Зошто во Македонија младите не отвараат бизниси ?

Член од
18 јули 2006
Мислења
33
Поени од реакции
2
Како што можам да приметам на темава некој луѓе многу високо летаат.Јас веќе некои три години работам со татко ми.Јас вршам набавки од странство и контакти со фирми,наоѓање на превоз и ред други работи.Фирмата ми е за игри за забава набавка на читачи на пари,покер машини т.е широк асортиман на производи.На овој пазар сме повеќе од 20 години и пак е тешко да се продаваа стоката.А замисли некои луѓе почнале од нула со некои 5-6 илјади евра.Ајде тоа ке помине некако.Но најголем проблем на нашиот пазар е наплатата.Ке најдеш купец,па ќе касни со исплата,па ке бара компезација,ама на тебе ти требаат пари, сакаш да ја продадеш робата и ете ти проблем.Затоа денес пропаѓаат многу ново отворени бизниси.Ти ке почнеш бизнис со 5-6 илјади евра,но ти треба и резервен капитал за да можеш да издржиш и некој месец со работа.Не е само тоа отвори и ке паѓаат пари толку.Прво треба да се афирмираш во својата бранша,да ти веруваат купците,да можеш да се сносиш со конкуренцијата.И има многу примери кој јас сум ги видел.Извинете на изразот ама да може у г*з да се е*е нема да купи од тебе него ќе иде до словенија или некаде на друго место и ке го земе 3 евра поевтино.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073

За македонски пазар да отвараш бизнис не е, пред се мал е и тоа што ти си го осетил на кожа со компензациите, тоа во една прилика го кажа и претседателот на стопанските комори, ама колку што знам се спремаат некои измени за наплатувањето на побарувањето, па кај и да е за 3-4 години може и ќе се среди тоа со наплатата, па колку што знам Тиквеш на лозарите уште им го нема гројзето платено од лани. И тоа за последното дека ќе отиде до Словенија за 3 евра поефтино ме потсети на К15 остај флашата мали, кога Тошо му раскажува на Бубо кај земал конзерви за 3 денари поефтини, а успат цело Скопје го прошетал.
Тука има луѓе што си фураат идеи, како демек вака ќе биде онака ќе биде, ама најдобро пред да почнете некој бизнис поготово во Македонија, прашате некој пријател што има веќе бизнис од некоја друга бранша да ви каже како идат работите тука
 
Член од
18 јули 2006
Мислења
33
Поени од реакции
2
А гледам некој се залетуваат со идеи дека ке продаваш ветер и магла и пари ќе земаш.Во МАКЕДОНИЈА тоа потешко иде.Имавме и ние таква проба со рекламна агенција ако сте приметиле на касите на Веро,има монитори кои сега се изгасени т.е пола не работатат.Идејата беше секој што чека на каса да ја гледа рекламата,и со тоа може да купи некој производ плус.Во светски рамки тоа работи одлично но кај нас не.Епа кај се тие 5-6 илјади евра па нека бидат и 10 за ветер и магла.Со тие неможеш само монитори да купиш.Ај да те видам наплати му на македончето пари за реклама.Во секоја фирма што идеш да ја презнираш идејата те гледаат како од марс да си дошол.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Како што можам да приметам на темава некој луѓе многу високо летаат.Јас веќе некои три години работам со татко ми.Јас вршам набавки од странство и контакти со фирми,наоѓање на превоз и ред други работи.Фирмата ми е за игри за забава набавка на читачи на пари,покер машини т.е широк асортиман на производи.На овој пазар сме повеќе од 20 години и пак е тешко да се продаваа стоката.А замисли некои луѓе почнале од нула со некои 5-6 илјади евра.Ајде тоа ке помине некако.Но најголем проблем на нашиот пазар е наплатата.Ке најдеш купец,па ќе касни со исплата,па ке бара компезација,ама на тебе ти требаат пари, сакаш да ја продадеш робата и ете ти проблем.Затоа денес пропаѓаат многу ново отворени бизниси.Ти ке почнеш бизнис со 5-6 илјади евра,но ти треба и резервен капитал за да можеш да издржиш и некој месец со работа.Не е само тоа отвори и ке паѓаат пари толку.Прво треба да се афирмираш во својата бранша,да ти веруваат купците,да можеш да се сносиш со конкуренцијата.И има многу примери кој јас сум ги видел.Извинете на изразот ама да може у г*з да се е*е нема да купи од тебе него ќе иде до словенија или некаде на друго место и ке го земе 3 евра поевтино.
Убедливо најголемиот проблем во Македонија. Значи јас незнам веќе како треба да се постави човек со наплатата, ако ги толерираш на глава ќе ти се качат, ако се заканиш ќе ги изгубиш, ако ги тужиш ќе си чекаш две години за парите.
Моментално ситуацијава е алармантна, едноставно ги снема парите. И тие што плаќаа и тие должат сега. Како ќе се испадне немам идеа.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

Kako gi snema??? ..ene gi onde na plostad i naokolu u Skopje ....bas preeska gi vidov.:)
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.169
Поени од реакции
844
Види една работа, секој може да размислува и да има идеи, ама нема секој пари од МЛАДИТЕ за да почне добар бизнис а да не е услуга. Дури и за услуга требаат доста пари што за некој се недостижни али ај...

