Зошто да верувам во Бог/Алах

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
777
За христијаните би било зошто да верувам во Бог
За муслиманите зошто да верувам во Алах

Значи едноставна тема во која и муслиманите и христијаните би биле на една страна и би дебатирале со атеистите и останатите неверници (бу бу) зошто треба да веруваат во Бог или Алах

За да одат во рајот после смртта (да избегнат пекол) ?
За да имаат 72 девици ?
Поради семејна, национална традиција ?
итн итн ...
--- надополнето: 3 јуни 2012 во 13:06 ---
Поради стравот дека после смртта ќе се оди во пекол?​
Поради неможноста да се свати смртта дека после тоа нема ништо ..​
Или пак надежта за живот/постоење после смртта? (надежта последна умира нели, па и на смртна постела се надеваме дека не е тука крајот)​
:)
едно прашање до верниците ... дали сте хумани и донирате (еве последниот случај со детето на кое му откажува срцето и многуте такви примери во последно време)​
 
Нема причина за да верувам па затоа и не верувам.Никогаш не сум го видел, не сум го осетил Господ, никој не потврдил дека постои.А ако постои, кој го создал или како се создал? Од кај има право да му суди на сите?

Ми нема логика малце ова....
 
Едноставно од некоја причина верувај си! Сите си веруваат во нешто,кој во Бог кој во Алах кој во животно...Јас верувам во Бог и признавам дека иако не сум многу побожен,посебно е чувството кога отидеш во црква и запалиш свеќа како и моментот кога попот те мироса...
 
За да одат во рајот после смртта (да избегнат пекол) ?
За да имаат 72 девици ?
Поради семејна, национална традиција ?
итн итн ...
--- надополнето: 3 јуни 2012 во 13:06 ---
Поради стравот дека после смртта ќе се оди во пекол?​
Поради неможноста да се свати смртта дека после тоа нема ништо ..​
Или пак надежта за живот/постоење после смртта? (надежта последна умира нели, па и на смртна постела се надеваме дека не е тука крајот)​
:)
едно прашање до верниците ... дали сте хумани и донирате (еве последниот случај со детето на кое му откажува срцето и многуте такви примери во последно време)​
Невкусно е да се коментира на ова поле, но кога државата не сака да помогне, ако имаше Госпо ќе беше инаку.
Не ми е јасно (никогаш и не ми било јасно) како може држава да крене раце од млад живот. Најверојатно после убиството на Нешковски (кој знаеме како беше убиен) и нерешениот случај, моралот отиде во неповрат.


Туку, колку да не се заборави, нека ни е Госпо напомош, и последно да ми е, би помогнал за еден млад живот.
Кој е во можност нека донира.
Две конзилијарни мислења од Клиниката за кардиологија и од болницата Филип Втори го потврдиле тоа, но државата му го одбила барањето за финансиска помош за операција во Берлин која чини 330 илјади евра.
200002378293134, СТОПАНСКА БАНКА НА ИМЕ КРИСТИЈАН НЕДЕЛКОВСКИ,
IBAN MK 07200002451809046
SWIFT STOB MK 2X
И НА ТЕЛЕФОНИТЕ :
077-143-193 НА ВИП
070-143-122 ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА Т МОБИЛЕ
075 143-450 ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА ОНЕ
 
Некој веруваат чисто поради традиција а некој веруваат порди страв.
Но најстрашно е што некој ја користат религијата за остварување на лични или национални цели.Па додека постои тоа сите ние ќе живееме во страв.Не во страв од господ туку во страв од некоја радикализирана “побожна“ глава.

Ете,не се плашам од господ ама имам страв од неговите “следбеници“.
 
Имаш многу нелогичности во темава...

Прво, нели Алах за муслиманите го има истото значење како и Бог за христијаните? Т.е. во исламот тоа бил Мухамед, а во христијанството Исус.
Значи насловот на темата би требало да биде само "Зошто да верувам во бог".
Во Исламот Мухамед е само пророк,исто како и Исус,додека во Христијанството Исус е Бог,односно дел од троичниот Бог.Тоа е битна разлика.
 
Атеистите НЕ се неверници.

Мислам дека под „неверници“ во случајов мислел на „некој кој не верува во Бог“ а не „некој кој не верува во ништо“...
 
Еднаш некој рекол Бог не умира дента коа ќе пресдтанеме да веруваме во неговото постоење. Напротив ние сме тие кои умираме оној ден кога нашиот живот престанува да биде осветлен од постојаниот сјај на зачуденоста која секојдневно се обновува , а чиј извор е непомислив.
Вербата е чудна работа.
Еве еден пример, ако некој ве праша може ли овој конец да издржи 80кг. ќе речете неможе,океј ајде да го обесиме твојот најдобар пријател? Е тука се раѓа сомнеж.
Еден човек не верувал дека постои живот по смртта, но откако неговата жена умрела веќе не бил толку сигурен.
Најголеме трагедија е што мислиме дека знаеме.
Ајде вака една амналогија, да прашаме зошто се верува во Бог е исто како да прашаш зошто веруваш дека мајка ти те родила.
ПС поздрав и без многу карање
 
Затоа што знам дека има некоја сила,која има интелегенција и не ги така случајно врши работите...зар стварно има уште луѓе што мислат дека такви сложени системи како галаксии,планети,животни и човековата креација можат да се случајни,по грешка направени??
Кој верува ради традиција,или ради страв,тој не е верник.
Верувањето не е мода,традиција,верувањето е најинтимна ствар на човекот...идењето во црква,бакнување рака на поп не те прави верник,туку тоа е внатре,својата животна филозофија да ја насочиш кон тоа што веруваш...
 
@Само човек
^^ аналогииве ти се ... хм ... пукање со ќорци.
абе човек верата е чудна работа,јас на пример не верувам во верување,тоа е ќорсокак како што кажа. Не раѓа сомнеж , не бара истражување .Јас сум за едно религиозно истражување
 
Затоа што знам дека има некоја сила,која има интелегенција и не ги така случајно врши работите...зар стварно има уште луѓе што мислат дека такви сложени системи како галаксии,планети,животни и човековата креација можат да се случајни,по грешка направени??
Кој верува ради традиција,или ради страв,тој не е верник.
Верувањето не е мода,традиција,верувањето е најинтимна ствар на човекот...идењето во црква,бакнување рака на поп не те прави верник,туку тоа е внатре,својата животна филозофија да ја насочиш кон тоа што веруваш...

Интересно .. се сложувам ..
Туку темава е поконкретно насочена кон 90% од верниците за кои баш идењето во црква, бакнување на рака на поп ги прави верници ... или пак спротивно .. ако тоа не го направиш тогаш си неверник ...
И кон оние за кои Библијата и Куранот се алфа и омега (во однос на верувањето во Бог) и ништо лево или десно од тоа не постои, никаква друга филозофија не прифаќаат ..

За да не ме етикетира некој како атеист .. јас не велам дека „Бог“ не постои но не велам ни дека постои :)
 
едно прашање до верниците ... дали сте хумани и донирате (еве последниот случај со детето на кое му откажува срцето и многуте такви примери во последно време)​

Иако не сум верник, ќе ти одговорам. Само што ја изгледав на СИТЕЛ ТВ кратката статија за детето што му откажува срцето, донирав на бројот. Иако према мене изгледа и тешко да успее, сепак донирав. Голема заблуда е да речиш дека некој што е верник и по дифолт е и добар.
Човекот можи да е добар по душа од раѓање, а никако од неговите верувања и учења.
 
Никогаш не сум верувал во Бог ни кога бев мал искрено дома сите се чудеа кога велев дека не постои Бог некогаш и ќотек јадев од баба ми :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom