Зобајте-кампања за 500.000 евра

Член од
28 март 2006
Мислења
17.716
Поени од реакции
12.145
2009 беше најавено млеко со флуор за градинките, среќа не профункционира. Сега се користи поимот здрава храна. На страна тоа што добро функционира министерството за вистина и занимација со небитни објави, самиот збор здрава храна ме вади од кожа. Посебно кога со него се користвеќе и државниот врв. Институции чија работа воопшто не е да се занимаваат со листата на јадења туку со обезбедување квалитет и стандард на храна, здрава животна средина, чисти улици и воздух и животен стандард.
Ама добри пари некои ќе си инкасираат.
 
Последно уредено:
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.246
Поени од реакции
5.209
Ок, разбирам , кампања, има во цел свет, нооо дали кај нас вршат истражување после кампањата ? Дали имаат ефект или можеби кампањите се користат за пренесување на државни пари во приватен џеб.

Дали некој следи каков ефект дале следните кампањи:

Отвори го срцето

Животот е мојот филм

Почитувај ги правилата , почитувај го животот

Истражи ја Македонија 1

Истражи ја Македонија 2

Знаењето е сила , знаењето е моќ

Избери живот - имаш право на избор

Трето дете

Ти си Македонија

Осмели се - направи го првиот чекор

Одбиј работа на црно

Ослободи го срцето

Вложи во своето образование

Инвестирај во Македонија

Безбедни матурски и полуматурски прослави

Стоп за семејното насилство

Сурфај безбедно

Итн , итн ..... (има уште едно 100)


Многу работи не зависат само од граѓаните, стотина илјади луѓе пијат небезбедна вода, стотина илјади немаат фекална канализација.
Колку училишта немаат фискултурни сали или терени ?
Колку деца немаат воопшто пари да јадат ни брза храна ни "спора" за време на големиот одмор меѓу часовите ?
Каде е државата да понуди на децата социјалци или децата со невработени родители здрава храна во училиште ?

Не е се до парите, до свеста е, а свеста ние сакаме да ја подигнеме на повисоко ниво и тоа е целта на оваа кампања, нагласи Груевски, додавајќи дека ваков вид кампања веќе триесетина години се води во Финска, а пораки за здрава исхрана во САД се емитираат уште од 1956 година.
Арно ама во Финска од 1902 е започнато со бесплатни оброци, а од 1948 веќе во целата држава се даваат бесплатни оброци за децата од основно и средно училиште.

Нека понудат и во Македонија бесплатни оброци за децата со ниски примања , а за останатите 50% поевтино него во продавниците.

Што се однесува на 500.000 евра потрошени за кампања , мислам дека можело многу поевтино, доволно ќе било да се штампаат флаери со слики и факти , и нека се поделеа по школата, здравствените амбуланти.

Но кога ќе споредиш, еден лав во бронза 600.000 евра , наспроти здравјето на целата нација , 500.000 евра се малку.
лавот > 2 милиони луѓе
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.111
истражување после кампањата ? Дали имаат ефект
видлив ефект има -подебели банкарски с-ки, нови станови....новопечени „богаташи„ и „газди„-и онака ги боли уво- сето тоа народот за година-две ќе го заборави или уште при следната бизарна кампања и некој налудничав хир преточен во закон

Европските патеки не се изодуваат гладни и боси ( па згора на се’ и депресивни)
 
Последно уредено:
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
И што има лошо во рекламата за здрава храна?
Рекламите не ги тераат луѓето да јадат здрава храна и да водат здрав живот, туку условите во кои што живеат.
Зарем ти веруваш, дека на толку многу тупење за здрав живот, треба уште или треба да направат услови за тоа ?
Како на пример, поефтино парно, ама многу поефтино (стан од 100м2 да плаќа 1000 денари) = намалување на луѓето што се греат на дрва/нафта = помалку смог и почист воздух[DOUBLEPOST=1413644191][/DOUBLEPOST]
Ејјј како што тргнало ќе ги забранат и дебелите луѓе, а? И што ќе правам јас после со таа раскошна снага?
Помогни му на Жерновски да ги премести спомениците од плоштад на некое друго место
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.111
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Еве ги сега цела влада зборуваа на МТВ за кампањата.Ама колку смешно ми делуваше Грујо кога кажуваше дека народот треба повеќе да јаде леќа,грав,компир.Ама вака неоди,народот незнае тоа да си го приготви,требаше да каже и рецепт.Со каква вода се вари грав,колку време треба да се вари,дали треба да му се стави црвен пипер.Ете со што се занимава нашата влада,наместо да ги решава круцијалните проблеми во државата тие ни се мешаат во кујната.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.111

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Еве ги сега цела влада зборуваа на МТВ за кампањата.Ама колку смешно ми делуваше Грујо кога кажуваше дека народот треба повеќе да јаде леќа,грав,компир.Ама вака неоди,народот незнае тоа да си го приготви,требаше да каже и рецепт.Со каква вода се вари грав,колку време треба да се вари,дали треба да му се стави црвен пипер.Ете со што се занимава нашата влада,наместо да ги решава круцијалните проблеми во државата тие ни се мешаат во кујната.
Ако ги нападне народов ќе испадне како рекламата за металците каков грав, каква боранија не бевме ние.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Ако ги нападне народов ќе испадне како рекламата за металците каков грав, каква боранија не бевме ние.
Абе остај друго,туку Грујо ќе и ја земе и работата на баба Рада.Не е чудо да го видиме и кај нејзе препашан со некоја престилка,и со кутлача во рака.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.716
Поени од реакции
80.095
порано нешто пазеа, да личи дека се стварно потрошени пари, демек за стварно некоја цел што им е битна....
сеа више баталија шминка, баталија да не уверуваат дека демек праат нешто, па го добивме ова: транспарентни плитки пораки, од типот - јадете овошје, здраво е! (ка-чинг! 500.000 евра)
Следниот пат очекувам само известување: Нова кампања на владата (x00000 eвра). толку.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Абе остај друго,туку Грујо ќе и ја земе и работата на баба Рада.Не е чудо да го видиме и кај нејзе препашан со некоја престилка,и со кутлача во рака.
:pos::pos::pos::pos:

Затоа ја нема баба рада ја тргнале од бизнисот.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
порано нешто пазеа, да личи дека се стварно потрошени пари, демек за стварно некоја цел што им е битна....
сеа више баталија шминка, баталија да не уверуваат дека демек праат нешто, па го добивме ова: транспарентни плитки пораки, од типот - јадете овошје, здраво е! (ка-чинг! 500.000 евра)
Следниот пат очекувам само известување: Нова кампања на владата (x00000 eвра). толку.
Што очекуваш кога опозицијата ја понижија,и сега кога се е во нивни раце,толку ниско и бедно се однесуваат.Ама нема после Бранко да биде крив.Туку за следна кампања ако не биде жените да не носат високи потпетици.После ќе им порачуваат на граѓаните да одат почесто во црква,а не само на Божиќ и Велигден.Самите сме си криви,ете за што бараше Грујо 62 пратеници,за да им се меша на граѓаните во интимните и семејни работи.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Што очекуваш кога опозицијата ја понижија,и сега кога се е во нивни раце,толку ниско и бедно се однесуваат.Ама нема после Бранко да биде крив.Туку за следна кампања ако не биде жените да не носат високи потпетици.После ќе им порачуваат на граѓаните да одат почесто во црква,а не само на Божиќ и Велигден.
Тоа е обврска на свети пресветли Петар наш. Тој рече многу да не аздисуваме жените оти Госпо ќе не казни. Се знае жена за кај е. Освен абортусот што го забранија очекувам на македонската жена да и наметнат и пранги на нозе да влече. Оти еве грујче вели 50% биле дебели на шо личи тоа.

За среќа оддамна македонската жена знае што е самостојност.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom