Зошто бодрење на странски клубови, а не на домашни?

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Има врска и тоа голема, убаво пиша фантом поназад вечерта дрво пијан играчот другиот ден на натпревар не знај кај се наоѓа, одвај се влечи по теренот, за вакви треба да одам на стадион???
Првенствово ни е аматерско кој шо сака си прави.

И Јуве и Милан местат да, во цел свет се мести само шо овие екипи се моќни една година се казнети другата ЛШ освојуваат.
Oва не се случува на западот.....неееееее,што ти е на тебе.Пијан играч таму,нема шанси.Па уште и да прават тепачки по кафичи,да идат на суд за силувања,да прават сцени по град.......немогуќе.Се чесни сестри и калуѓери се таму..........
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
2.954
Поени од реакции
1.349
Oва не се случува на западот.....неееееее,што ти е на тебе.Пијан играч таму,нема шанси.Па уште и да прават тепачки по кафичи,да идат на суд за силувања,да прават сцени по град.......немогуќе.Се чесни сестри и калуѓери се таму..........
Ич не ми е гајле шо прават играчите во слободно време и тие се луѓе им треба релаксација, сакаат да се забавуваат.
Дали си видел во топ 5 шампионатите пијан играч на терен???


Додека Победа, ох Победа, нема ништо забавно и релаксирачко во гледањето на играчиштето кое има кондиција на еден аматер (ко мене), истото то играчиште кое во една прилика на клупата за резерви си пиеше и пиво (некои прилепчани знаат за ова и ќе го препознаат, ама то е, непотребно се изреволтирав сега па нека стој и то).
Добар е примеров од фантом.:)
Тешко дека има на запад вакви случаеви и пак да биди првотимец наредните натпревари.:)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Бодрење на странски клубови, бидејќи имаат професионализам, во такви клубови не можат да играат играчи кој немаат кондиција да ја издржат утакмицата освен ако не се повредени, а можат да дадат голем придонес за тимот со само 5-6 минути ангажирање на теренот.
Кај нас самите фудбалери не се професионалци, да се професионалци нема да играат во МФЛ, ќе играат надвор и ќе ги гледаме во странските клубови бидејќи професионален фудбалер игра таму каде ќе го платат повеќе. Кај нас не се проблем ниту финансиите, ниту условите проблем се самите фудбалери, кој едноставно се однесуваат аматерски и затоа се друго е такво какво што е, никој не финансира фудбалери на кој не им се игра фудбал а им се зима пари. Дали Реал или Барселона би биле плаќале играчи како Давид Вила, Меси или Роналдо ако ти самите не вложуваат во себе, сигурно не, бидејќи ни таму никој не би идел да гледа утакмица ако играчите не можат да издржат цела утакмица, а со тоа и никој не би вложувал, а бидејќи никој нема да вложува нема да има услови за другите фудбалери да се развиваат т.е ќе дојде до ситуација која е во Македонскиот фудбал.
Кај се Панчев, Рингов и другите одлични и прославени фудбалери да помогнат на Македонскиот фудбал, никаде зошто??? Затоа што треба од минус да почнат и треба многу пари и време да вложат за да го направат нешто добро за фудбалот, а додека тие прават во позадина некои други ќе почнат да им рушат и ќе сфатат дека залудно се труделе. Тие тоа го знаат и за тоа се подалеку од фудбалот, и тие се едни од ретките фудбалери кои биле професионалци и играле за пари и вложувале во себе за да бидат тоа што се денес.
Затоа додека самите фудбалери не се свестат дека играат за публика, а не за неколку илјади евра плата и мене ми е супер уште подобро да се повредам ќе земам плата и нема да играм до тогаш луѓето ќе навиваат за странски клубови бидејќи сакаат да гледаат фудбал, а не да гледаат маалски фудбал, за кои се сигурни дека може и самите да излезат на терен и да ги победат.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Ич не ми е гајле шо прават играчите во слободно време и тие се луѓе им треба релаксација, сакаат да се забавуваат.
Дали си видел во топ 5 шампионатите пијан играч на терен???

