Станко од ФИНКИ е популарен избор за дечко сега? Не тролам, озбилно прашувам.
Сега ќе ти одговорам на прашањава и воедно и ќе ти ја откријам "тајната" што не е уствари никаква тајна, работиве што ги пишувам тука од каде ми се и како сум стигнал до нив.
Во животот кога се во прашање социјални ситуации сум сакал да знам, да научам некои работи, да стекнам што повеќе информации од што повеќе разноврсни страни.
Кога една другарка моја го извара дечко и на одмор во Грција со Грк, можев да и морализирам, да и држам предавања, да и викам ти си оваква, ти си онаква. Наместо тоа јас не настапив во улога на морален судија туку се заинтересирав за повеќе информации. Ја прашував како дојде до тоа, што конретно се случувало вечерта, каков бил Гркот, што поточно и се засвиѓало кај него. Кога луѓето, посебно девојки ќе видат во тебе човек што под а) не ги осудува и под б) држи дискреција, ти веруваат и ти кажуваат и повеќе и понезгодни работи. Затоа што некогаш ти ќе бидеш Гркот или пострашно дечко и. Некогаш ти ќе бидеш од другата страна на слушалката. Контактирав со секакви луѓе, седев со секакви во кафана, нормално не сите ми станаа ни блиски другари, нити пак девојки. Постои дебела причина зошто со тие од примерот погоре само сум се дружел. Сакаш да не ти се случи ова на пример:
Скопјанец три години печалел во Ирак- неговата љубена потрошила се! Петок, 04 Јули 2014 16:23 Дваесет и шест годишниот Драганчо Баланчевски останал и без љубов и без пари, откако три години работел во Ирак за да заработи и да ја побара неговата девојка за сопруга, но таа го оставила. По...
forum.kajgana.com
седни некој пат на кафе со некоја која има потенцијал да го направи тоа. И што ако го прекинев чешитот? Следниот пат ќе беше направен без мое присуство. Јас лично никогаш не бил направил такви работи, никогаш би немал доверба во такви девојки, ама за да ги познаеш таквите девојки, треба да ги запознаеш таквите девојки. Едно нешто најбитно посебно за жени ќе ти кажам:
Ни 10% нема да дознаеш за неа како твоја девојка, како што ќе дознаеш како другар. Најбитните работи се учат од другарките и познаничките. Ехе на колку им играв на свадби, прашувајќи се дали нивните сопрузи ги знаат работите јас што ги знам (нормално дека не ги знаат). Твојата идна девојка/жена ќе скрие многу мрсни детали од тебе поради страв, срам и слично. Ти мислеше дека ти се усреќило и си фатил еснаф девојче пошто ти раскажала се за својот живот и можеш да направиш проценка за неа од кажаното? Think again! Ама од другарите и другарките нејзини нема да скрие многу работи, а посебно нема ако не изиграваш морален судија и ако не ги трачариш наоколу.
Е од таму Лестер ги црпам работите за луѓето и жените. Затоа што тие 4 точки погоре што ги спомна погоре сум ги држел за себе. Да не било така ќе го немав ова непроценливо социјално искуство што ниедна пара не го плаќа. Овие работи не ги сонив и не ги измислив. Ги стекнав како искуство затоа што седев и со пијаници и со екс хорсајли (и место да ги осудувам детално ги распрашував за се), преваранти, фини девојки, нефини девојки. Тоа не значи дека ги сакав, дека ги ценев, дека ги почитував сите или дека во себе ги оправдував нивните постапки. Ама за да седнам на едно кафе, на некоја ракија, да направам муабет, да научам нешто, толку требало.
А еве и нешто лично за мене ќе ти кажам. Моето искуство со моите девојки било многу добро, и сега некој ќе праша-Епа ако било многу добро, зошто пишуваш тоа што пишуваш? Па баш затоа што сум знаел некои работи сум направил да биде многу добро. Тоа е исто како некој да те праша-Па како го проживеа автопатот на смртта? Па баш заради тоа што ги знаеш сите кривини, потенцијалните одрони на земја, каде е лизгаво, каде има дупки по асфалтот, затоа. Ама тоа не значи дека патот е многу добар само затоа што ти си знаел како да го преживееш.
Затоа кога тука на форумов луѓе а и во вистинскиот живот мислат дека претерувам за некои работи, ги разбирам зошто мислат така. Затоа што се движат и избираат луѓе само од својот бабл (меур), а ги избегнуваат тие останатите со друг бабл што се. Затоа и ти ми ги поставуваш овие прашања. Затоа што луѓе со твоите прашања и заклучоци би постапиле под твоите подточки и правејќи го тоа ќе добијат само површна слика за нивниот соговорник, само убавите работи што тој сака да ги истакне. Другите работи ќе ги скрие затоа што се плаши или срами дека ќе го осудуваш или покажуваш со прст пред други. Секој/а ќе ти се смешка, ќе ти прави фин муабет. Кој/а ќе ти каже-јас сум преварант, лажам луѓе за работни визи во Словенија (на пример). Или јас кај маж гледам само пари, друго не ме интересира. Кој ќе ти ги каже тие неубавите работи? Е тоа е Лестер, што знам, како знам, зошто знам и од каде знам. Некои работи, не се.
За крај изгледај го видеово за црнецов. Црнец што се дружел со ККК па дури и им помагал, се грижел за нивните фамилии и слично. Сите црнци го осудувале и дури и му се заканувале зошто го прави тоа што го прави. Ама па затоа тој успеал да стигне до менталниот склоп на своите непријатели, да ги сфати нивните побуди, нивните мотиви, нивните причини. А тоа е многу потешко отколку да ги опцуеш или да се степаш со нив.
Школа е Лестер. Ја плаќаш како тепан и ебан или како набљудувач на некој кој е тепан и ебан. За да не бидеш утре ти.