Од најмали години татко ми ме влечеше на стадион и за Победа поретко и за 11 Октомври, со Победа сум прославил 2 титули и многу е поинакво чувството од она кога се радувам за скудето на Милан, горд сум на Прилеп и на Победа, на 10 години чекавме пред порта пред стадион и ги прашувавме сите шо влегуваа постарите дали можи да влезиме со нив по што не пуштаа деца сами да влегуваат, кога го праеа новиот ѕид зад старата трибина имаше мала дупка оттаму со другарчиња влегувавме на стадион откако ќе влезевме ја затрупувавме со камења да не не сетат за пак да влезиме на друг натпревар

колку пати сум плачел оти не сум успеал да влезам на стадион па морав да гледам од скалички зад стадион шо се, таму се собираа повеќе луѓе отколку сега на еден натпревар, не можиш да ми кажиш шо е љубов за клуб оти не се знајме.

Како да одам сега на стадион кога е уништено нешто што се градело со децении???