Зонашите не наплатуваат ради да има „ ред “ туку за да земат пари.
Ова е Скопје и нема никаква пренатрупаност. Јас живеам до Зелен Пазар, кој сака нека дојде и нека се увери по 17 часот попладне жива душа нема околу пазарот, страв да ти е да поминеш пешки
Еве го моето мислење за примерот во Италија
Во Италија паркирањето го контролира мафијата и можно е да има и такви случаи,
Но поверојатно ми се чини дека во тие делови на градовите е наполно забранет сообраќајот а можат да влезат само тие кои живеат таму. Во тој случај не се врши наплата на паркирање. Ти си бил тами и објасни дали таму се врши наплата на паркирање
Инаку во Германија има друг начин да се намали бројот на возила во поедини делови на градовите:
За да влезеш со возило во поедини делови на градовите треба да извадиш дозвола и ти даваат беџ за влез во тој дел на градот. Таа дозвола може секој да ја извади, но се чека неколку недели. И ќе се откажеш... тоа е начинот кој се користи
Ама Скопје не е Берлин, Венеција, Амстердам - тоа треба на сите да им биде јасно. Во Берлин има 2,5 милиони возила.... Во Венеција секој ден влегуваат неколку стотини илјади туристи
ај со обратен редослед ќе ти реплицирам. ДА, венеција е посебен случај. а за другите градови, .... хм, ..... мафија, али на југот, на северот на италија не е баш така. друго, сообраќајот не е забранет, него е ограничен. и СЕ ПЛАЌА. зборам за централните делови. прост пример, идам на гости во мантова, не смеам да влезам во тој дел, и морав да паркирам надвор од таа зона. и нормално си платив колку што требаше. а тие што живеат во тој дел, или работат си плаќаат исто така, само нормално со повластена цена.
ја спомна германија, .... па секоја држава, па и град сам си ги одредува правилата и приоритетите. германците на еден начин, италијаните на друг, французите на трет .... а ние на четврт.

кај нас фали една битна работа а тоа е да се направи проекција на тоа колку е капацитетот на таа зона и по тоа да се тера. ако е за 2500возила, толку и дозволи, карти да се дадат, а не 5-6000.
самиот викаш за зелено пазарче дека ДО 17ч е гужва. и тоа гужва и за жителите што живеат таму, и за луѓето што сакаат да испазарат. права лудница е. знам од причина што таму пазарам. но затоа, ....... или пеш идам, или точак, или кај QBE се паркирам или како што прави мајка ми со бус. да идам таму со кола е навистина предизвик. дири и сега откако е со плаќање е невозможно да најдеш место.тоа што после 17ч е празно, се знае зошто е тоа така, пазарот НЕ работи.
е сега дека треба да се додефинираат некои работи, дека треба да се изменат некои членови и подчленови исто така ДА, но во глобала добро е што може кој сака и да се паркира кај сака за определен надомест.
прееска заборавив и дубровник да го спомнам, еве пак како изгледа таму ситуацијата. јас сакав колата да ми биде под гз, па си платив најскапо. среќа сега постои интернетот па си бев спремен, инаку кој знае како ќе беше да ги немав тие предзнаења.
http://www.sanitatdubrovnik.hr/parkiralista.html