Добар е примеров од фантом.:)
Тешко дека има на запад вакви случаеви и пак да биди првотимец наредните натпревари.:)
И се десило тоа,испил пиво на клупа за резерви......браво.Ради тоа сега ќе го одсакам Вардар.Готово,не ме боли веќе уво за ниту една екипа од кај нас.Не ми е гајле што е наш најтрофен тим,што бил порано како еден вид репрезентација на Македонија,клуб за кои што навивале моите,единствен клуб за кој навиваат сите населби од градот,екипа од моја град........се е тоа небитно.Еден тип у Прилеп испил пиво на терен и готово.....Сето тоа е споредна работа,така? Екипа се засакува ради тоа,не ради колку им се големи професионалци играчите......
Знаеш колку има играчи што признале дека пијани играле утакмица?
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.357
Поени од реакции
4.879
И како сето тоа има врска со нечија љубов кон клуб? Ај да не идеш на стадион,но воопшто да не те боли уво за некоја екипа од кај тебе........
Јуве местеше,Милан местеше,цела Италија местеше? Да,а изгубија фанови? Не
Мислиш на запад не пијат и пушат играчите,не искачаат по цели вечери?Мисли си ти тоа.Малце ги има скандали пијани кај што прават глупости,па пак губат фанови ради тоа? Не
Стадионот ти е тебе причина за да засакаш некоја екипа?
Па веќе не ме боли воопшто..Зошто ? Епа вака јас сум ‘‘фан‘‘ на Фк.Пелистер. Изминатава сезона луѓето и играчите од клубот местеа на големо и тоа јавно без никаков срам и перде се знаеше како ќе завршат нивните утакмици.. Па како капак на се да ја наместиш утакмицата со твојот најголем ривал (твојот Вардар..) и за 1000евра (и толку дали беа..) да ја продајш својата љубов, а си дете на тој тим, да немаш ни малце респект кон клубот.. Кога играчот не го поштова својот клуб, зарем јас ќе го бодрам тој играч. Ќе ми дојди исто како да навивам за мојот најголем ривал..
Македонски клуб споредваш со италијански клуб.. Местеа али сигурно не се шетаа низ Торино,Милано играчите и да се фалат дека местат утакмици или пак да киснат по кладилници..
Чекај малце.. нема везе стадионот али дали ти би седел на цемент 90мин. и за време на тие 90мин. ти смрди на фекалии (моч и измет) од сите страни ?
Јас го сакам клубот од мојот град со сето срце и стварно боли кога ќе ја видиш состојбата до која е донесен. Но остана само да го сакам името Пелистер и ништо друго. Ни управа,ни играчи ни ништо.. И немам желба да посетувам негови утакмици се дур не се смени нешто (поточно се) во клубот..
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Никој не ви рече да не бодрите странси клубови бе ама како деца мали да се убивате за некоја екипа од Енглеска или од не знам каде е буквално смешно и ми нема логика. Споредба меѓу Македонски и странски клубови јасно не може да се прави ама ете во последниве неколку години Македонија успеа да настапува на неколку шампионати во ватерполо ракомет и баскет и носеа победи и резултати па каде беа тогаш тие што се чукаа во срце за Манчестер за Реал и за остантите да видиме кој е вистински навивач ????
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
2.954
Поени од реакции
1.349
И се десило тоа,испил пиво на клупа за резерви......браво.Ради тоа сега ќе го одсакам Вардар.Готово,не ме боли веќе уво за ниту една екипа од кај нас.Не ми е гајле што е наш најтрофен тим,што бил порано како еден вид репрезентација на Македонија,клуб за кои што навивале моите,единствен клуб за кој навиваат сите населби од градот,екипа од моја град........се е тоа небитно.Еден тип у Прилеп испил пиво на терен и готово.....Сето тоа е споредна работа,така? Екипа се засакува ради тоа,не ради колку им се големи професионалци играчите......
Знаеш колку има играчи што признале дека пијани играле утакмица?
Дека браво, затоа ни е лигата аматерска и баш убав пример ќе им даде на децата шо се одлучиле да тренираат фудбал.

Ни најмалку не ми е гајле за Вардар и 100 титули нека освои.:D

Јас си ја сакам Победа и секогаш ќе ми биди на прво место, не можам да го сакам Милан повеќе од Победа, ама дека во вакви услови ќе одам и ќе навивам НЕ!!!
Сигурно знајш дека не така одамна се полнеа стадионите и кај нас, колки толку се играше чесно имаше публика, да имало и местенки ама не колку сега сигурно, имало и добри излети во евро натпреварувањата какви екипи гостувале во Македонија, да се работи чесно верувај ќе има публика и без некои поголеми успеси во Европа.
Инвестираат во Металург, Ренова, Работнички кај шо има одвај 200 души на стадион а Вардар, Победа, Пелистер, Беласица, се пред згаснување. Перат милионски суми на пари и мува не ги лази епа јебига дури скапуват стадионите од кога се направени така се останати ќе дркаме на странски екипи.:)
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Времето ќе помине, другарите ќе се сменат, сите ќе бидеме некаде на свој пат, ќе останат само најсреќните моменти во животот,сите убави сеќавања и ЉУБОВТА кон црвено жолтиот клуб која никогаш нема да згасне !!!

Но за жал ретко кој го сфаќа ова,поважно им е да седнат дома и да го гледаат Милан,Барса или Интер отколку да му помогнат на локалниот клуб на кој му е потребна поддршката.
Ама тоа е,македонски проклет менталитет.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Ееее веќе 9-тата страница ќе ја отвориме а некои уште се расправаат за нешто што се сфаќа за 1 мин.Е ОВА е проблемот!
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890
Роналдињо сеа скоро имаше акција ако некој го види по кафич да се јави во клубот наводно многу се журкал и пиел и каснел на тренинзи. И многу други случаеви немој да мислите дека тие се имуни на тоа. Па пола од тука на форумов пиат и пушат, а се спортисти па и некој ваш другар истото го прај ап го цените другарот. Пијани фудбалери сеуште не се појавиле на терен не трескајте безвезе.

А, стадионот ако те тера да навиаш за некој клуб тоа е океј. Затоа ако гледаме само Реал и Барса треба да имаат фанови пошто имаат најубави стадиони.

Само едно прашање Како тоа имате љубов кон странските клубови, што ве поврзува ?
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.013
Поени од реакции
7.730
ako ne piesh pivo nemojsh fudbaler da bidish :D (taka velat postarite fudbaleri)..dzabe zborate ko site igraci vo strasnstvo se pijanat..nema vrska to..i dzabe velite deka gi sakate nashite kluboj a nikogash vo zivoto nemate na stadion pojdeno..citam pogore pobeda ja sakal ama ne odi na utakmici--to ne e kjubov be prijatele..duri ima takvi ko vas kje nemame fudbal ;)
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890
Недостатокот од квалитетен фудбал во нашата држава !
Сигурно не си запознаен зашто нема квалитетен фудбал. Доволно возрасен си и паметен човек за да знаеш дека фудбалот се игра за навивачите. Па каде се тие и за кого да се игра? :)
 
Член од
11 јуни 2007
Мислења
1.505
Поени од реакции
1.302
Сигурно не си запознаен зашто нема квалитетен фудбал. Доволно возрасен си и паметен човек за да знаеш дека фудбалот се игра за навивачите. Па каде се тие и за кого да се игра? :)
Сега се игра за парите ( не мислам за платата )
ај одговори ми зошто до пред 10 - 15 години имаше многу публика на стадионите !
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890
Сега се игра за парите ( не мислам за платата )
ај одговори ми зошто до пред 10 - 15 години имаше многу публика на стадионите !
Кога ти ќе ми одговориш зошто само се појавувате на европски утакмици, нели не сакате да гледате пијаници по теренот ? :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom