Kadaif
M.D.
- Член од
- 21 јануари 2008
- Мислења
- 7.921
- Поени од реакции
- 10.220
Види, спонзорот може да бара да се предава што сака. Но за да се сертифицира тоа предавање од лекарската комора мора предавањето да е "медицина базирана врз докази". Evidence based medicine....сите тие предавања се спонзорирани, како ќе му речат така ќе се предава, спонзорот што преферира и фаворизира така ќе му нареди на предавачот, дури и прашањата од слушателите се планирани, не можеш ти да прашаш што сакаш, ако однапред не им кажеш што те интересира и ако е одобрено да се праша.
...и ако со нешто не се сложуваш не ти дават збор никако за дебатирање, како би се рекло ,,наместени" предавања.
Ако темата на спонзорот не ги исполнува критериумите. Тогаш не смее тоа предавање да биде сертифицирано од комората и да носи поени а со тоа да се води како: "континуирана едукација"


Буквално е истиот шаблон на секое предавање/конгрес. Пациент кој не реагира на старата терапија, одеднаш му даваат нов лек и магично проблемот се решава. Уште за време на студирање увидов колку слаби кадри има меѓу професорите на медицински, кога не знаеја да одоговорат на ниту едно прашање надвор од она што беше во презентацијата. Фрапантно било како професори не знаеле дека кортиокостероиди може да дадат хирсутизам или пак дека се користи калциум глуконат против хиперкалиемија(дотичната не ни знаеше што е калциум глуконат). Ова се само неколку примери, а имало многу повеќе и тоа од еминентни професори што ги сметаат кремот на медицински. И да, за медицинскиот во Скопје зборувам.





