Херман (или оној другиот),
постојано ја навртуваш водата на Твоја страна, со тоа што „као„ си ме зезнал ако си ми поставил прашање или услов, кои не можам да ги исполнам, нели? Типична протестантска финта!
Е ај Ти лично, измери ја должината од „правата„ линија по која се „движи„ Сонцето, .ќе можеш?
Муабетот ми е следен: движењето од Сонцето по небеската позадина, оформува лачно движење, кое само по себе не е исцртан лак, туку е мисловно/апстрактно обликувана геометриска слика, која реално, на небото, не постои како запис, но умот човекот ја разбира како патека на движење од Сонцето! Ако наутро на исто, Сонцето е „долу„ и изгрева, на пладне е „горе„ во зенитот„ а предвечер е пак „долу„ на запад, дај кажи ми, кај гледаш тука праволиниско движење!?