Е ете видиш, реков јас, чим немаш "приколица" немаш гајле. Ќе има кандидати полно. Само полека не се упуштај брзо во врска, сите ветуваат брда и долини на почетокот, се е мед и млеко ама после идат знаеме сите што...
Јас кога дојдов ваму прошлата година, да се жалам од мажот дека го оставам реков, бев лута на него и инбоксот празен ми беше, зш имав "приколче"

на мама сонцето, за кое сите "мажи" ваму се согласија дека е приколица и терет, моето најмило бебе, без кое не сакам да си го замислам животот, па вака така си средив со мажот,

видов дека ќе останам сама со детево, бидејќи очигледно дека никој не сака жена со дете
(а само за онаа работа нема шанси да прифатам) таков ни е менталитетот, затоа бери памет со кој правиш деца зш после нема назад. А самохрана мајка е тежок и "трнлив пат" , посебно со мало детенце и посебно во Македонија. Кога ќе порасне друго е, а и најдобро е за детето да си расте со биолошките родители. Љубовта која ќе ја добие од нив неможе да ја замени никој.