Зошто во Македонија младите не отвараат бизниси ?

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Немаат мозок, не се амбициозни или што е работава ?

Каде е претприемачкиот дух кај македонецот ?

Како не се најдоа до сега некои млади дечки што ќе направеа успешен бизнис, а тоа да не е IT поврзано ?
Имбецилен ли е толку македонскиот народ што продуцира ваков неквалитет ?

п.с баталете го земјоделието има милион бизниси кои и се и те како доходовни, а пласманот ви е гарантиран, Македонија само за увоз на странска роба дава +5 милјарди долари на годишно ниво.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Каде е претприемачкиот дух кај македонецот ?
За да почнеш треба да имаш капитал и тоа за било што да почнеш, како до капитал, преку кредити, како до кредити, со заложување на сиот имот. Епа македонецот не е глуп, за да има повеќе пари да стави на коцка се што неговите создавале, една куќа има каде да живее. Подобро да штеди и да живее скромно, отколку за 5 години да се најде на улица
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
За да почнеш треба да имаш капитал и тоа за било што да почнеш, како до капитал, преку кредити, како до кредити, со заложување на сиот имот. Епа македонецот не е глуп, за да има повеќе пари да стави на коцка се што неговите создавале, една куќа има каде да живее. Подобро да штеди и да живее скромно, отколку за 5 години да се најде на улица
За колкави пари збориме пријателе ?
Јас говорам за суми од 5 до максимум 10 илјади евра.
Со тие пари можам во било кој момент да стартувам бар 200 бизнис идеи.

Фактите говорат дека 2% од светската популација има претприемачки дух, каде е тука македонецот ?
Да не е он некаков изрод ?
 
B

BrunoFresh

Гостин
Абе како што рече има милион бизниси кои можат младите да ги реализираат , а сепак да не бидат IT. Ама проблемот е што ќе му текни на еден , и тој останува сам и покрај тоа што други ќе му ветуваат како партнерска работа. Младинава денешна се мрзи невидени. А и да му успее нема некаде далеку да стигни, сепак има препреки и помоќни луѓе во секој град кои што ќе спречат развојот на тој бизнис ако тргни.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
За да почнеш треба да имаш капитал и тоа за било што да почнеш, како до капитал, преку кредити, како до кредити, со заложување на сиот имот. Епа македонецот не е глуп, за да има повеќе пари да стави на коцка се што неговите создавале, една куќа има каде да живее. Подобро да штеди и да живее скромно, отколку за 5 години да се најде на улица
во сите земји сите се соочуваат со тој проблем не сме само ние. Нема бизнис без ризик.
колку луѓе станале успешни а почнале со ништо..
значи не е тоа изговор.

можеби затоа што сакаме со ништо да земеме нешто ?
за да направиш/отвориш/создадеш/изградиш бизнис е потребно труд и време, идеа, креативност, сигурност, самодоверба, истрајност..
Нашиот народ уште не е свесен дека е способен дека може да створи нешто, нивните амбиции се многу мали.. да бидат професор, програмер.. секретар бла бла. И нив тоа ги исполнува мислат дека постигнале нешто .. а зависат од друг.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
А до колку години се подразбура тоа “млади“
18? ... 25? 33 ?
има доста луѓе со свои бизниси под 40-45 години
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
во сите земји сите се соочуваат со тој проблем не сме само ние. Нема бизнис без ризик.
колку луѓе станале успешни а почнале со ништо..
значи не е тоа изговор.
Не ми беше тоа поентата, кај нас банките даваат кредити ако имаат што да ти земат, не би рекол дека во сите земји е така, посебно за тие кредити за развој, значи македонецот не е мрзлив едноставно не сака да ризикува да остане без покрив на главата, што е и те како битна работа, ретки се кај нас бездомниците, за разлика од толку фалената Америка.
 
и сега банките ни се криви што не не бива?
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Абе како што рече има милион бизниси кои можат младите да ги реализираат , а сепак да не бидат IT. Ама проблемот е што ќе му текни на еден , и тој останува сам и покрај тоа што други ќе му ветуваат како партнерска работа. Младинава денешна се мрзи невидени. А и да му успее нема некаде далеку да стигни, сепак има препреки и помоќни луѓе во секој град кои што ќе спречат развојот на тој бизнис ако тргни.
Глеј, не се македонците некои изроди од Гинис излезени.
Мрзата кај младите е феномен присутен на светско ниво баш читав за Италија таму само 10% од младите под 29 години имаат стабилни примања, другите се во некој хипи филм...

Кај нас ако си добар во математика да не речам геније родителите ќе те индоктринираат да одиш на електро или пмф да работиш за 40 илјади денари во добра компанија да имаш стабилност во животот некоја бла бла муабети... у основа те учат (училиштето, родителите, роднините, средината) да си поставуваш некои скромни цели... ако не си во правата група(на математичари) ќе се снаоѓаш како знаеш и умееш и на крај пошто ќе ти скурчи пошто ќе гледаш како луѓе со пречки во развојот ти го земаат работното место или ќе се одадеш на алкохол или ќе фатиш пат по нозе и ќе избегаш од "недојдијава".

Се што е квалитет, би требало да излезе на виделина барем јас така мислам.
Затоа прашувам каде се тие македонски вундеркиндови кои треба да го направат следниот Скајп или Мекинтош ?

Да не ме сватите буквално не мора да одат на нешто големо(броено во милјарди), во денешно време со тим од 10 луѓе и KNOW HOW технологија можеш да правиш обрт од неколку милиони евра.
 
slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Како прво немаат капитал.
Како второ и да се снајдеш за почетен капитал ако не си вмешан во ебана политика ќе ти ставаат сопки на секој чекор.
Како трето ма нема потреба првите две се доволни :)
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
во сите земји сите се соочуваат со тој проблем не сме само ние. Нема бизнис без ризик.
колку луѓе станале успешни а почнале со ништо..
значи не е тоа изговор.

можеби затоа што сакаме со ништо да земеме нешто ?
за да направиш/отвориш/создадеш/изградиш бизнис е потребно труд и време, идеа, креативност, сигурност, самодоверба, истрајност..
Нашиот народ уште не е свесен дека е способен дека може да створи нешто, нивните амбиции се многу мали.. да бидат професор, програмер.. секретар бла бла. И нив тоа ги исполнува мислат дека постигнале нешто .. а зависат од друг.
Одличен муабет.
Пази само, геније си и амбицијата ти(наметната секако) е да бидеш програмер, колку бедно !
Биди ербап и направи мобилен телефон, создади нешто, иновирај... не куцкај кодови за фиксна плата !
 
B

BrunoFresh

Гостин
@THE_CHOSEN_ONE
Се што е квалитет, би требало да излезе на виделина барем јас така мислам.
Па баш и тоа зборувам. Добриот бизнис, фирма или што и да е, излегува да на виделина , но сепак во градот ти не влаадеш тогаш. Тогаш владее некој друг над тебе со што и да дојде до забуна, ти немаш право да се буниш. Се надевам си запознаен со тоа што, денеска на добра фирма (посебно во Македонија, незнам за друго место), и се зема рекет од луѓе кои се помоќни и од полицијата и од се. Некои кои што управуваат и со државата и се над власта. Се надевам си запознаен со тоа, така да ако дојде тоа да е јако добро сработен бизнис со добар просек на платеност или незнам што уште не, тогаш планирај си дека некој тука ќе ти врши тебе рекет, а за понатаму незнам како ќе те третираат. И на крај што би рекле останатите членови, ќе останиш без покрив на главата. Е тоа е грдото кај нас во Македонија.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
Како прво немаат капитал.
Како второ и да се снајдеш за почетен капитал ако не си вмешан во ебана политика ќе ти ставаат сопки на секој чекор.
Како трето ма нема потреба првите две се доволни :)
а ако веќе тврдиш дека може да се успее лесно почни таман сега доаѓа есен имаш шанси да ја фатиш есенската сеидба па догодина ова време пиши како ти оди бизнисот :)
чекај, си пробал да почнеш нешто за да знаеш?
и после тоа .. и да се погоди некој да проба.. нема да успее од првпат и ќе рече ете .. неможе толку.
Значи за да успееш нешто треба да се сопнуваш, паѓаш, обидуваш и сето тоа е искуство и лекции.

погледнете го прекрасниов говор на Стив Џобс мислите на него се од небо му паднало ?

проблемот со нашава младина е што уште пред да почнат се откажуваат, големи песимисти се.
ќе ми прават сопки, ова неможам тоа неможам .. excuses..

и на крај се сведува на едно. ДРЖАВАТА Е КРИВА НЕ Е ДО НАС така ?
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Па баш и тоа зборувам. Добриот бизнис, фирма или што и да е, излегува да на виделина , но сепак во градот ти не влаадеш тогаш. Тогаш владее некој друг над тебе со што и да дојде до забуна, ти немаш право да се буниш. Се надевам си запознаен со тоа што, денеска на добра фирма (посебно во Македонија, незнам за друго место), и се зема рекет од луѓе кои се помоќни и од полицијата и од се. Некои кои што управуваат и со државата и се над власта. Се надевам си запознаен со тоа, така да ако дојде тоа да е јако добро сработен бизнис со добар просек на платеност или незнам што уште не, тогаш планирај си дека некој тука ќе ти врши тебе рекет, а за понатаму незнам како ќе те третираат. И на крај што би рекле останатите членови, ќе останиш без покрив на главата. Е тоа е грдото кај нас во Македонија.
Со таков став да беа комитите ние сега ќе бевме бугари, а ти ќе си викаше Тодор Живков.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom