Не е проблемот бодрење странска екипа.Секој поддржува некоја од поголемите екипи.Но сечење вени за некој клуб од странство и никаква заинтересираност за некој домашен клуб е тоа е проблемот.Само кај нас и во Африка странските екипи имаат повеќе фанови од домашни екипи.Попрво луѓе шетаат со дрес од Интер,Милан,Барса него од Вардар,Пелистер,Победа..... Проблемот е што некој знае кој број гаќи носат Руни и остала багра,а за некој домашен клуб ич не го боли уво.Не е проблем да ти се свиѓа и странска екипа,проблем е како кај нас кога поголемиот дел од луѓето немаат никакви симпатии кон некоја домашна екипа.Во Грција,Бугарија,Хрватска,Србија и сл. можеби посетеноста не е огромна(за што има голем број на причини),но затоа се знае таму,кај никого ниту една странска екипа не е на прво место.За разлика од кај нас каде што ако се направи анкета на радном 10 000 луѓе низ Македонија најпопуларни екипи ќе испаднат Барселона,Реал,Интер,Милан и Манчестер.