Стварноста е: Ако се отрстрани Бог од човечкиот хоризонт, од човечкото битие, исчезнува гревот. Гревот е оној кој човека го носи во смрт. Гревот не е „чувство на вина“ како што тоа го сфаќа и дефинира психологијата, туку пред се гревот е причинител на злото. Бидејќи човек не може да ја детектира причината за злото, за моралното зло, а посебно атеистите, и длабоко во потсвеста сепак постои желба за правда, не наоѓајќи го гревот како причина, поради своето неверие склони се да се лутат на Бог, кое што е во парадокс со изјавите кои ги дават. Нивната потсвест сепак им навестува дека мора да постои „нешто“ кое тие со својата гордељубивост, егоцентричност и нарцизам го затрупале.
Јок. Стварноста воопшто не е таква.
Религијата (посебно ЈХИ) се обидува да го узурпира моралот како свој ексклузивен придонес. Ова е чиста дебилштина. Моралот не е апсолутен, како што тврди христијанството, не е од бога даден и не е конечен. Ико библијата тоа го тврди, самата си праи заеб. Еве како:
Библијата бара да го тепаш робот свој.
Библијата бара да ги убиеш децата кои не те почитуваат како родител.
Библијата бара да се ожениш со девицата која си ја силувал, откога уредно ќе платиш за тоа.
Бара да си ги јадеш децата кога си под опсада.
Бара робови да имаш, ама од соседните народи (грк, албанац, срб)...
Бара да си спремен да го жртвуваш првороденото дете.
Библијата промовира војна.
КАКОВ АПСОЛУТЕН МОРАЛ Е ОВА?!?
Ова, Јоан, се бладања на добро потпрашен пустински народ од пред 2-3000 години, со морал кој
најверојатно бил актуелен тогаш.
Овој морал нема
никаква врска со моралот денес.
Не знам дали знаеш за ткаенините кои се мешани од повеќе влакна и за стварите направени од кожа од прасе... глупости...