И јас и татко ми имаме генијални идеи за бизнис, бизниси што ќе се многу конкуретни и успешни, ама немаме 20 или 50 илјади евра на страна за да го почнеме бизнисот. Башка кога ќе го почнеш со едвај собраните пари, додека да стигнеш до првата заработка знаеш уште колку пари ќе треба да дадеш за сите препреки што ќе се појават...
Еве пријателе,татко ми има 20.000 евра,ако сакаш ќе направиме акционерско друштво во кое вие ќе влезете со својата идеа,а ние со нашиот капитал(според мене,идејата е вредна како и капиталот,некогаш и многу повеќе).Ако навистина имате толку многу генијални идеи,зошто не ги образложиш,зошто ги чуваш само за себе,зошто? Ако мислиш дека со чување на идејата внатре во себе ќе станеш побогат се лажеш,само се сети на прекрасната поговорка "Не е најбогат оној кој најмногу зема,туку оној кој најмногу дава" тоа е вистината пријателе,поздрав!
--- надополнето: Sep 2, 2011 6:02 AM ---
можеме да ги создадеме, ама од некоја причина е поскапо создаденото овде отколку увезеното ... пример млекото ... има увезени поевтини од на пример Битолското ...
Да,има поевтино млеко од увоз,но дали си го пробал во последно време Битолскиот јогурт? Очигледно е со послаб квалитет и има друг,полош вкус,ама се станува јасно кога отстрана ќе прочиташ дека млекото е увезено од Србија,мислам дека ќе ја тргнат таа информација од пакувањето,ќе видите,бидејќи со тоа сами се зафркнуваат,поздрав!
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Еве ја лично за мене имам многу идеи, имам и храброст да почнам ама немам никакви финансиски средства.
При тоа, не можат сите луѓе да бидат креативни, да цртаат плочки и да ги продаваат за 50 евра. Тие што ги бидува за рачна изработка, си работаат тоа и си продаваат на пазар, арно ама не знаеме сите тоа да го работиме. И сега јас како поединец- Македонка, имам некоја друга идеја за бизнис, можам да ја разработам ама немам почетни средства. Дали тоа мене ме прави неспособна за работа, мрзелива и неработна?
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333

За невработени лица имаш кредити од 3000 евра со рок на исплаќање од 4 години, првата година имаш грејс период т.е си ослободена од исплаќање на главнината на кредитот додека не застанеш на здрави нозе, а камата на кредитот е 1%.

Ова за плочките.
Најди другарка или другар кој/а е уметник он/а ќе го работи делот со цртањето остантите техники се прилично straightforward.
Се е рачно освен мал број од постапките кои се изведуваат со некои мануелни полу-машини.
Доволно се двајца луѓе да го земат тој кредит за невработени 2*3000 евра=6000 евра развите добар бизнис план измерете го пазарот во тежина и длабина, видете дали можете да постигнете висок квалитет(ова е најбитно).
И за пласманот не верувам дека ќе имате проблем.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
За невработени лица имаш кредити од 3000 евра со рок на исплаќање од 4 години првата година имаш грејс период т.е си ослободена од исплаќање на главнината на кредитот додека не застанеш на здрави нозе, а камата на кредитот е 1%.
Знам, ама условот мислам дека беше да бидеш минимум 2години невработен,а ти требаат пари во меѓувреме, сепак мораш нешто да работиш. Небитно.

Поентата ми беше дека не дека Македонците се глупи да почнат бизнис туку немаат пари. 3000евра и не се некоја сума на пари ама да ги имаш сам заштедено па после и да ги ставиш на ризик и не е толку голема трагедија затоа што барем си пробал со бизнисот, арно ама истата таа сума на пари ако ја земеш на кредит и тоа како е голема сума. Ем ги немаш тие пари, ем ризикуваш да ги изгубиш. И тоа е една причина поради која половина од нас не почнуваат свој бизнис, а другата причина која важи за другата половина е затоа што се испрани мозоци, не се ни трудат нешто да направат затоа што партијата ќе им најде работа, они нема да се замараат и на крај ќе си имаат пристоен живот.
Тоа е :)
 
Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
За колкави пари збориме пријателе ?
Јас говорам за суми од 5 до максимум 10 илјади евра.
Со тие пари можам во било кој момент да стартувам бар 200 бизнис идеи.

Фактите говорат дека 2% од светската популација има претприемачки дух, каде е тука македонецот ?
Да не е он некаков изрод ?
Во идиотска држава не ти се исплаќа да ризикуваш, мислам дека е до тоа!
Знам многу наши во странство со бизниси какви што ти предлагаш и сите се успешни!
Значи кај нас државата не чини бе братче, не народот!
 
Член од
7 мај 2007
Мислења
318
Поени од реакции
99

Народот ја прави државата!!!
 
Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
Народот ја прави државата!!!
Точно, кога за 500 денари се продаваат за глас, и за кубик дрва, во право си, и народот е ебиветар! Затоа ми се бега странство, како и на сите други пообразовани кои што ги познавам!
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Точно, кога за 500 денари се продаваат за глас, и за кубик дрва, во право си, и народот е ебиветар! Затоа ми се бега странство, како и на сите други пообразовани кои што ги познавам!
Tamu go prodavaat glasot za 600 denari.., imas pravo ..sekako ke zarabotis poveke.....:)
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.474
Поени од реакции
24.213
и јас познавам еден мој другар пообразован кој замина во странство и се гордее дека свирел во паб за викенди а денски работел во фабрика каде го селектирал зеленчукот. инаку има завршено информатика и да се работи за западна европа.
така да незнам што чекате?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom