Интересна тема, ќе се обидам да одговорам на прашањата:
1. What was in the beginning?
Изгледа дека денеска Биг-Бенг е најприфатена теорија за настанокот на универзумот, но сепак мое мислење е дека не е толку едноставно. Мислам дека воопшто немало почеток, просторот и времето отсекогаш постоеле. Дури и навистина да се случил тој БигБенг, во најмала рака тоа би бил само почеток на уште еден циклус на рециклажа на материјата во универзумот. Времето и просторот не започнуват и не завршуваат со него.
2. How will life on earth end?
Одговорот на ова прашање е некаде во иднината. Само времето ќе покаже. Инаку мислам дека ако човештвото опстане уште барем 2 - 3 века, можно е да се формират и првите колонии во надвор од Земјата. Во тој случај идниот Армагедон на Земјата не би бил толку катастрофален по животот во целост.
3. What happens after death?
Сите ние сме биле мртви и секој може да се присети како е да си мртов. Сега ќе ви кажам и како. Пробајте да се присетите на времето уште пред да бидете родени, поточно уште пред да бидете зачнати. Е па слично ќе биде и после. Ова се однесува на секој од нас како единка. Но животот е поголем од единката. Животот никогаш не умира, постојано се пренесува низ генерациите.
4. What is the purpose of existence?
Ова прашање долго време ми се вртеше низ главата. Дури во еден момент помислив дека животот и нема смисла. Сите живи суштества како некои програмирани биолошки роботи само се реплицираат кога им дојде моментот и лудилото продолжува. Но подоцна сватив дека мозокот не ни е даден за да бараме одговор на овакви сложени прашања, туку на некои поегзистенцијални, на пример како да си го наполниме стомакот. Значи ако веќе може да бираме да се биде или не, краткиот одговор би бил - Зошто да не.
5. Why there is order in all of creation?
Самиот поим креација подразбира дека треба да има ред, инаку креацијата би била само шака блато.
6. Why there is morality in every civilization?
Самиот поим цивилизација подразбира дека треба да има некакви норми и кодекси на однесување. Една од тие норми е и моралноста.
7. Why does every civilization believe in a Creator?
Најверојатно тоа е во природата на луѓето. За некаков проблем подобро е да имаш макар некакво решение отколку никакво. Мислам дека на почеток луѓето во божествата барале одговори, подоцна околу тие божества се формирале центри на моќ и настанале религиите. Улогата на религиите денеска се сосема поинаква. Денеска ретко кој бара одговори од религијата, таа е трансформирана во друг вид на бизнис и сега нуди припадност, еден вид религиска идентификација на единката во средината. Последиците од тоа се нови поделби и гетоизација на светот врз религиска припадност.
8. Why does every sane person have a conscience, even when it is not dictated by society?
Не го прави она што не сакаш другите да ти го прават тебе. Луѓето во суштина се добри и повеќето го применуваат токму ова.
9. How did nothing create everything?
Никако. Ако се мисли кој и како го создал универзумот, мислам дека вселената никогаш не е ни создавана, отсекогаш постоела. Погледнете го одговорот на првото прашање. Друго е прашањето кој како може да ја свати бесконечноста, по секоја цена ако се бара одговор каде е почетокот или крајот. Нема ни почеток ни крај. Исто важи и за времето. Просторот и времето се неразделни, ако го нема едното ќе го нема ни другото. Но за среќа го има, а и ние сме тука. А каде е тоа тука во бесконечноста?
10. Which came first--the chicken or the egg?
Реторичко прашање ама ајде ќе се обидам. Под услов да се тазе и двете, мислам дека кајгана повеќе ќе ми одговара за доручок, а печено пиле за ручек. Значи прво е јајцето.