Незнам за каква инфрастуктура зборуваш пријателе, не реков дека е розево но не и така лошо како што прикажуваш.
Пошто збореше за Шведска до Блаце имаш 20 и кусур километри понатаму АШ ја нема македонија ја НЕМА лошата инфраструктура.
У главном нема што да измислуваме топла вода еве ги бројките.
КАКВА СЕ ХРАНА УВЕЗУВА МАКЕДОНИЈА ?
(во USD)
Увоз на месо - 106.301.376
Увоз на чоколади - 30.576.765
Увоз на сурово масло од сончоглед - 27.201.412
Увоз на бел шеќер - 26.968.869
Увоз на шеќер од шеќерна трска - 21.226.051
Увоз на минерална и газирана вода - 21.062.672
Увоз на кафе - 18.810.000
Џемови, мармнелади и друг конзервиран зеленчук и овошје - 17.014.797
Увоз на млеко и павлака - 15.579.659
Увоз на јужно овошје - 14.625.319
Увоз на пченично брашно - 13.273.875
Увоз на сирења - 11.581.202
Увоз на храна за кучиња, мачки и животни - 8.300.406
Увоз на колбаси - 7.591.569
Увоз на сладолед - 5.902.313
Увоз на свеж или замрзнат зеленчук - 5.463.553
Увоз на овошни сокови - 4.908.074
Увоз на пиво - 4.892.596
Увоз на супи - 4.792.396
Увоз на путер - 4.148.421
Увоз на мајонез - 3.082.714
Увоз на сушен зеленчук - 2.969.676
Увоз на свежо овошје - 2.670.616
Увоз на цвеќиња - 2.598.776
Увоз на полжави - 2.581.157
Увоз на зачини - 1.735.568
Увоз на јајца - 1.495.039
Увоз на чаеви - 1.360.138
Увоз на кечап - 942.451
Јогурт и кисело млеко - 567.164
Увоз на вина - 568.569
Увоз на гуми за џвакање - 445.084
Извор:Државен завод за статистика
За почеток доволно е производство што ќе супституира увоз, понатаму е лесно.
Пред некој ден читав за семејна фирма од Германија што произведува ласери за селектирање на рециклиран отпад.
Зошто такви ствари ние да не правиме ретардирани ли сме ?
Убо го зеде примерот за Шведска па ајде ќе го разработам
Колку време му треба на Србин од Белград да стигни до Стокхолм, колку време му треба на Македонец од Скопје да стигни до Стокхолм?
Колку време му треба на Србин од НовиСад да стигни до Малме, колку време му треба на Македонец од Битола да стигни до Малме?
Супер ти е и листата која ја извај.
За секој од оние производи потребна ти е некаква експертиза за да започниш да работиш. Колку од децата шо завршват земјоделски (генерално дејностите шо ги спомна бараат таков факултет) се способни да го произведат нештото? Колку од нив можат да си дозволат финансии да ја кренат таквата фирма? Колку лаици кај нас се запознати дека постјат бизниси со полжави, со сушен зеленчук и слично. Колку саеми има во Македонија што можат да стимулираат таква идеја? Колку литература има во Македонија шо можи неписмен земјоделец или некој кој не разбира англиски да прочита на тие теми? Пак ќе се вратам на муабетот за IT сферата, тука веројатно имаш најгуста концентрација на писмени/интелигентни луѓе и најлесно достапни материјали то сметам дека ти е критичната разлика.
Пак ќе се вратам на инфраструктура. Значи не ти е проблемот во мкд како што го опиша ти само да го однесиш продуктот до блаце и потоа тој ќе се телепортира до супермаркет. Проблемот е следниот, Ајде земам рандом бизнис од листата. Работа со цвеќе. Не сум стручњак да коментирам за услови за растење на цвеќиња ама и нашите стручњаци од тоа што знам доволно уткале во слични прогнози. Небитно, ти си стручњакот и да речиме ти си од да речиме ДемирХисар. Потребно ти е да набавиш семиња, пестициди, препарати и сл (од Битола од Скопје, од Солун , од Зимбабве?). Знајш кој проблем е во македонија од ваков град да стигниш да ги набавиш потребните работи? Значи му треба преглед на маркетот и му треба лесно достапна залиха. За друг бизнис ти требаат секојдневни залихи со различни средства, ти требаат некакви си Експерти, ти можи ќе си газдата шо ти текнала идејата, на колку луѓе можиш да се потприш кои се способни да го работат нештото. Пак не велам дека не функционира ова нешто има бизниси шо работат во ДХ или Берово или Битола или Дебар, проблемот е дека овие услови или попишманиле многумина, или многумина неможеле да ги поднесат трошоците, или пак е нешто од претходниот параграф шо го пишав.
И за крај последниот пример да на некој начин ретардирани сме. За на некој во Германија да му текни да го прај то чудо нормално требало или да го има проблемот или да го види проблемот, кај нас за почеток рециклиран отпад е табу тема. Достапност на материјали пак(идеално за мојот пример во последниот пасос), спореди кој трошок го има германец да ги најди материјалите за ова чудо и кој трошок е за македонец, кој трошок е за германец да биди свесен дека нештото воопшто постои (а македонец? да немање на саеми, немаше на индустрија и инфраструктура не прави ретардирани). Еве и одма спротивен пример, пред кусо време разбрав дека некој кај нас шиеле параглајдери. Ниту е научна фантастика ниту ништо ама некој научил за то нешто и имал можност да го изведи, за разлика од многу други.
Заклучок, се според условите . Пак статистика, можи некој ваков чуден бизнис ќе проработи ама колку други нема поради сите примери шо ги набројав.
--- надополнето: Aug 30, 2011 5:26 PM ---
90% од младите кога би отварале бизниз , би отвориле бизнис што е поврзан со компјутери (или поточно интернет бизнис) , а за да се отвори такво нешто во МК , потребно е да се има услови за тргување преку интернет затоашто МК е премногу мала за да се насочи бизнисот само во МК , значи услугите или продуцтите треба да се насочат кон глобалниот пазар а не само во МК ... како ќе се насочат кога во МК усте неможе ни со PayPal да се плаќа или пак од МК неможеш да тргуваш на европска берза итн итн ...
Точно, и ова е еден од оние инфраструктурни проблеми кај нас.
Сепак идејата на чозеноне за понормални бизниси, бидејќи според него IT нормално функционира. (Да подобро функционира ама сепак можи далеку подобро)