Здравството кај нас

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.367
Поени од реакции
7.451
...сите тие предавања се спонзорирани, како ќе му речат така ќе се предава, спонзорот што преферира и фаворизира така ќе му нареди на предавачот, дури и прашањата од слушателите се планирани, не можеш ти да прашаш што сакаш, ако однапред не им кажеш што те интересира и ако е одобрено да се праша.:(
...и ако со нешто не се сложуваш не ти дават збор никако за дебатирање, како би се рекло ,,наместени" предавања.
Види, спонзорот може да бара да се предава што сака. Но за да се сертифицира тоа предавање од лекарската комора мора предавањето да е "медицина базирана врз докази". Evidence based medicine.

Ако темата на спонзорот не ги исполнува критериумите. Тогаш не смее тоа предавање да биде сертифицирано од комората и да носи поени а со тоа да се води како: "континуирана едукација"
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.830
Поени од реакции
35.223

...арно све е тоа, ама кои се во управната структура на Лекарска комора и кој е критериумот на нивен избор, тие ги пропуштаат докторите кои требаат да полагат стручен испит за добивање Лиценца, а кои на пример специјализирале во странство без да ја нострифицираат дипломата, а не пак ќе се замарат со предавањата, доволно да се соберат парите како котизација доколку се доделува бодови за предавањето како продолжена едукација за покасно да се релиценцира дипломата, другото све се тера, дива лига!
 
Во која држава може да се специјализира без диплома?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.830
Поени од реакции
35.223
Во која држава може да се специјализира без диплома?
...Министерството за здравство не располага со податоци колку од лекарите кои нострифицирале диплома за специјализација, ниту колку лекари нострифицирале или не диплома за завршен Медицински факултет а се вработени во МКД јавните здравствени установи, важно сите имаат Лиценца за работа добиена од Лекарска комора на МКД, инаку такви податоци нема ниту Министерството за финансии што ги даваат средствата за тие специјалисти кои специјализирале или завршиле Медицински факултет во други држави, а работаат во нашите јавни здравствени установи.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.535
Поени од реакции
21.261
Овој Докиќ каде и да има тема за пулмологија он е таму да ги фали лековите на фармацевстка куќа која го оддржува настанот како најдобри. Се погоди да присуствувам лани на неколку (различни) предавања баш поврзани со астма и хобб во краток период и братот три пати кажуваше како лекот на моменталната фирма бил најдобар во нивните тестирања во клиника.
 
Јас да сум таму ќе му поставам 13355445432 прашања во врска со лекот и неговото место во актуелните препораки за терапија :)
 
Имаше ситуација пред скоро време на конгрес, кардиолог зборуваше како се и сешто пробале со секакви дози но тензијата на пациентот никако не се снижила па на крај го искористиле лекот на спонзорот на настанот (и тоа минимална доза) и од наредниот ден имало ефект. Една колешка му поставува прашање што верувам сите го имавме наум - зошто му дале минимална доза од Х кога со други аналогни лекови оделе на максимална доза без никаков ефект и тука се збуни, не знаеше добро да објасни зошто направиле така.

Ако се сеќавам точно кажа дека давале валсартан 320mg (во комбинација со други лекови) но по две седмици без одговор го замениле со 20mg олмесартан и наредниот ден почнал да паѓа притисокот.
 
Добро како не им е срам замениле валсартан со олмесартан и тоа да го тврдат како вистина? Цццц.
Требало да го прашате "кардиологот-експерт" врз основа на кој патофизиолошко-фармаколошки механизам се случила еуреката?

Го извадиле сончогледовото уље и ставиле масло за јадење хахаха
 
Член од
9 август 2014
Мислења
446
Поени од реакции
1.227
Имаше ситуација пред скоро време на конгрес, кардиолог зборуваше како се и сешто пробале со секакви дози но тензијата на пациентот никако не се снижила па на крај го искористиле лекот на спонзорот на настанот (и тоа минимална доза) и од наредниот ден имало ефект. Една колешка му поставува прашање што верувам сите го имавме наум - зошто му дале минимална доза од Х кога со други аналогни лекови оделе на максимална доза без никаков ефект и тука се збуни, не знаеше добро да објасни зошто направиле така.

Ако се сеќавам точно кажа дека давале валсартан 320mg (во комбинација со други лекови) но по две седмици без одговор го замениле со 20mg олмесартан и наредниот ден почнал да паѓа притисокот.
Кардиологот да не беше случајно Бакрачевски од Охрид? :DБуквално е истиот шаблон на секое предавање/конгрес. Пациент кој не реагира на старата терапија, одеднаш му даваат нов лек и магично проблемот се решава. Уште за време на студирање увидов колку слаби кадри има меѓу професорите на медицински, кога не знаеја да одоговорат на ниту едно прашање надвор од она што беше во презентацијата. Фрапантно било како професори не знаеле дека кортиокостероиди може да дадат хирсутизам или пак дека се користи калциум глуконат против хиперкалиемија(дотичната не ни знаеше што е калциум глуконат). Ова се само неколку примери, а имало многу повеќе и тоа од еминентни професори што ги сметаат кремот на медицински. И да, за медицинскиот во Скопје зборувам.
Автоматски споено мислење:

Овој Докиќ каде и да има тема за пулмологија он е таму да ги фали лековите на фармацевстка куќа која го оддржува настанот како најдобри. Се погоди да присуствувам лани на неколку (различни) предавања баш поврзани со астма и хобб во краток период и братот три пати кажуваше како лекот на моменталната фирма бил најдобар во нивните тестирања во клиника.
Човекот промовира Натура терапи по реклами. Се е кажано со тоа...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.830
Поени од реакции
35.223
...статистика од некое време кога се правело споредби за подобра ефикасност:

*ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство Скопје
164 кревети, 75 лекари, 159 сестри, односно 101 број на пациенти по лекар и 47 број на пациенти по сестра
број на случаеви според ДСГ 7558, поени кревет 38,96, поени по доктор 85,2, поени по сестра 40,19.

*ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство Чаир
140 кревети, 37 лекари, 77 сестри, 95 пациенти по лекар, 45 пациенти по сестра, случаеви о ДСГ 3519, 17,07 поени по кревет, 64,59 поени по доктор, 31,04 поени по сестра.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.535
Поени од реакции
21.261
Кардиологот да не беше случајно Бакрачевски од Охрид? :DБуквално е истиот шаблон на секое предавање/конгрес. Пациент кој не реагира на старата терапија, одеднаш му даваат нов лек и магично проблемот се решава. Уште за време на студирање увидов колку слаби кадри има меѓу професорите на медицински, кога не знаеја да одоговорат на ниту едно прашање надвор од она што беше во презентацијата. Фрапантно било како професори не знаеле дека кортиокостероиди може да дадат хирсутизам или пак дека се користи калциум глуконат против хиперкалиемија(дотичната не ни знаеше што е калциум глуконат). Ова се само неколку примери, а имало многу повеќе и тоа од еминентни професори што ги сметаат кремот на медицински. И да, за медицинскиот во Скопје зборувам.
Автоматски споено мислење:

Човекот промовира Натура терапи по реклами. Се е кажано со тоа...
Да, тој беше. :ROFLMAO:

Без наслов.png
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.830
Поени од реакции
35.223
... ова веќе излезе од контрола, нема шала со здравството, а на социјални мрежи нема никаква цензура или одговорност за злоупотреба на лични податоци на наш познат кардиолог и го злоуотребувааат неговото име и професионалност за комерцијална продажба на таму растителна мешавина од кобајаги (валеријана, глог, зелено кафе, хмељ, оригано, коњско опавче), па одозгора ознака на Баер бренд? :facepalm:

„Скопје,10.04.2024.Иницијатор за гореспоменатата одлука беше д-р Сашко Кедев, кој ги повика надлежните да преземат мерки поради фактот што ефективни лекови не се достапни за мнозинството граѓани на нашата земја “
...самата фотографија е фотошопирана од предавањето со логото на СЗО, текстот нема никаква тежина кога се однесува за растителен чај, во едно се отвара „онлајн контакт“ ѓоамити со д-р Кедев,

Screenshot 04-29-2024 16.38.46.png

(не знам зашто само стажот е на бугарски јазик).

Screenshot 04-29-2024 16.39.19.png

за да конверзацијата заврши со препорака што треба да се примени!
...па потоа следат коментари од луѓето,

(презимето им завршува на -ова, -ов), за да д-р Кедев употреби збор „Богохулно“ :facepalm: , како бе може вака да се хејта и злоупотребува еден академик, каде е држават за цензура?

Screenshot 04-29-2024 16.42.47.png Screenshot 04-29-2024 16.44.30.png Screenshot 04-29-2024 16.46.24.png
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom