Зошто атеистите немаат одговор на следниве прашања.

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
1. Пак ќе повторам, доказ ако има нема што да се верува, знаеш, нема потреба ни од верување ни од неверување. Ти веруваш дека 2+2=4 или знаеш?
2. Друѓарче, читајме што пишувам, не велам јас што било пред, туку што бил самиот ББ. Освен експанзијата други докази нема.
3. Штом не е за сите тогаш зошто не и некоја друга терија барем да и дадеме можност. ХологаМска Парадигма и гравитација? Добро бе земи малце прочитај
4. Не верувам. Јас во ништо не верувам. Она што го знам го знам она што не , не. Верувања не ми се потребни.
1. Од кај знаеш ти дека 2+2 е 4? Како си дошол до тоа сознание?
2. И добро е објаснето зошто нема други докази. Според тебе, тоа ти е исто како и да бараш доказ (да појаснам, набљудуван, или експеримент) за еволуцијата на да речиме слонот. Немаме технологија! Сеуште...
3. Давај линк од таа теорија.... ги прекопав сите можни теории, не можам веќе да се снајдам... :)
4. Епа како го знаеш тоа што го знаеш бе Атеист? Како го дозна тоа што го знаеш? Како веруваш во тоа што го знаеш?
--- надополнето: 31 јануари 2012 во 14:11 ---
Па не би се согласил со видеото бидејки е направено 2008. Мислам дека 2010 е откриено постоењето на црната материја баш преку микробрановото зрачење на истата. Затоа се поставува прашањето дали микробрановото зрачење е последица на ББ или на црната материја. Иначе се смета дека 90% од масата на универзумот припаѓа баш на црната материја. Затоа е можно и белиот шум да е последица баш на постоењето на оваа црна материја.
Поентата е дека освен движењето на галаксиите ништо друго во целост не може да се препише на ББ.
Мое лично мислење едека ББ во форма дека целата материја на универзумот се сконцентрилала во една точка не се случило, но се случила експлозија доволно силна да го наруши балансот на материја во универзумот притоа и уништувајки добар дел од галаксиите. Но ако продолжиме да дискутираме во овој правец ке забегаме.
Сега ми текна, Атеист и ти гЛорду, побарајте и прочитајте нешто за добитниците на Нобелова награда за 2006 година. Доста интересно е. :)
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
1. Од кај знаеш ти дека 2+2 е 4? Како си дошол до тоа сознание?
2. И добро е објаснето зошто нема други докази. Според тебе, тоа ти е исто како и да бараш доказ (да појаснам, набљудуван, или експеримент) за еволуцијата на да речиме слонот. Немаме технологија! Сеуште...
3. Давај линк од таа теорија.... ги прекопав сите можни теории, не можам веќе да се снајдам... :)
4. Епа како го знаеш тоа што го знаеш бе Атеист? Како го дозна тоа што го знаеш? Како веруваш во тоа што го знаеш?
1. Зедов два прста од едната рака и два од другата и изброив. Ти како? И веруваш на учителката од основно?
2. Ако немаме технологија не го земај за доказ, претпоставка е (теорија). Ти незапознат со други теории одма тврдиш дека за другите имало докази дека не се точни??? Од каде?
3. Јас додека давав линкови, ти немаше време, google The Holographic Paradigm провери
4. Не верувам во тоа што го знам, ти кажав немам потреба од никакви верувања.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Мислам дека во суштина сите на форумов имаме еднакви ставови или во најмала рака се толку слични да може да се групираат во едно множество.

Сите дискусии се сведуваат на теоретска основа и прифаќање докази, факти, или некакви експерименти кои нудат поголема веројатност од некои други докази, факти и експерименти.

Се е калкулација. Се е теорија.

Го дебатираме Биг Бенгот а не знаеме што допринело да се случи.
Дебатираме за Теорија на еволуција (посебно помеѓу видовите) а не знаеме како дошло до создавање на првото множество праклетки, то ест ВЕРУВАМЕ дека СЛУЧАЈНО се наредил ланецот што живот дава, ама тоа не не интересира како настанало туку од него натака ќе разговараме..
Дебатираме за абиогенеза, а само претпоставауваме какви биле условите на првобитната земја.
Дебатираме за (не)постоење на Господ, Бог, Повисок Е нтитет а не знаеме што подразбираме под тој поим.
Дебатираме дали Исус Воскреснал а не знаеме што подразбираме под воскреснување.
Дебатираме дали Библијата е точна или не, а не знаеме во дискусијата дали ќе говориме во буквален или во метафоричен стил.

Вистината е дека сме пионери во областите кои ги тангираат овие прашања.

Се е можно од наведените дискусии, и во исто време ништо не е можно.

Ако еволуцијата на пример (јеби га мене омилената дискусија :P) има многу повеќе приврзаници и нуди далеку поголема веројатност, од неа спротивставената тероија на креација, тогаш воопшто не значи дека е вистината гледана од некој друг апсолутен систем.

Затоа велам дека овие дискусии имаат и доста философија во нив.

Најубаво се решаваат дилемите во дружба и пијачка:D
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
1. Од кај знаеш ти дека 2+2 е 4? Како си дошол до тоа сознание?
2. И добро е објаснето зошто нема други докази. Според тебе, тоа ти е исто како и да бараш доказ (да појаснам, набљудуван, или експеримент) за еволуцијата на да речиме слонот. Немаме технологија! Сеуште...
3. Давај линк од таа теорија.... ги прекопав сите можни теории, не можам веќе да се снајдам... :)
4. Епа како го знаеш тоа што го знаеш бе Атеист? Како го дозна тоа што го знаеш? Како веруваш во тоа што го знаеш?
--- надополнето: 31 јануари 2012 во 14:11 ---

Сега ми текна, Атеист и ти гЛорду, побарајте и прочитајте нешто за добитниците на Нобелова награда за 2006 година. Доста интересно е. :)

Добро и.
Типците добиле награда 2006 за откривање на микробрановите, јас не негирам што било од ова.
Само ако истите микробранови се користат за откривање на темната материја не ли можно истите да потекнуваат од неа.
Како што напишав претходно хипотезата на ББ покрива добар дел од тоа што е откриено но има неколку прашања кои не ги покрива како што е постоењето на темнта материја. Затоа и сметам дека треба да се заме со разерва во моментов.
Еве да речеме дека ББ се испостави дека е точна ама не во денешна смисла т.е. дека целата темна материја била сконцентрирана во еден многу мал простор, се случила експлозија и темната материја се распрскала насекаде, но тогаш се поставува прашањето од каде потекнува видливата за нас материја.
Поентата ми е дека кога нешто е во фаза на хипотеза не смее да се тврди дека е точно. Иначе сите истражувања би се одвивале само во еден правец и би се стигнало само до еден слеп завршеток.
А иначе според досегашните откритија скоро се оди во прилог на ББ (со некои исклучоци) дека е точна.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
1. Зедов два прста од едната рака и два од другата и изброив. Ти како? И веруваш на учителката од основно?
2. Ако немаме технологија не го земај за доказ, претпоставка е (теорија). Ти незапознат со други теории одма тврдиш дека за другите имало докази дека не се точни??? Од каде?
3. Јас додека давав линкови, ти немаше време, google The Holographic Paradigm провери
4. Не верувам во тоа што го знам, ти кажав немам потреба од никакви верувања.
1. Значи експериментално си проверил. Добро е засега. Знаењето ти се базира на експеримент, на нешто докажано и битното е дека ти веруваш во тоа. Следно;
2. Немаше технологија ни за прецизно мерење на микробрановото зрачење до пред 2-30 години. Сега има. И тоа е ДОКАЖАНО.
Јас запознат сум со другите теории. Од една страна стои ББ, која е широко поткрепена со опсервациски докази, плус уште една-две теории, а од друга страна стојат останатите теории.
Повеќето од тие теории не одат во склад со опсервациските докази.
3. Теоријата на Холографски принцип (веројатно мислиш на оваа) никако не ја загрозува ББ теоријата, бидејќи објаснува сосем друга работа.
4. Не веруваш во тоа што го знаеш? :)
--- надополнето: 31 јануари 2012 во 15:19 ---
Добро и.
Типците добиле награда 2006 за откривање на микробрановите, јас не негирам што било од ова.
Само ако истите микробранови се користат за откривање на темната материја не ли можно истите да потекнуваат од неа.
Како што напишав претходно хипотезата на ББ покрива добар дел од тоа што е откриено но има неколку прашања кои не ги покрива како што е постоењето на темнта материја. Затоа и сметам дека треба да се заме со разерва во моментов.
Еве да речеме дека ББ се испостави дека е точна ама не во денешна смисла т.е. дека целата темна материја била сконцентрирана во еден многу мал простор, се случила експлозија и темната материја се распрскала насекаде, но тогаш се поставува прашањето од каде потекнува видливата за нас материја.
Поентата ми е дека кога нешто е во фаза на хипотеза не смее да се тврди дека е точно. Иначе сите истражувања би се одвивале само во еден правец и би се стигнало само до еден слеп завршеток.
А иначе според досегашните откритија скоро се оди во прилог на ББ (со некои исклучоци) дека е точна.
Точно, треба уште многу да се докажува, има полно нејасни работи во ББ. Веќе се спремаат неколку мисии/експерименти кои засега треба да ни разјаснат одредени работи со ББ.
Она веќе докажаното не може да се негира. Во зависност од новите откритија, ББ може да се надополни, измени (како неколку пати досега) или откритијата може целосно да се вклопат во теоријата.
Доколку пак, се најде доказ кој е во целосна спротивност со ББ (континуирано создавање материја на пример) тогаш ББ паѓа и ќе мора да се бара нова теорија која ќе ги обедини новото откритие кое ја турнало ББ и доказите кои дотогаш оделе во прилог на ББ.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
4. Не веруваш во тоа што го знаеш? :)
НЕ.
Ти веруваш во тоа што го знаеш? Какво знаење е тоа тогаш? Догматско?

Ето ти го одговорот на првите 3. точки. Штом има уште многу да се докажува. Нека се докаже прво, па ќе видиме.
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
1.

Баш тоа.
Али останува проблемот кога дискутираш вакви теми на чат-неможеш никогаш убаво да дообјасниш (барем мене ми е ова голем проблем):D
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
Баш тоа.
Али останува проблемот кога дискутираш вакви теми на чат-неможеш никогаш убаво да дообјасниш (барем мене ми е ова голем проблем):D
И мене ми е проблем. Обемни се теориите, постојат безброј додатоци... :)
Не може се да изнапишеш и да знаеш.
НЕ.

Ето ти го одговорот на првите 3. точки. Штом има уште многу да се докажува. Нека се докаже прво, па ќе видиме.
Процесот на докажување е одамна почнат, и доколку теориите ги замислиш како корпи, а доказите како предмети, сите предмети одат во Биг Бенг корпата, која понекогаш се шири и изменува во зависност од големината на предметите. :)
Интересното е што ниту еден доказ не летнал во која било друга корпа.
Да, треба да почекаме да се наполни докрај корпата, ама имајќи предвид што бара науката за да се наполни корпата, тоа ќе се случи можеби никогаш (добро, науката не знае за граници) или ќе е потребно многу време.
Впрочем како и со ТЕ.

Ти веруваш во тоа што го знаеш? Какво знаење е тоа тогаш? Догматско?
Хаха, догматско... Зборчево ти прави проблеми, нели?
Верувам во доказите (добиени преку набљудување, експерименти) како единствен извор на знаење. Кажи колку догматски звучи?
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Процесот на докажување е одамна почнат, и доколку теориите ги замислиш како корпи, а доказите како предмети, сите предмети одат во Биг Бенг корпата, која понекогаш се шири и изменува во зависност од големината на предметите. :)
Интересното е што ниту еден доказ не летнал во која било друга корпа.
Да, треба да почекаме да се наполни докрај корпата, ама имајќи предвид што бара науката за да се наполни корпата, тоа ќе се случи можеби никогаш (добро, науката не знае за граници) или ќе е потребно многу време.
Впрочем како и со ТЕ.
Цело е кога има се, дотогаш здравје. Теорија која може да е и 100% точна и 100% неточна, времето ќе каже.
Хаха, догматско... Зборчево ти прави проблеми, нели?
Верувам во доказите (добиени преку набљудување, експерименти) како единствен извор на знаење. Кажи колку догматски звучи?
Ептен многу догматски. Како верник некој да слушам.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
Цело е кога има се, дотогаш здравје. Теорија која може да е и 100% точна и 100% неточна, времето ќе каже.
100% неточна не може, експанзијата веќе е докажана. :)

Види, дискутираме на подфорум Религија на тема наука, која врска нема со религиите.
Што е целта на дискусијава, не знам...
Мислам дека најдобро е да се префрлиме во друг подфорум и таму да продолжиме, иако мислам дека нема далеку да стигниме. :)
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
1. Вселената настанала после Големата Експлозија.
Сите живи организми настанаа случајно со комбинација на аминокиселини.

2. Вселената настанала после судбоноснот НЕКА БИДЕ од устата на Јахве
Сите живи организми настанаа плански после судбоносното НЕКА БИДЕ од грлото на Јахве.

1. Случајност (Екстремно мала веројатност)
2. Јахве

1= 2:P Случајност = Јахве?:eek:

Кој како милува да го каже истото:D
Последицата е иста во двата случаја:D

Причината ни фали:P

Но најчесто не интересираат последиците, а не причините нели?

Ако вечер опнеш нешто у град, не е важна причината на која "паднала" цурата:cool:
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
100% неточна не може, експанзијата веќе е докажана. :)

Види, дискутираме на подфорум Религија на тема наука, која врска нема со религиите.
Што е целта на дискусијава, не знам...
Мислам дека најдобро е да се префрлиме во друг подфорум и таму да продолжиме, иако мислам дека нема далеку да стигниме. :)
Еееееее, ама си буквалиста, неека не е 100% нека е 30% погрешна, тоа е цело време муабетот. Дека не е целосно докажана. И убаво кажав јас на другана тема со овој мубет. Таму и тоа како има врска. Ќе ти објаснам на пиво кога ќе се видиме.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
Еееееее, ама си буквалиста, неека не е 100% нека е 30% погрешна, тоа е цело време муабетот. Дека не е целосно докажана. И убаво кажав јас на другана тема со овој мубет. Таму и тоа како има врска. Ќе ти објаснам на пиво кога ќе се видиме.
Дотогаш, само ѕирни ја ББ и измените кои ги доживеала од почетокот наваму. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom