Како прво, не се уплашив од никакви „виши“ науки, туку од смештните извори на информации. Не ја потценувам Википедија, или било која друга ...педија, но вистинската наука и вистинските одговори не се таму. Па ако зборувате за квантна физика, подобро би било да се користат научните трудови од Институтот во Церн, или Харвард ако се сака виситнска дискусија. Вака е смешно.
Второ, велиш прашањето е контрадикторно. Целиот живот е контрадикторен. Иако избегнувам вулгарности, (но приморан сум да ти одговорам со: Светот е топка, ама на секое ќоше се е...; во круг ќоше, ти текнуе).
Прашањето е на место, нема контрадикторност. Контрадикторноста е во „атеистот“. И тој е човек, има емоции и тоа човечќи, не животински. Кога ќе си ја виде својата внатрешност, ќе забележи многу работи кои му сметат. Паметен е тој кој тоа ќе го увиде и ќе почне со нив да се соочува и бори. Глупав е оној кој ќе рече: Тоа Господ ми го дава и треба да го прифатам и да го трпам. А безумен е тој кој не ги гледа своите недостатоци. Се што му се случува има одраз на акција од нешто, причината е секогаш однадвор, а никогаш внатрешна. Овој судир на барање на одгвор во бесмисленост, доведува до „заглупување“ на личноста која се воздигнува како осмен остров. Но бидејќи човекот е и социјално и општествено суштество, тој живее во заедница со други. Одтука доаѓа и прашањето, КАКО тие луѓе можат да веруват во Бог. Дали некој им кажал, дали го виделе, како изгледа, дали се сретнале со него. Оваа потсвесна опсесија најеклантно се изразува во несвесната негација на личноста која верува во Бог, односно може да се појави и љубомора. ЗОШТО ТОЈ ВЕРУВА, кога ЈАС ЗНАМ дека нема Бог. Аксиома која не се докажува. Но затоа пак од петни жили се обидуват да добијат одговор, иако некои однапред поставиле бариера да не слушат, ДАЛИ ПОСТОИ БОГ. Ова е смешно прашање. Бог постои, но вистинското прашање е: ДАЛИ МУ ВЕРУВАМЕ НА БОГА. А бидејќи не му веруваме, тогаш едноставно е: му се лутиме. Оваа лутина е изразена и кај теистите, и кај атеистите. Ако теистот има право да се лути, пример верува во Бог, а му умрело дете од 3 години, па проколнува: Каков е тој Бог, тогаш не ги разбирам атеистите, зошто кога и на нив тоа ќе им се случи и тие проколнуваат: Каков е тој Бог кој зема 3-годишно дете? Што е тоа што вас атеистите ве тера да му се лутите на Бога?
п.с. Не игарај никакви игри, лото, спортска итн. Блага веза немаш од прогнозирање.