму се опишани? Дека треба да се ослониме и да фрлиме се на карта среќа и случајност?



Животот е берза. Колку порано го сфатиш тоа, толку подобро.
Друже, ти пробуваш повторно да го измислиш тркалото.
Се ова што ти си губиш време да го осознаеш , постои во психологија, боди ленгвич и тн.

Да не зборувам дека во денешно време може повеќе да научам за било од history на browser и логови, отколку што ти ќе научиш од сите нејзини другарки.

Индикации постојат од сам старт и без да зборуваш со другарките, доволно е да се направи муабет и да се следат реакциите.

Друга работа е да имаш во предвид со кого се чепкаш и во која фаза од животот.
Не истите работи му сметаат и на двата полови на: 18, 25, 30, 35, 40, 40+ години.
На 25 можеби ќе ти смета што пред тебе имала 2ца, ама на 35 ќе преминеш и преку 5мина, на 45 ќе прашаш само што има меѓу нозете, и што поседува/заработува.

Релативни се голем дел од работите и далеку од толку голема филозофија колку што ти се замараш, оди кулирај, 103.2% сум сигурен дека уште 2 животи да истражуваш нешто ќе пропуштиш.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.610
Поени од реакции
26.118
Живото се живее, не се троши на анализирање.
Јас на пример анализите на Сусаро ги наоѓам за доста полезни. Патерни сум приметил и јас независно од приказните на Сусаро сум донел заклучок дека во мојата фирма, на проекти треба да се практикува лидови да бидат женски и тоа тие женски треба да имаат покрај стандардните карактеристики, попут лојалност, ентузијазам, посветеност и се разбира знаење... да ги има и карактеристиките што ги поседува негативниот лик на приказната на Сусаро. Приказните на Сусаро ми го дале шлагот на тортата во тој мој став. Не викам дека неговиот заклучок и впечаток е точен, меѓутоа што се однесува до патерните и тоа како постојат.

И јас сум на ставот дека не треба многу човек да се замара, но тоа не значи дека сум во право. Пошто можеби јас ете сум имал среќа, ти си имала среќа, меѓутоа некој или некоја гадно зацапала во калта. Све е лесно да се каже додека не дојде мечката да изигра во твој двор.
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.625
на проекти треба да се практикува лидови да бидат женски и тоа тие женски треба да имаат покрај стандардните карактеристики, попут лојалност, ентузијазам, посветеност и се разбира знаење...
Исто го имам приметено, подобри се за координација, систематизација и организација, поспособни се за мултитаскинг и холистичко гледање на проекти од повеќе аспекти додека ние се фокусираме ултра на еден и сме добри егзекутори, мислам дека еволуциски настанала различната структура на неуронските мрежи заради различната функција, ние ултра фокус на лов на животно, фокус борба со непријател, тие во исто време фокус на повеќе деца одеднаш плус домот. Токму во ова го гледам проблемот во темава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom