Земјоделци се помалку, увоз се повеќе

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.083
Поени од реакции
13.061
Не ни е ни Рајко ни Трајко крив. Немаме најосновно нешто, тоа е знаење.
Баш разговарам со луѓе на оваа тема бидејќи бараме инвестиции на ова поле. Најдов купувачи од странство но истите бараат да се работи по нивен терк.

4-5 производители веќе не сакале да соработуваат затоа што не сакале да користат квалитетни адитиви, да не се користат тешки отрови и неквалитетни кои водат кон канцер како и да начинот на производство, пакување и слично да бидне према западњачки стандарди.

Она што ние го правиме и произведуваме Х количина тука, во Холандија го прават х5. Затоа што се отидени толку напред со технологија и знаење и всушност земјоделието е сведено на наука не на молење Бога да заврне или да не измрзне еве како што се случи вчера. Покољ на овошни насади.
Наместо ниски стакленици користат високи, се користат лед технологии со кои се регулира температурата и циклусите на спиење. Се маневрира со приносот преку одредени техники пред берба. За се ова е виновен земјоделскиот институт кој всушност прави истражувања во реалниот свет и го споделува ова знаење, кај нас факултетот има 15 студенти и 50 професори. Немаат стакленик модерен, од 1950та е истиот.

Значи прво и најсоновно немаме модерно знаење за производство на количини кои ги произведуваат во модерни земји.
Наредно, срање менталитет сме. Не сакаме да соработуваме едни со други, се сопнуваме и слично. И до утре ќе се бистрат политики тука ама џабе е се.

Последно, зошто нема земјоделци, еве од форумов нека се јават 4-5 форумџии да се здружиме со капитал и работна сила па да направиме промена? :LOL:
Тешко дека 1 ќе се јави
Која Холандија, Албанија не шиша.
Минатата година вршевме увоз на зелка од Албанија, една класа подолу од домашното производство додека нашите земјоделци ги фрлаа зелките по патишта во знак на протест бидејќи не се постигна договор за цената.
 
Член од
21 октомври 2024
Мислења
98
Поени од реакции
369

и во право се што ги фрлаат. Јас ги поддржувам све што имаат да фрлаат ако не им е цената погодена. Не вреди од сабајле до вечер со месеци да работиш на топло на ладно за после некој да те дупи со мизерна откупна цена од 3 4 5 денари кг. А тоа што ние како држава не сме способни НИЕДНО производство да го зачуваме на сметка на ефтиното ѓубре од косово и алб е НАШ проблем како држава. Да се запрашаме како дозволивме ефтина неквалитетна роба од странство да ни го завземе местото на нашиот домашен квалитет.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.902
Поени од реакции
6.473
точно. дополнителен проблем во секоја култура се прекупците. иако се многу се однесуваат како монопол ги буткаат цените купуваат одеднаш, за многу култури парите ги исплаќаат на рати во долг временски период и на тој начин земјоделецот каде добива малку па и не ги осеќа а од друга страна овие после тоа вештачки ги креваат цените и имаат екстремно голем профит. прекупувачите се еден од проблемите.
Друго да ви дадам конкретна бројка цена за кг волна оди 5 ден. Дали некој мисли дека со таква откупна цена може да се покријат сите трошоци и да се направи профит. Треба да се анализира зашто бројот на добитокот се намален за 60-70% од пред 20 години.
На крај логиката е многу лесна да имало пари луѓето ќе работат, нема поголема мотивација од профитот. Едноставно ниедна влада изминативе години не покажа способност да го подобри земјоделството. Лично знам бизнисмени кои имаа огромни бројки на добиток и све продадоа затоа што не им се исплати. Баш од таа причина СИТЕ македонски млека се формула прашак со вода или мешавина со вода. Природно тука нема, а како што тргнало ќе нема ни овошје ни зеленчук природни.
Им се смеевме на странците што знаат они кај нас било чисто природно сега дојдовме во ситуација да патиме за пиперки и патлиџани имајќи ја најплодната земја на Балканот можеби и Европа.
Да не се лутиш, ама куп глупости...

За волната...имаш нешто што се вика прилагодување на пазар. Ако не си конкурентен со цена или квалитет на волна, нема што да бараш на тој пазар. Ќе се преориентира на друга раса овци, за месо или за млеко. Не можеш да тераш бизнис како што било пред 50 год или само да кукаш и да бараш помош од државата.

За крави/млеко...тоа што бизнисмени имале огромни бројки на крави, а пак затвориле -значи дека не биле конкурентни. Еве ти пример, крава во Германија или Холандија имаат просек 10-12 тона млеко во лактација. Кај нашите бизнисмени даваат 6-7 тона...Друг муабет е цена на влезни трошоци...

За прекупци...Кој им брани на земјоделците сами да се организираат и директно да продаваат/извезуваат?

Само прост менталитет ни е проблем, верувајте...
Автоматски споено мислење:

... во знак на протест бидејќи не се постигна договор за цената.
Со кого треба да постигнат договор?
Има нешто што се вика понуда и побарувачката...што патем, условува формирање на цена...
Автоматски споено мислење:

и во право се што ги фрлаат. Јас ги поддржувам све што имаат да фрлаат...
А тоа што ние како држава не сме способни НИЕДНО производство да го зачуваме на сметка на ефтиното ѓубре од косово и алб е НАШ проблем како држава.
Да си ти премиер, што ќе направиш?
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.083
Поени од реакции
13.061
и во право се што ги фрлаат. Јас ги поддржувам све што имаат да фрлаат ако не им е цената погодена. Не вреди од сабајле до вечер со месеци да работиш на топло на ладно за после некој да те дупи со мизерна откупна цена од 3 4 5 денари кг. А тоа што ние како држава не сме способни НИЕДНО производство да го зачуваме на сметка на ефтиното ѓубре од косово и алб е НАШ проблем како држава. Да се запрашаме како дозволивме ефтина неквалитетна роба од странство да ни го завземе местото на нашиот домашен квалитет.
Апсолутно. Ама до толку да не може да направат пласман за надвор? Да се чека на државата да обезбеди се? Не ми е јасно навистина.
Со кого треба да постигнат договор?
Има нешто што се вика понуда и побарувачката...што патем, условува формирање на цена...
Па не може да нема побарувачка кога се увезува од надвор.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.902
Поени од реакции
6.473
Апсолутно. Ама до толку да не може да направат пласман за надвор? Да се чека на државата да обезбеди се? Не ми е јасно навистина.
Има пласман за надвор. Ама по пазарна цена....
Па не може да нема побарувачка кога се увезува од надвор.
И?
Да прифатиме пазарна цена или да забраниме увоз?
 
Член од
21 октомври 2024
Мислења
98
Поени од реакции
369
Јас не сум земјоделец коментарите ги пишувам од тоа што сум го разговарал со голем број на мали и средни земјоделци и бизнисмени што се занимавале со одгледување на добиток на големо.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.083
Поени од реакции
13.061
Има пласман за надвор. Ама по пазарна цена....

И?
Да прифатиме пазарна цена или да забраниме увоз?
Ама како само нашите земјоделци не се задоволни од пазарните цени? Албанците ја рашетаа цела Европа со зелките, секојдневно прават извоз за кај нас, Србија, Хрватска. Нашите никако да обезбедат пласман.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
21.276
Поени од реакции
17.456
и во право се што ги фрлаат. Јас ги поддржувам све што имаат да фрлаат ако не им е цената погодена. Не вреди од сабајле до вечер со месеци да работиш на топло на ладно за после некој да те дупи со мизерна откупна цена од 3 4 5 денари кг. А тоа што ние како држава не сме способни НИЕДНО производство да го зачуваме на сметка на ефтиното ѓубре од косово и алб е НАШ проблем како држава. Да се запрашаме како дозволивме ефтина неквалитетна роба од странство да ни го завземе местото на нашиот домашен квалитет.
Ете купив краставица пред малку, гледам на фискалната увозна е... А има наши, Кочански, ама морска цена и не ги држи секој
 
placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.453
Поени од реакции
3.328
Ете купив краставица пред малку, гледам на фискалната увозна е... А има наши, Кочански, ама морска цена и не ги држи секој
Има кочански и винички, користат геотермална вода за загревање и си купуваме убави рани краставици.
 
placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.453
Поени од реакции
3.328
Конкретно Агротреф Кочани освен што користат геотермална вода за затоплување , користат и холандски бумбари за опрашување што е многу значајно .
Производителите кои сакаат да го подобрат квалитетот и обемот на земјоделските посеви во пластениците, во последните неколку децении сè почесто ја користат методата на опрашување со бумбари, со цел да ги заштитат растенијата и да ги заменат хемиските средства. Овој метод е особено корисен за домати, краставици, модри патлиџани, тиквички, пиперки...
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2024
Мислења
98
Поени од реакции
369
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.409
Поени од реакции
5.686
Отприлика 2010-2011-та, кога Грујо почна да дели субвенции за зејмоделците, новинари од тогашна „А1„ ТВ се повикуваа на царински извештаи и тврдеа дека увозот на храна во „нашата земјата„ се зголемува, небитно што власта решила да го субвенционира земјоделието.

Се чини дека минативе години ништо битно не е променето по тоа прашање...
 
Променето е.
Зголемени се само субвенциите.
Производството и понатаму паѓа, а увозот расте...
 
Член од
21 октомври 2024
Мислења
98
Поени од реакции
369
Променето е.
Зголемени се само субвенциите.
Производството и понатаму паѓа, а увозот расте...
друг проблем со субвенциите е што се во корист само на големите земјоделци по засадена површина и поединци со голем имот кои садат пример тиква дефицитарна култура добиваат доста добри пари, а мали и средни земјоделци кои работат фамилијарно и за себе со субвенциите едвај основните трошоци за нафта ги покриваат а можеби ни толку.
 
Член од
30 октомври 2022
Мислења
852
Поени од реакции
2.311
И во Србија го имаат истиов проблем.За 20000 евра можиш да купиш убава куќа со многу земјиште во Војводина.И таму љугето побрзо би живееле во некоја гајба од 35 квадрати во Нов Белград него да ги викаат селјаци.Има уште една причина шо народот се сели од селата,насекаде.Ни една девојка ниту жена не сака да се занимава со земјоделие.Многу мажи по селата останаа неженати и покрај тоа шо сакаат да работат земјоделие,џабе им е.Едно време Албанките ја пополнуваа таа празнина,ама и тие се веќе модерни.Ретко која сака да остани на село,пошто сите се веќе принцези.Социалните мрежи си го направија своето.Полесно е да е инфлуенсерка или сарлета.Која би сакала да се слика со кози или качена на тректор!?:cautious:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom