Бодрење на странски клубови, бидејќи имаат професионализам, во такви клубови не можат да играат играчи кој немаат кондиција да ја издржат утакмицата освен ако не се повредени, а можат да дадат голем придонес за тимот со само 5-6 минути ангажирање на теренот.
Кај нас самите фудбалери не се професионалци, да се професионалци нема да играат во МФЛ, ќе играат надвор и ќе ги гледаме во странските клубови бидејќи професионален фудбалер игра таму каде ќе го платат повеќе. Кај нас не се проблем ниту финансиите, ниту условите проблем се самите фудбалери, кој едноставно се однесуваат аматерски и затоа се друго е такво какво што е, никој не финансира фудбалери на кој не им се игра фудбал а им се зима пари. Дали Реал или Барселона би биле плаќале играчи како Давид Вила, Меси или Роналдо ако ти самите не вложуваат во себе, сигурно не, бидејќи ни таму никој не би идел да гледа утакмица ако играчите не можат да издржат цела утакмица, а со тоа и никој не би вложувал, а бидејќи никој нема да вложува нема да има услови за другите фудбалери да се развиваат т.е ќе дојде до ситуација која е во Македонскиот фудбал.
Кај се Панчев, Рингов и другите одлични и прославени фудбалери да помогнат на Македонскиот фудбал, никаде зошто??? Затоа што треба од минус да почнат и треба многу пари и време да вложат за да го направат нешто добро за фудбалот, а додека тие прават во позадина некои други ќе почнат да им рушат и ќе сфатат дека залудно се труделе. Тие тоа го знаат и за тоа се подалеку од фудбалот, и тие се едни од ретките фудбалери кои биле професионалци и играле за пари и вложувале во себе за да бидат тоа што се денес.
Затоа додека самите фудбалери не се свестат дека играат за публика, а не за неколку илјади евра плата и мене ми е супер уште подобро да се повредам ќе земам плата и нема да играм до тогаш луѓето ќе навиваат за странски клубови бидејќи сакаат да гледаат фудбал, а не да гледаат маалски фудбал, за кои се сигурни дека може и самите да излезат на терен и да ги победат.