- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
Термините „гностик“ и „агностик“ имаат малку поширокот значење отколку знаење или не знаење. Гностиците на пример веруваат дека овој свет лош и е создаден од некој лош бог, но дека постои некое тајно знаење со помош на кое осознавање човечката душа полека се ослободува од овој свет, а наполно ќе биде ослободена по смртта. За нив спасението е тоа „тајно гностичко знаење“. Зборот „гносис“ на грчки значи знаење, а префиксот „а“ (а-гности, а-теист) е префикс за негација во грчкиот јазик.
Во македонскиот јазик често гледам дека ги мешаат поимте атеист со неверник, па често читаме лапсузи од типот „љубовен атеист“ или „атеист во љубовта“ - демек човек што не верува во љубовта. Ова е лингвистички лапсуз. Атеистите не се луѓе што не веруваат во ништо или неверници во глобална смисла на зборот. Тие едноставно не веруваат во постоењето на Бог, што не значи дека немаат други свои верувања, послаби или посилни убедувања за светот, за потеклото, за иднината, за смислата итн.
На пример мнозинството атеисти веруваат во филозофскиот Натурализам, во Дарвинизмот, во абиогенезата (спонтано самосоздавање на животот од неживата материја), во релативноста на моралот - во работи кои се очекувани да ги верува некој кој не верува во Бог. Секако дека постојат и исклучоци на атеисти со поспецифични убедувања (верувања).