Економските теоретичари сметаат дека договорниот начин на стопанисување бил доста успешен до средината на 60-тите. Поради: неразвиена и скоро без никаква индустрија држава. Земјоделието било екстензивно и со мали приноси. Тито убаво тргнал, ама морал кон средината на 60-тите да воведе пазарен модел на работа на фирмите и слободен влез на странски капитал. (Било дозволено најмногу до 45% на странски капитал). Управувањето било во државни раце( и на мешовитите фирми). Не се вложувало во нови капацитети, и се доаѓало до превработеност. Ова ни тресна по главата со приватизацијата во 90-тите. Државата е по дефиниција лош стопан, бидејки го максимизира профитот, а не вложува во нови погони.
Со контролирана приватизација (како сега Кина што прави) сметам дека Југославија ке била многу моќна држава, оддамна член на ЕУ, немаше да дојде до војни и распади, ама пуста идеологија и национализми во почетокот на 90- тите ја уништија творбата наречена Југославија.
Едит: Ова што го напишав сега е она што сум го прочитал за СФРЈ и Тито. Не сум југоносталгичар, напротив: Македонец, патриот. Тоа е од книги од странски автори, посветени на СФРЈ, држава- полукапиталистичка, полусоцијалистичка, еден голем експеримент, уникатен по своето општествено уредување, и која заврши како што заврши.