Зошто девојките не ги сакат добрите момчиња?

Член од
13 април 2021
Мислења
3.413
Поени од реакции
11.232
Тоа сакав да кажам, МИЛФ е една од најпосетуваните категории по порно сајтовите, а тука нѐ лажат за млади девојчиња. :D
Најлесно е да ги откриеш кога лажат, постапките ги разоткриваат...и секогаш, ама секогаш го прават тоа за да се фалат (директно или индиректно, сами себе или другарот)! И не се свесни колку преувеличувањето е очигледно и колку само ги издава. :D
Автоматски споено мислење:

Друг е тој муабет тотално. Тоа е за ебење и тинкање. Сусаро збори за жена која е прифатлива за врска/брак, нешто што по дефиниција жените од 32+ не се или барем не беа.
Абе глупости. Ти ако си изградена и зрела личност (да речиме просечен маж на 40 години), последното нешто што ќе ти падне на памет е да градиш врска/брак со 23 годишна девојка.

Seriouslly. За брак/врска сакале помлади. Зошто? Заради отчукувањето на биолошкиот часовник или младо кревко наивно мевце, да си го обликувате како сакате?

Убав човек е убав на 20, убав и на 80 години. Гледај ја Селма.

 
Последно уредено:

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.044
Поени од реакции
9.382
Жените сакаат постари а мажите млади, во најголем процент е така, кој нема друга работа нека вади статистика иако тука веќе се битни и актерските, како и егзибиционистичките вештини.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.892
Поени од реакции
25.212
Најлесно е да ги откриеш кога лажат, постапките ги разоткриваат...и секогаш, ама секогаш го прават тоа за да се фалат (директно или индиректно, сами себе или другарот)! И не се свесни колку преувеличувањето е очигледно и колку само ги издава. :D
Автоматски споено мислење:


Абе глупости. Ти ако си изградена и зрела личност (да речиме просечен маж на 40 години), последното нешто што ќе ти падне на памет е да градиш врска/брак со 23 годишна девојка.

Seriouslly. За брак/врска сакале помлади. Зошто? Заради отчукувањето на биолошкиот часовник или младо кревко наивно мевце, да си го обликувате како сакате?

Убав човек е убав на 20, убав и на 80 години. Гледај ја Селма.

Иритира како во тема за девојки кои сакаат лоши момци, дојде жената на тапет со нејзините години. И на мажите им мине мандатот и курот не им е тврд како кога биле 20, ама не, ние сме непосакуваните. Секој со своите преференции, некој сака помлад/а, некој постар/а, битно да ви е убаво и да се сакате. :D
Лошото кога Сусаро зборува генерално за жените и при тоа потенцира дека тоа не важело за мене, или за тебе или за некоја таму, некој како овие погоре што ги прифаќаат неговите зборови како апсолутна вистина ќе лежи на тоа уво дека сѐ што е над 30 не чини и како резултат на тоа добиваш општество полно со фрустрирани инсели.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.833
Поени од реакции
23.186
Sega uste fali Monika Beluci da ja izvadite od rakavot kako kec na desetka i da recite ete vidite kako izgleda zena na kolku ima sega 70 godini. Arno ama Moniceto e edna na edna milijarda zeni, da ne navleguvame toa platicni operacii, fotoshopi i neznam sto. Ili tie tamu random babi sto gi postiraat koi cel zivot potesko od lajca nemat krenato, celebriti koi cel den kisnat so privatni treneri, nutricionisti i pojma nemam sto. I tuka e random Svetle od Dracevo koe vleglo vo film deka i taa mozi da se tokmi so niv koga ke napravi 60 pa kao bas je briga. Ne ja ni gleda komsivkata Paceto i tetka i Stojna deka samo uste ekspres lonecot im sviri po niv.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.044
Поени од реакции
9.382
За брак/врска сакале помлади. Зошто? Заради отчукувањето на биолошкиот часовник или младо кревко наивно мевце, да си го обликувате како сакате?
Нашите стандарди за убавина се поразлични....мазно, кревко, невино, бело за нас е убаво. Додека жените сакаат нешто спротивно. Жените имаат исти стандарди за убавина со мажите само во пубертет.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.413
Поени од реакции
11.232
Нашите стандарди за убавина се поразлични....мазно, кревко, невино, бело за нас е убаво. Додека жените сакаат нешто спротивно. Жените имаат исти стандарди за убавина со мажите само во пубертет.
Тоа се вика преференца и е скроз нормално да варира од човек до човек. Тебе ти се допаѓаат црни женцки од Африка или жолти од Азија, на Дамбс бели девојки! Тоа не ве прави расисти. Има и жени кои сакаат мажи со babyface! Повеќето мажи кога ќе се избричат се babyface. Така да и брадата е преференца. Висок, низок, мускулест, со пивски стомак или без, со зелени очи или плави.....битно тебе да ти се допаѓа, другото е занемарливо.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.696
Поени од реакции
48.952
Абе глупости. Ти ако си изградена и зрела личност (да речиме просечен маж на 40 години), последното нешто што ќе ти падне на памет е да градиш врска/брак со 23 годишна девојка.

Seriouslly. За брак/врска сакале помлади. Зошто? Заради отчукувањето на биолошкиот часовник или младо кревко наивно мевце, да си го обликувате како сакате?

Убав човек е убав на 20, убав и на 80 години. Гледај ја Селма.

Не е.
И не ми е овде поентата да терам натпревар мажи против жени . Не сте вие тие жени како вашите мајки и баби, како што(а можеби и поради тоа што) не сме ни ние мажи како татковците и дедовците.
Разликата е во тоа што нас биологијата ни остава уште некоја година фора, додека вие во натпреварот на природата против општеството, на крајот неретко удирате во ѕид.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.413
Поени од реакции
11.232
Не е.
И не ми е овде поентата да терам натпревар мажи против жени . Не сте вие тие жени како вашите мајки и баби, како што(а можеби и поради тоа што) не сме ни ние мажи како татковците и дедовците.
Разликата е во тоа што нас биологијата ни остава уште некоја година фора, додека вие во натпреварот на природата против општеството, на крајот неретко удирате во ѕид.
Океј. Ако не ти е поентата да тераш натпревар мажи против жени, зошто тогаш во секој пост акцентот го ставате на биолошкиот часовник?

Ако направиш сообраќајка ти како маж на 43 години и скинеш конци, а ја како жена навлезам во менопауза на 45 години, што ти значи тој биолошкиот часовник побогу? Или ако си стерилен? Исто ко што мене ништо нема да ми значи ако сум во репродуктивно доба, а сум стерилна. На биологијата скроз не и е местото во ваквите дискусии.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.696
Поени од реакции
48.952
Океј. Ако не ти е поентата да тераш натпревар мажи против жени, зошто тогаш во секој пост акцентот го ставате на биолошкиот часовник?

Ако направиш сообраќајка ти како маж на 43 години и скинеш конци, а ја како жена навлезам во менопауза на 45 години, што ти значи тој биолошкиот часовник побогу? Или ако си стерилен? Исто ко што мене ништо нема да ми значи ако сум во репродуктивно доба, а сум стерилна. На биологијата скроз не и е местото во ваквите дискусии.
Јас зборам за нормален, непречен животен тек, лишен од такви ситуации. Ако идеме со хипотетички црни сценарија, нема крај на несреќите што може да не снајдат, и е бесцелно да се живее и планира.
Биолошкиот часовник е неумолив факт, затоа секој ти го спомнува во овие дискусии.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.044
Поени од реакции
9.382
Тоа се вика преференца и е скроз нормално да варира од човек до човек. Тебе ти се допаѓаат црни женцки од Африка или жолти од Азија, на Дамбс бели девојки! Тоа не ве прави расисти. Има и жени кои сакаат мажи со babyface! Повеќето мажи кога ќе се избричат се babyface. Така да и брадата е преференца. Висок, низок, мускулест, со пивски стомак или без, со зелени очи или плави.....битно тебе да ти се допаѓа, другото е занемарливо.
Мажите сакаат младо и нежно, жените постаро и погрубо.....тоа е факт. Секако генерално ако зборуваме, иначе Макрон ете го не се сложува со мене :D
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.413
Поени од реакции
11.232
Јас зборам за нормален, непречен животен тек, лишен од такви ситуации. Ако идеме со хипотетички црни сценарија, нема крај на несреќите што може да не снајдат, и е бесцелно да се живее и планира.
Биолошкиот часовник е неумолив факт, затоа секој ти го спомнува во овие дискусии.
Мажите сакаат младо и нежно, жените постаро и погрубо.....тоа е факт. Секако генерално ако зборуваме, иначе Макрон ете го не се сложува со мене :D
Абе факт е и дека мажите имаат пократок животен век за разлика од жените. И кога веќе збориме за биолошки факти, ред е да се спомене и дека брзината на вашите пливачи се намалува со текот на годините.

Младоста сама по себе е убава, никој не го спори тоа. Само, спорно ми е зошто жената во 20-тите или во раните 30-ти години ја поставувате како императив за убавина и потоа правите споредби на жените во постара возраст во однос на тоа? Дали жената е убава, само ако е способна да роди дете?

Не можам да се сложам ни дека единствениот критериум на мажот кога бира жена за врска/брак се годините на жената и раѓањето дете. Дали годините се единственото нешто што жената може да му го понуди на мажот? Извинете, ама мене ова ми е емоционално осакатено и интелектуално незрело размислување. Од биолошка гледна точка можеби е најповолно да се роди дете во 20-тите години од животот, ама од психолошки, финансиски и други аспекти не е!

И еве ќе бидам објективна и ќе ја погледнам темава подалеку од таа ваша машка перспектива. За жал и ние жените подлегнуваме на таквиот императив и самите себе се девалвираме криејќи ги годините, броејќи ги брчките, опседнати сме со бројката на вагата, не излегуваме без шминка и сл. Стереотипи или не, цврсто се вкоренети во сржта на нашето коегзистирање. Значи тоа што ме нервира на ваквите теми се двојните стандарди. Демек со годините жената старее и огрднува, а мажот станува пошармантен и попривлечен. Не, и вие имате пивски стомак, сува кожа, брчки, побелена и изретчена коса! Всушност она што е попривлечно е веројатно животното искуство..., во комбинација со емоционалната интелигенција, интелектот, материјалниот и социјалниот статус. И тоа сигурна сум дека е полово неутрално.
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.530
Поени од реакции
3.286
Жените се како и музиката,за вкусовите не се расправа...
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.636
Поени од реакции
35.176
Ќе морам да се сложам со Сусаро, со се што напишал, нема да кажам дека не е во право. За жал.
Амаааааааааааааааааааааа од друга страна пак работава доаѓа „подржи го копилево, за да се посмеам со другоно копиле“. Можам слободно да го препишам целиот текст, само да ги заменам зборовите маж/дечко со жена/девојка.
За секоја работа се потребни двајца. Плукате по жените вакви биле, такви да биле, онакви да биле, без притоа да се погледнете во огледало и да се запрашате какви се всушност мажите.
Јас до сега не сум прочитала еден од вас да напишеше 2-3 збора какви се тоа мажите, штом имате муда да ги критикувате жените.
Еден маж е онолку глуп или паметен, според тоа каква жена одбрал. Може да има и 100 дипломи и 100 функции, доколку избрал погрешна жена, заебал се. Џабе му се функции и дипломи.
Жените во принцип се многу моќни суштества. И за разлика од мажите, многу подобро знаат што сакаат. На една жена не и треба маж колку да не е сама. Барем не денес. Жена која е 35+, која е финансиски независна, која си ги остварила своите цели, нема да падне на Перо од погоре. Да да тој истиот Перо синот на транзицискиот богаташ во приказната на Сусаро. На Перица ќе се залепат 25 годишни „инфлуенсерки“ со 1 кгр ботокс, силикон, фејк нокти и сл. На Перица ќе се залепат жени кои немаат друг начин освен да се залепат како крлеж на некое такво транзициско неписмено копито и да се шлепаат на него, свесни дека за Перица тие ќе бидат само едни обични марионети.
Поопасно од жена што знае што сака, е само жената која што знае на што се е способна и колку таа може.
Затоа еден гратис женски совет :pipi:
Не ги држете жените/девојките на малку, на трошки. Убавите нешта не се створени за лигавење. Убавите нешта се створени за да ги гризнеш, јако. Да ги зграпчиш, а бре да ги голтнеш во еден залак ако треба:pipi:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom